Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
MIKI1 очигледно е бесцелно да ја дискутираме таканаречената црвена граница на медецината, и што е пожелни и подобро за човекот, бидејќи се дискутира од две дијаметрално спротивни појдовни точки.

Иако и двата пристапа, ако подобро се размисли, не ја реметат Божјата промисла и волја, со нивната крајна цел. Различен е методот.

Велиш Исус зашто дошол? Јас би ти рекол за да го заврши тоа за што бил предодреден.

Дошол, видел, победил (за некого и изгубил, во зависност како ги гледа работите).

Понудил начин, пат, метод како човекот да биде просветлен, односно да својата духовна состојба ја крене едно ниво погоре, од тоа што бил претходно.
Дали успеал или не, ќе пресуди секој сам.

Дали сметаш дека секој верник во 21 век, е на вистинскиот пат да го постигне она што ти го велиш, а тоа е вечен живот после смртта?
Согласно тоа, дали секој атеист е тотално вон патот за да го постигне тоа?
И кои се твоите аргументи за одговорот.

Gurdjieff можеш и ти на ова да одговориш.

П.с. Зарем единствената предност на ангелите е нивната висина :eek:
 
никаква ОГРОМНА библиотека не може да ја претвори лагата во вистина...

Мики, бре, само огромна библиотека во соработка со рационална критичка мисла може да ја посочи лагата. Све друго е мижи-асан-да-ти-баам-жими-мајка-не-те-лажам.

Еве ти еден извонреден цитат за глупоста на „светото“ писмо:

"Back when the Bible was written, then edited, then rewritten, then rewritten, then re-edited, then translated from dead languages, then re-translated, then edited, then rewritten, then given to kings for them to take their favorite parts, then rewritten, then re-rewritten, then translated again, then given to the pope for him to approve, then rewritten, then edited again, the re-re-re-re-rewritten again...all based on stories that were told orally 30 to 90 years AFTER they happened.. to people who didn't know how to write... so..." -David Cross

За секој случај, преводот на цитатот:

Откога Библијата била напишана, па редактирана, па препишана, потоа препишана, па ре-редактирана, потоа преведена од мртви јазици, па повторно препреведена, потоа редактирана, па препишана, па дадена на кралевите за да си ги одберат омилените делови, па потоа уште еднаш препишана, па пак препишана, потоа повторно преведена, па дадена на Папата да ја одобри, потоа препишана, па уште еднаш редактирана, уште еднаш пре-пре-пре-пре-препишана... врз основа на приказни кои биле усно прераскажувани на неписмени луѓе 30-90 години ОТКОГА се случиле... денес еве...“
Дејвид Крос
 
Дали сметаш дека секој верник во 21 век, е на вистинскиот пат да го постигне она што ти го велиш, а тоа е вечен живот после смртта?
Согласно тоа, дали секој атеист е тотално вон патот за да го постигне тоа?
И кои се твоите аргументи за одговорот.

Gurdjieff можеш и ти на ова да одговориш.

Не, бесмртноста не е за сите верници. Само малку луге го постигнале тоа...
Требе да го знаеш начинот на кој тоа се постигнува...
Некогаш кога ќе имам време ке објаснам поопширно....

Атеистите се „мртви“, (по мое кажано „заспани“), и за време на животот, прво требе да се „разбудат“.
 
Не, бесмртноста не за сите верници. Само малку луге го постигнале тоа...
Требе да го знаеш начинот на кој тоа се постигнува...
Некогаш кога ќе имам време ке објаснам поопширно....

Атеистите се „мртви“, (по мое кажано „заспани“), и за време на животот, прво требе да се „разбудат“.

Мошне интересен став.

Штотуку ги израмни верниците (оние многумината) и атеистите, во поглед на прашањето за вечен живот.

Џабе се обидуваат верниците цел живот, исто ќе завршат ко атеистите.

На кој начин верникот кој не го нашол начинот според тебе, се разликува од заспаниот атеист во овој живот?
 
Верникот го направил првиот чекор кон целта.И најдолгиот пат започнува со првиот чекор
Ако си заспан...тапкаш во место, не се движиш.
 
Мики, бре, само огромна библиотека во соработка со рационална критичка мисла може да ја посочи лагата. Све друго е мижи-асан-да-ти-баам-жими-мајка-не-те-лажам.

Еве ти еден извонреден цитат за глупоста на „светото“ писмо:

"Back when the Bible was written, then edited, then rewritten, then rewritten, then re-edited, then translated from dead languages, then re-translated, then edited, then rewritten, then given to kings for them to take their favorite parts, then rewritten, then re-rewritten, then translated again, then given to the pope for him to approve, then rewritten, then edited again, the re-re-re-re-rewritten again...all based on stories that were told orally 30 to 90 years AFTER they happened.. to people who didn't know how to write... so..." -David Cross

За секој случај, преводот на цитатот:

Откога Библијата била напишана, па редактирана, па препишана, потоа препишана, па ре-редактирана, потоа преведена од мртви јазици, па повторно препреведена, потоа редактирана, па препишана, па дадена на кралевите за да си ги одберат омилените делови, па потоа уште еднаш препишана, па пак препишана, потоа повторно преведена, па дадена на Папата да ја одобри, потоа препишана, па уште еднаш редактирана, уште еднаш пре-пре-пре-пре-препишана... врз основа на приказни кои биле усно прераскажувани на неписмени луѓе 30-90 години ОТКОГА се случиле... денес еве...“
Дејвид Крос

DBack,

лагата може да стане вистина само вербално, не и реално...

Лагата секогаш си останува лага, а очигледно е дека се‘уште има фаци, чиј број се намножува барем по геометриска прогресија, кои напросто УЖИВААТ во лагата...
--- надополнето: 30 август 2013 во 15:44 ---
MIKI1 очигледно е бесцелно да ја дискутираме таканаречената црвена граница на медецината, и што е пожелни и подобро за човекот, бидејќи се дискутира од две дијаметрално спротивни појдовни точки.

Donald,

до некаде, ама само „до некаде„ имам разбирање за Твојава наклонетост и речиси неограничена доверба во медицината, но никако не разбирам зашто се инаетиш и на поинаков вид вистина од онаа „официјалната„.

Пред некое време, самиот рече дека секој е расположен да се откаже од своето мнение заради незнам која „хуманистичка„ идеја а токму Ти си тој кој се инаети и не прифаќа и поинаков вид вистини.
 
DBack,

лагата може да стане вистина само вербално, не и реално...

Лагата секогаш си останува лага, а очигледно е дека се‘уште има фаци, чиј број се намножува барем по геометриска прогресија, кои напросто УЖИВААТ во лагата...

Има некои кои за скромна сума се резилат по форуми и ја пропагираат лагата, ко ти и Чорба, да речеме...

;)
 
Дали сметаш дека секој верник во 21 век, е на вистинскиот пат да го постигне она што ти го велиш, а тоа е вечен живот после смртта?
Согласно тоа, дали секој атеист е тотално вон патот за да го постигне тоа?
И кои се твоите аргументи за одговорот.

1. „Секој верник„ е прешироко поле за спасение...
2. Кој поверувал во Бога и решил да Го следи, има одредена можност/веројатност за влез во Рајот.
3. Да, секој атеист е вон патот Божји и вон патот од спасението.
4. Аргументот е едноставен: Христос дојде, не‘ повика на спасение, а тоа спасение може да се случи само во закрилата од Црквата, која сам Христос ја создаде, во содејство со Духот Свет. Надвор од Црквата, нема спасение. Ако некој поединец или колектив/племе/народ не дојдат до гласот од евангелието, имаат само теоретска можност за спасение. Кој барем слушнал за Христа и за Црквата Христова а останал рамнодушен и својот живот го поминал во своеглавост, таквиот поединец или колектив сам/и си ја припишал/е казната.
 
Donald,

до некаде, ама само „до некаде„ имам разбирање за Твојава наклонетост и речиси неограничена доверба во медицината, но никако не разбирам зашто се инаетиш и на поинаков вид вистина од онаа „официјалната„.

Пред некое време, самиот рече дека секој е расположен да се откаже од своето мнение заради незнам која „хуманистичка„ идеја а токму Ти си тој кој се инаети и не прифаќа и поинаков вид вистини.

За која тоа вистина поинаква се инаетам?

Јас сум против твојот став, а воедно и на црквата за црвената граница на медицината.

Па побогу зарем да се спречи напредок, во корист на човештвото, поради тоа што некои луѓе од себе познати причини заклучиле дека, некои нешта се против нечија волја?

Болдот не го разбрав, извини. Како мислиш расположен да се откаже од своето мнение, за хуманистичка у наводници идеја?
 
Има некои кои за скромна сума се резилат по форуми и ја пропагираат лагата, ко ти и Чорба, да речеме...

;)

Да не се вреѓаме: јас сум добро платен...:D
--- надополнето: 30 август 2013 во 15:52 ---
Јас сум против твојот став, а воедно и на црквата за црвената граница на медицината.

Ти благодарам на одговорот: штотуку ми ја потврди мислата.
--- надополнето: 30 август 2013 во 15:53 ---
Па побогу зарем да се спречи напредок, во корист на човештвото, поради тоа што некои луѓе од себе познати причини заклучиле дека, некои нешта се против нечија волја?

Црковниот напредок и овосветовниот напредок, се два дијаметрално спротивни поими.
 
Лагата секогаш си останува лага, а очигледно е дека се‘уште има фаци, чиј број се намножува барем по геометриска прогресија, кои напросто УЖИВААТ во лагата...

Тука потполно се согласуваме.

Очигледно е дека сеуште има фаци кои УЖИВААТ во лагата, па очигледните манипулации за кои и самите се свесни дека се направени (случајот погоре, со катаљон наменски редактирања на „светото“ писмо) претпочитаат да ги игнорираат за да можат да си проживотарат во патетичната зона на комфор во која се чувствуваат помалку одговорни за неуспехот во единствената шанса за живот која ја добиле со своето раѓање.

Има пар концепти кои секој кој сака да се нарекува современо свесно битие задолжително мора да ги прочита и сфати:

1. Зона на комфор и
2. Локус на контрола.

Ако овие две нешта не ти се јасни има да те стрижи кој стигне. Еве, ко власта овие години... или ко црквите минативе милениуми.
 
Болдот не го разбрав, извини. Како мислиш расположен да се откаже од своето мнение, за хуманистичка у наводници идеја?

Тоа е Твој став, изразен во Твој пост од пред 10-тина денови, ме мрзи да го барам по темиве, кога пишував за на битните разлики меѓу православното, своеглавото и протестантското поимање на рисјнската вера.
--- надополнето: 30 август 2013 во 16:04 ---
Па што се меша тогаш црквата во овосветовниот напредок?

Еве што вели еден атест (Ерих Фром):„...Во нашево време, секое натрупување на нештата се нарекува „напредок„ (!!!).

Црквата не е апстрактен поим, кој виси во воздух, туку тоа е заедница од реални личности, кои живеат реален живот во Светов и кои (личности) се реално засегнати од секој овосветовен процес, како што е овосветовниот „напредок„; Ако членовите од Црквата си го арчат животот, трчајќи по „напредокот„, таквите членови стануваат слуги на двајца господари: едниот Е Бог, а другиот е Мамон. Е па не може да им слугуваме на двајцата, оти едниот (господар) ќе не‘ засака другиот (господар) ќе не‘ намрази.

Не можам да верувам а истовремено да си терам овосветовен комодитет!

Во Црквата, напредувањето е духовно и напредуваме кон Христа Бога а не кон „најновиот„ модел од „ај под„ или „ај фон„.
--- надополнето: 30 август 2013 во 16:05 ---

Простено Ти е, чедо...
--- надополнето: 30 август 2013 во 16:08 ---
Тука потполно се согласуваме.

Очигледно е дека сеуште има фаци кои УЖИВААТ во лагата, па очигледните манипулации за кои и самите се свесни дека се направени (случајот погоре, со катаљон наменски редактирања на „светото“ писмо) претпочитаат да ги игнорираат за да можат да си проживотарат во патетичната зона на комфор во која се чувствуваат помалку одговорни за неуспехот во единствената шанса за живот која ја добиле со своето раѓање.

Има пар концепти кои секој кој сака да се нарекува современо свесно битие задолжително мора да ги прочита и сфати:

1. Зона на комфор и
2. Локус на контрола.

Ако овие две нешта не ти се јасни има да те стрижи кој стигне. Еве, ко власта овие години... или ко црквите минативе милениуми.

DBack,

ај жив Ти леб, како Ти лично оставуваш отпорен на овие или оние влијанија? Или по линија на помал отпор, се приклонуваш кон она кое ќе Ти го одреди личниот есап, во даден момент или период?
--- надополнето: 30 август 2013 во 16:09 ---
Тука потполно се согласуваме.
.

Немогуќе!...:eek:
 
Не, бесмртноста не е за сите верници. Само малку луге го постигнале тоа...
Требе да го знаеш начинот на кој тоа се постигнува...
Некогаш кога ќе имам време ке објаснам поопширно....

Атеистите се „мртви“, (по мое кажано „заспани“), и за време на животот, прво требе да се „разбудат“.

Има само еден начин да се постигне бесмртност иако фигуративно, а тоа е да оставиш нешто поради кое ке те памтат следните генерации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom