Зашто викате дека премногу рано дошол судирот на Хенк и Волт, и тоа „уште во прва епизода“. Не е ова прва епизода момци, девета е оваа а има уште седум до крајот. РЕДНО БЕШЕ веќе.
Сеа (пак) ќе ми се нафрлите дека врска неам, ама дејствово досега се движеше речиси праволиниски. Волт е ко Сон Џоку, оди од полесен на потежок противник и ги победува сите, станувајќи се полуд и полуд, минувајќи граница по граница. (Видиш има примеси и на Калиси овде.

)
Очекувам да спукаат некој мајндфакинг твист наредниве епизода-две, Хајзенберг конечно малку да наебе, па овие секвенци „од иднината“, односно таа приказна и дејствие да ги работат во последните три епизоди.
Хенк уште ме нервира. И сеа немаше ништо да се деси доколку Волт не се вратеше и го „запраша“ за уредот за следење. Сеуште немаше муда сам да му се спротистави на Волт, ако овој не го рчнеше.
Но, шоуто може да извади и голема мааана благодарение на фантастичната глума. Исто, споредните мадафакинг ликови како Баџер (иако не сум фан на Стартрек тракатанците и ништо не разбрав од тоа), Туко Саламанка, братучедите, динг-динг, Сол итн. му даваат дополнителен шмек.