Многу лошо и загрижувачки е што полека бунтовниците иако имаат сериозни загуби, сепак војната ја прават и се обидуваат да ја претворат во секташка/племенска и ако успеат во тоа-нема да има враќање назад.
Претходноспомнатите бунтовнички елитно обучувани сили со тешко вооруѓување(противоклопно) како и способност за дејство против воздух се веќе во Сирија.
--- надополнето: 13 август 2013 во 01:22 ---
Русите убаво кажаа...во ситуацијава Западот се однесува ко слон во продавница за порцелан. Ќе влезат во тие земји, све ќе искршат и не знаат што потоа.
Ма каков запад ова е масло на КСА поддржано најмногу од Турција која како НАТО членка е под закана од Иран и секако Сирија(каква што беше пред конфликтот), при евентуален распад и отцепување на Курдите па и на сунитите пак Сауди Арабија и Турција најмногу ќарат бидејќи Иран губи многу важен сојузник а колку е послаб Иран толку подобро за КСА, Катар,Бахреин па дури и за Јордан(каде моментално има база со американски специјалци спремни да удрат на ракетните постројки со pinpoint прецизност, нешто слично налик изненадувањето кое им го приредија на талибанците.
--- надополнето: 13 август 2013 во 01:28 ---
Од друга страна пак кога ќе размислам,ова е поволна прилика за земјава да се исчисти од радикалните исламски структури распослани низ земјава,но сето тоа ќе биде на краток рок бидејќи КСА нема да престане да го финансира ширум Балканот исламскиот тероризам а со тоа своето влијание и интереси.
Не би рекол, штом има над 300-400 тогаш рачунај дека има уште толку спремни да одат, па не за џабе им пуштаа снимки по џамиите низ Скопје додека МВР велеа дека будно ги следат настаните.
Инаку освен Имамот кој се борел во сите војни од босна наваму на балканот, останатите загинати нашинци се од Западна европа т.е таму живееле и најверојатно така и се поврзале со другиве од тука.
Во секој случај кога ќе се вратат-а ќе се вратат неколку верувајте ми нема да ги учат нивните деца на добро, ниту нивните роднини и блиски.