Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ти е од корист, сите ти се сојузници, и протестанти (креационизмот е нивно дело) па и муслимани како во случајов..

Она што е вистинито, вистинито е...

Лично, а ниту Црквата, нема(ат) потреба од сојузници, оти вистината ионака е во Црквата а не надвор од неа.
--- надополнето: 30 август 2013 во 12:12 ---
Авторов на книжулево на лаги, Аднан Октар (познат под псевдонимот Харун Јахи или Harun Yahya) е исламски креационист. /quote]
--- надополнето: 30 август 2013 во 12:13 ---

Аааааа, авторот бил муслиман, велиш?...
А да беше авторот будист, тогаш и нему ќе му најдеше маана, оти бил будист?...:confused:
Ако не можеш по коњот, удри по самарот.

Креационизмот нема никакви методи освен анти-еволуционизам.

Напротив, има и други методи, ама и тија не ќе Ти се по мерак...
--- надополнето: 30 август 2013 во 12:14 ---
Дај да видиме твојата МПЦ што има напишано.

Мојата МПЦ го вели она кое го вели „..едната, Света, соборна и Апостолска Црква...„; ништо помалце и ништо појќе.
--- надополнето: 30 август 2013 во 12:16 ---
Нели не се сложуваш со протестантиве а поголем протестант си и од нив. А по малку и на муслиман личиш (во ставовите де).

Креационизмот НЕ Е протестанска излислица, а креацинизмот, во делот од истражувањата, потполно ја побива еволуцијата. А тоа, во што и како веруваат протестантите, не е мој а ниту црковен проблем, туку само нивен.
--- надополнето: 30 август 2013 во 12:20 ---
А по малку и на муслиман личиш (во ставовите де).

....o_O....
 
Еве мало материјалче за оние кои сметаат дека еволуцијата е „...100% докажана...„

Еве ти, MIKI1, наместо едно материјалче, една огромна библиотека со повеќе од 800 материјалишта, што детално објаснуваат зошто Аднан е неинформиран дебил.

http://www.pbs.org/wgbh/evolution/library/

Како за паралела, еве ти и едно материјалче што вика дека со земјта владеат рептили и дека не' снемало пред две години, пошто од планетата X ни се набациле Анунаките и матер ни ебале. Преклани.

http://thelightofdayradioshow.com/PlanetX_Files/Dead-Astronomers-Report-vol-1.pdf
 
Она што е вистинито, вистинито е...

Лично, а ниту Црквата, нема(ат) потреба од сојузници, оти вистината ионака е во Црквата а не надвор од неа.
Сакал или не форумов е јавен. Кога имаш потреба од сојузници и во црниот ѓавол ги бараш (едно време беше опседнат со адвентистон Петровиќ

Ако вистината е во црквата, тогаш што бара тогаш вистина надвор од неа во анти-еволуционистички квази науки.
Аааааа, авторот бил муслиман, велиш?...
А да беше авторот будист, тогаш и нему ќе му најдеше маана, оти бил будист?...:confused:
Ако не можеш по коњот, удри по самарот.
Не Мики ти (и скоро сите верници) цело време маваш по самарот. Не можејќи да го докажете она што никој не успеал да докаже, упорно мавате по еволуцијата (самарот). И да се докаже ако има некој таков, дека еволуцијата во некој дел е погрешна тоа не докажува дека бог постои.

Воопшто немаше да имам против ако беше некој будист (очигледно не ја знаеш нивнта космологија) ни Хиндуист ни Таоист. .....
Напротив, има и други методи, ама и тија не ќе Ти се по мерак...

Де дај да ги видиме тие ѓоамити методи а кои не зборуваат контра еволуцијата а се во прилог на креационизмот.

Мојата МПЦ го вели она кое го вели „..едната, Света, соборна и Апостолска Црква...„; ништо помалце и ништо појќе.
Држ си се доп твојата една и соборна и едниствена и права и вистинита............. црква. Не задача на црквата да се бави со наука уште помалку со квази-наука.
Креационизмот НЕ Е протестанска излислица, а креацинизмот, во делот од истражувањата, потполно ја побива еволуцијата. А тоа, во што и како веруваат протестантите, не е мој а ниту црковен проблем, туку само нивен.
:pos: Твојата желба да побие не значи дека ќе стане вистина. Џо Пеши да не ти кажа дека побиле? Што тоа е побиено? Види претходно, и да е (а не е) побиено тоа не го докажува постоењето на богови, уште помалку на баш твојот бог уште помалку пак на навивачките тајфи на ГПЦ, БПЦ, РПЦ, СПЦ.....и тако даље.
 
Еве ти, MIKI1, наместо едно материјалче, една огромна библиотека со повеќе од 800 материјалишта, што детално објаснуваат зошто Аднан е неинформиран дебил.

http://www.pbs.org/wgbh/evolution/library/

Како за паралела, еве ти и едно материјалче што вика дека со земјта владеат рептили и дека не' снемало пред две години, пошто од планетата X ни се набациле Анунаките и матер ни ебале. Преклани.

http://thelightofdayradioshow.com/PlanetX_Files/Dead-Astronomers-Report-vol-1.pdf

Ako taka mu pishue u tolkuvanjata na kuranot, na doticniov gospodin, togas bez dilema e tocno.

A tocno e, bidjki taka pisuva vo kuranot.
 
Сакал или не форумов е јавен. Кога имаш потреба од сојузници и во црниот ѓавол ги бараш (едно време беше опседнат со адвентистон Петровиќ

Ако вистината е во црквата, тогаш што бара тогаш вистина надвор од неа во анти-еволуционистички квази науки.

Не Мики ти (и скоро сите верници) цело време маваш по самарот. Не можејќи да го докажете она што никој не успеал да докаже, упорно мавате по еволуцијата (самарот). И да се докаже ако има некој таков, дека еволуцијата во некој дел е погрешна тоа не докажува дека бог постои.

Воопшто немаше да имам против ако беше некој будист (очигледно не ја знаеш нивнта космологија) ни Хиндуист ни Таоист. .....

Де дај да ги видиме тие ѓоамити методи а кои не зборуваат контра еволуцијата а се во прилог на креационизмот.

Држ си се доп твојата една и соборна и едниствена и права и вистинита............. црква. Не задача на црквата да се бави со наука уште помалку со квази-наука.

:pos: Твојата желба да побие не значи дека ќе стане вистина. Џо Пеши да не ти кажа дека побиле? Што тоа е побиено? Види претходно, и да е (а не е) побиено тоа не го докажува постоењето на богови, уште помалку на баш твојот бог уште помалку пак на навивачките тајфи на ГПЦ, БПЦ, РПЦ, СПЦ.....и тако даље.

Атеист,

наместо да се замараш со мене, пиши нешто на темава...
--- надополнето: 30 август 2013 во 13:23 ---
Еве ти, MIKI1, наместо едно материјалче, една огромна библиотека со повеќе од 800 материјалишта, што детално објаснуваат зошто Аднан е неинформиран дебил.

http://www.pbs.org/wgbh/evolution/library/

Како за паралела, еве ти и едно материјалче што вика дека со земјта владеат рептили и дека не' снемало пред две години, пошто од планетата X ни се набациле Анунаките и матер ни ебале. Преклани.

http://thelightofdayradioshow.com/PlanetX_Files/Dead-Astronomers-Report-vol-1.pdf

DBack,

никаква ОГРОМНА библиотека не може да ја претвори лагата во вистина...
А за „сликиците„, ич да не прајме муабет.
 
Атеист,

наместо да се замараш со мене, пиши нешто на темава...
Јас пишав на темата. Ти се замараше со мене. Имаш конкретни прашања, повели.
Ајде да ги видиме тие аргументи, а и што има МПЦ пишано.
 
Јас пишав на темата.

Освен својот бесконечен скептицизам, немаш ништо друго напишано.
--- надополнето: 30 август 2013 во 13:35 ---
Ти се замараше со мене. .

Не си ласкај...
--- надополнето: 30 август 2013 во 13:37 ---
Имаш конкретни прашања, повели.
.

Ако ја прочита брошурката, сам ќе го најдеш и одговорот. Девалвацијата на авторот од брошурката на личносно на не на ниво‘ од сознанијата запишани во брошурката, не е може да Ти биде изговор за наводното немање добиен одговор.
--- надополнето: 30 август 2013 во 13:39 ---
Ајде да ги видиме тие аргументи, а и што има МПЦ пишано.

МПЦ не ја мешај...
 
Ако ја прочита брошукрата, сам ќе го најдеш и одговорот. Девалвацијата на авторот од брошурката на личносно на не на ниво‘ од сознанијата запишани во брошурката, не е може да Ти биде изговор за наводното немање добиен одговор.
Ако ти ја прочиташе брошурката ќе видеше дека е книжуле на лаги. Не спорам јас со тоа кој е авторот туку со неговиот кредибилитет и заедничкиот став со протестантскиот креационизам. Уште од самио почеток лаги. 2 страни се доволни за да видам од кај дува ветрот.
Остави ти еволуцијата. Ајде што вели креационизмот за своите докази настрана еволуцијата.

П.С. Тој што вели не си ласкај си ласка самиот себе си. ах пусти желби......

П.П.С. Ок не ја мешаме МПЦ пошто е владина институција а не Црква
 
MIKI1 дали процесот на регенерација кај одредени поедноставни животни, како и во помал степен кај некои цицачи (африкански шилести глувци) е намерно заборавен при креацијата на човекот?

Доколку човекот би можел да си ги регенерира органите, дали тоа би го донело поблиску до божјите особини, односно уште повеќе би заличел на неговиот образ, како што му доликува?

Дали според тебе, науката која се обидува да го објасни овој процес кај нижите животни, и вештачки го иницира и кај цицачите, е спротивно на Божјата вистина, или пак напротив ?

http://news.discovery.com/human/evolution/why-cant-humans-regenerate-body-parts-130823.htm
 
Donald,
човекот беше створен за вечен живот а не за смрт. На оној кој вечно живее, кон не боледува, кој не старее и кој не умира, не му е потребна способност за регенерација.

Она кое денес го имаме како сознание за било кое живо битие, тоа е само наше сознание за битијата во нивната расиплива и смртна природа, а тоа значи дека во нивната примордијална состојба и природа, сите живи битија имале поинакви атрибути од оние кои дене ги познаваме или допрва ќе ги дознаеме.

Тоа што некои пониски облици на живот имаат одредени својства, како што е регенерацијата, а тоа својство го нема и човекот, тоа не значи дека тие битија се нешто посебно, иако се пониски од човекот, ниту значи дека човекот треба да ги има или допрва треба да ги има, „благодарејќи„ на некоја наука која насила се обидува да му „накалеми„ на човекот одреден атрибут или способност, кој (атрибут) на човекот не му е даден по ниту еден основ.

Ако некое попросто битие има ваква или таква способност, тоа не е за него никаква предност во однос на човекот, оти ниту едно живо битие не е створено по „образот Божји„, освен човекот.

Поимот „образ Божји„ ги опфаќа особините кои ги има само човекот, како створено битие, а тоа се: разумот и слободната волја, кои ги немаат, а ниту ќе ги имаат останатите битија (растенијата и животните). Значи, човекот не може да се регенерира како некои животинки, исто како што некои (сите!) животинки никад нема да го имаат во себе образот Божји.

Разумот и слободната волја ги имаат само Бог, а како створен, тие особини ги има само човекот, како врв на Божјата креација.

Ангелите не ги наведувам, иако и тие се разумни и слободно волни.

П.С.

Христос не‘ повика на вечен живот во Рајот, така да навистина не ми е потребна способноста за регенерација.
 
Ок де, знаеме дека сме створени за вечен живот, згрешиле Адам и Ева, и еве сме тука 21 век со смртна природа.

Сега со помош на разумот и слободната волја, двете најголеми дарби од Бога, се трудиме да ја корегираме грешката на Адам и Ева, и да се потрудиме да си ја олесниме казната. Науката ни помага во тоа, преку медицината. Барем се труди на некој начин.

Црвениот болд е интересен. Смртна и расиплива природа, велиш. Таква е и нашата. Ние се труидме да ја направиме помалку расипливе, и што покасно да дојде фаталниот момент. Ваљда не е тоа грев???

Дали знаеш дека јастогот е најблаго кажано имортал? Значи не умира од старост, туку само ако стане плен нечиј.

Зошто да хомосапиенсот со својот разум, да не се потруди да го разоткрие тој феномен, и ако успее да го искористи во своја полза? Каде тука би се противел на божјата волја?

Плавиот болд - од каде знаеш дека не му е даден по ниту еден основ? Дали можеби му е земен, по некој основ?
Зошто велиш дека науката насила се обидува да наметне атрибут?
Насила неможе да ти даде, може да ти земе.

Велиш човекот е врв на божјата креација. Ангелите се под или над нас, на скалата на творенија на Бог?
 
Грев е!

Еве зашто!
Медицината има своја природна улога и граница на делување, која пред се‘ се однесува на лекувањето на расипливата човекова природа-тоа во Црквата е неспорно!

Но, она кое медицината, во нејзината неприродна состојба сака да го постигне, тоа е нејзиното мешање во волјата и промислата Божја: медицината западна „во црвена зона„ до таа мерка, што самата медицина ја превзема улогата на бог во овој Свет, па така, медицината се напиња да стори нови човекови генерации без наследни болести (!!!) или во најопитимстички случај, медицината се напиња да ја постигне човековата бесмртност, и тоа не било каде, туку токму во овој отпаднат Свет и тоа не за било кого, туку за грешното човееково битие!

Ако медицината (тука ги исклучувам поединците на кои совеста се‘уште им „работи„!), сака да постигне „совршен„ и „бесмртен„ човек, па добро, Христос за што дојде и за што пострада!???
--- надополнето: 30 август 2013 во 14:37 ---
Дали знаеш дека јастогот е најблаго кажано имортал? Значи не умира од старост, туку само ако стане плен нечиј.

По оваа логика, и секој еднокелиски организам не умира, туку може бесконечно да се реплицира, нели?..
--- надополнето: 30 август 2013 во 14:38 ---
Зошто да хомосапиенсот со својот разум, да не се потруди да го разоткрие тој феномен, и ако успее да го искористи во своја полза? Каде тука би се противел на божјата волја?

Види го првиот пост...
--- надополнето: 30 август 2013 во 14:41 ---
Плавиот болд - од каде знаеш дека не му е даден по ниту еден основ? Дали можеби му е земен, по некој основ?
Зошто велиш дека науката насила се обидува да наметне атрибут?
Насила неможе да ти даде, може да ти земе.

Човекот е ограничено битие и Црквата знае за човекот речиси се‘, односно се‘ што е потребно за наше спасение а не за „удирање занес„.

Науката, т.е. дел од нив, а во спрега со „сивата еминенција„, насилно, преку законски обврски, наметнува се‘ и се‘што, ако што е лагата или како што е непотребното користење штетни нешта.
--- надополнето: 30 август 2013 во 14:43 ---
Велиш човекот е врв на божјата креација. Ангелите се под или над нас, на скалата на творенија на Бог?

Како што вели Црквата: човекот е „..нешто понизок...„ од ангелите, но ангелите пак, ја немаат човековата материјална компонента кај себе и не можат да уживаат во материјалните убавини од створениов Свет.
 
Не им ни требе да „уживаат“ во материалните добра.Тоа само на човека му е потребно.
И леб не јадат, грешка е чорбаџијата...
 
Тоа ми беше намерата: да укажам дека Ангелите немаат материјални тела, оти за нив Бог промислил посебна улога во Светов.

А леб сигурно не јадат...:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom