Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Дали треба овие некое женско да ги постави? Небитно, интересна ми беше сликата

BRgc9MWCUAAZ9BQ.png:large
 
Волт отиде скроз, тотално веќе не му е грижа за никого, спремен е да премине преку све само за да опстане, лаги, играње на емоции, искористување.....незнам само зошто сеуште го викам Волт? лол!

10/10!
 
Skyler e badass.....Jessie e novata Skyler.....ne mi se veruvase deka ke dojde do vakov moment
 
Само мене ми се чини дека Хенк некако премногу смирено се соочи со Волт? :)
 
Само мене ми се чини дека Хенк некако премногу смирено се соочи со Волт? :)

Уништен е од сознанието и уште не знае што да прави. Цело време човекот кој го бара му бил под нос, па дури и го зема со себе да истражува места. Хенк е уште збунет и му е заебана ептен ситуацијата, нешто што може да се види баш во оваа фаца. Одличен актер!


JIuC5eF.jpg
 
Прв пат во оваа сцена ја забележав бојата на очите на Френк
 
Хенк на почеткот на серијата ми делуваше, а и самиот автор веројатно не наведуваше на тоа како на глупав, комичен лик ставен за да дава ведрина и хумор во серијата. Се покажа дека е многу повеќе од тоа, стана интегрален лик. И далеку е од глупав како што можеби изгледа.
 
Хенк на почеткот на серијата ми делуваше, а и самиот автор веројатно не наведуваше на тоа како на глупав, комичен лик ставен за да дава ведрина и хумор во серијата. Се покажа дека е многу повеќе од тоа, стана интегрален лик. И далеку е од глупав како што можеби изгледа.


Шо знам, јас секад тој хумор и ведрина кај Хенк сум го гледал како параван за неговата несигурност и еден вид на одбрана од другите за тоа каков е тој всушност. Прв пат можевме да го видиме тоа кога се соочи со мексиканските картели и бомбата на желката со главата на Тортуга, кога тотално се изгуби кога прв пат се соочи со сериозен предизвик, бидејќи пред тоа фаќаше само ситни дилери и „готвачи“ по дома. Втор пат беше кога заврши во инвалидска количка и се чувствуваше буквално некорисен, по што почна да собира камења...минерали де. Ова е сериозниот трет пат кога Хенк повторно е соочен со ситуација која не може да ја контролира и не знае што да направи. Хенк е многу комплексен лик. Затоа ја сакам серијава!
 
Многу ме интересира зошто ризикуваше за да го земе отровот од куќата.

За излез од безизлезна ситуација, самоубиство. Така верувам дека ќе заврши Хајзенберг
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom