Football Manager 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Како и да е, најголем проблем со Челси е тоа што многу лесно одат во минус. Трошоците се поголеми од приходите, месечно губев и по 12-13 милиони евра, па на крај балансот ми е -80/90. Среќа што освојував ЛШ и ПЛ, па со тоа надокнадував. Затоа, само од трансферите, во последниве две сезони, направив профит од 100-110 милиони, а тимот не изгуби на квалитет. Сега едвај ја чекам новата, Лампард Арена, која ќе собира 58 илјади. :D

И јас малку се заебав со трошоците со Рома :D Секој играч што го имам купено е на рати и има некој бонуси/клаузули ни јас самиот не знам повеќе :pos: Затоа сега се обидувам да ги купувам играчиве кеш ова лето само 1 купив на рати.

Иначе сум 3та сезона минатата освоив Серија А и Куп на Италија а во ЛШ испаднав од Ман Утд во 1/4 финале. 1вата сезона бев финале во купот а Серија А бев 2 позади Аталанта :facepalm:. Сега третава сезона имам страшен тим за Серија А, Миланскиве екипи веќе 3 сезони се дупка а единствен против кандидат ми е Јуве. Можно е сезонава и Наполи да влета во трка за првите 3 позиции бидејки имаат солиден тим а сега и солиден трењер-Блан. Имам одлични регени на кои полека полека им давам шанса да се покажат а останатите ги праќам на позајмици да стекнат искуство. Оваа беше последна сезона каде што купувам играчи 22 години + од следната сезона носам само младинци па ќе биде весело :D
 
Не се проблем само ратите, туку тоа што трошам 2,8 милиони евра неделно само на плати, а приходите од стадионот не ми стигаат. На крај се покривам со prize money плус парите од ТВ правата. Мада и Роман дава cash injection за да се покрие минусот. А да, моментално имам 200 милиони евра трансфер буџет и не знам што да им правам. За јануари 2017 го договорив Crisetig за 13.5м од Сампдорија, ваљда не се зезнав. И така планирам Фелаини да го продавам, многу плата зима. :D

Иначе, на играва миланските екипи се катастрофа. Интер да го немаа Лонго во 2015/16 ќе испаднеа мислам. Моментално се 14ти, а Милан 17ти. Јуве си освојува секоја сезона без проблем. Во Шпанско Барса и Реал се бркаат до последно коло, мада Каталонците ги имаат Нејмар, Меси, Суарез, Оскар..
 
Нека ми каже некој што играл со Лацио дали тоа копилето Лотито го продава клубот.. Ептен скржав човек бе маме му ебам, не ми дозволува да запослам повеќе физиотерапевти и фитнес тренери, по 3 имам само. Не дај боже да го прашам да ми покачи трансфер буџет може од работа ќе ме избрка маме му ебам..

Не знам дали ако финансиски го унаказам тимот па дури тогаш да се реши да го продаде..
 
Сите овие помали клубови најчесто имаат смена на сопственик штом ќе почнат да бележат успеси. Клубот станува популарен и мета на разни бизнисмени, кога - тогаш ќе биде продаден.
 
http://prntscr.com/1hgh61 Одличен реген за Балканските простори. Милан ми го бара за 13 милиона ама јас не го давам има да го држам уште макар две сезони за да го дадам за некој сензационален трансфер :D

http://prntscr.com/1hgp72 Ова е тоа што ги ебе кокошките :D
 
Повелете линк од македонска лига за ФМ 13.
http://www.mediafire.com/?hqehst4sa3cccnc
Испробајте го, лигата е апдејтувана од моја страна но има уште многу да се работи на неа.
Ако има некој што сака да ми помогне околу составите на ново дојдените тимови во прва лига и втора нема да биде лошо.
Работев и на сите стадиони, а исто така на дресовите на Турново. Ако мислете дека треба да проработам на друг тим пратете ми слика во приватна порака и ќе средиме во наредниот апдејт. :)
Треба да ја најдам опцијата во која ги вклучува Турново и Тетекс во Лига Европа.
 
Ставија и тука попрегледно е http://www.forum.kajgana.com/threads/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%9B%D0%B8%D0%B3%D0%B0-fm-13.64881/#post-5989850
;)

Оваа година слабо се ангажиравме за македонскава лига. ако има заинтересирани можеме на ФМ14 да направиме и 3-та лига (Зошто не и општински лиги? :pos:)
 
На следната ФМ 14 планирано е да се изработи трета македонска лига (се мисли на исток, запад, север, југ и југо-запад) секако сам многу тешко оди, ми треба помош а вие ќе ми помогнете да го направиме перфектно :)
Општински можеме ако имаме голем тим кој ќе работи и придонесува максимално инаку ќе се задоволиме само со трета македонска лига.
(y)
 
Ja има симнато некој оваа Пропер верзијата што беше на замунда ? Сега гледам ја нема али ја има на Арена, па ме интересираше дали функционира ок и дали е изводливо да се игра со последниот пач ?
Ја имам ја веќе играта преку она со Слоба али на 2 месеца знае да поебе стимот и пак Слоба да се става да средува, 3 мин работа му е али нема смисла да го умарам, незгодно ми е па планирам вака да ја симнам и да си терам на раат.
 
Не можам да ти пишам ПП, јас ја имам оваа од Замунда.

Јас ја спуштив од овде и топ е, плус со сите зимски трансфери едитирана и тие што беа договорени за летово од порано (Љоренте...).

13.3.3 верзија е, така да мислам дека е пачувана, ама не знам дали е со последниот пач.
 
Почнав со Дрешден првата сезона целта беше цел да се заврши некаде на средина на табелата завршив 10ти немав трансфер буџет го позајмив само Buoy со право на откуп и секако 2рата сезона го откупив 700к. Сега е втората сезона долго време бев прв ама исто како пролшата доживеав крах пред зимската пауза кикснав 4-5 натпревари со ред паднав 8-9 но паг влегов во серија сега сум 6ти се надевам ќе фатам место за прва лига иако мислам дека тимот сеуште не ми е спремен и дека ќе биде мачно, иако целта ми е иста ко лани да завршам на средина од табелата. Играм со класична тактика каде што може да се вметнат стрелки и имаш поголема контрола над играчите и ми се упер за сега вадам подобри резултати него со др начин на правење на тактика можда грешам. Се надевам ќе биде нешто одбив 2-3 понуди од други тимови. Ви се има случено вас 2 сезони во исто време да имате ужасен пад во формата ?
 
Во однос на превземањето на друг Управен одбор, Претседател на еден клуб досега колку што сум забележал, први тоа го прават Емполи, некогаш Интер, еднаш Сампдорија и најчесто помалите англиски клубови.
Веројатно треба да се има среќа да си менаџер на "скржав" клуб па да дојде некој богаташ.
 
Плус информацијата за статусот на chairman-от кажува најмногу. Ако е Loves the club, има да се изначекаш, бидејќи тоа е статусот кој е максимумот.
Целосната листа е:
- Loves the club
- Enjoying life at the club
- Happy to stay
- Looking to leave
- Willing to listen to offers
- In the process of a board takeover

За да стигне до Willing to listen to offers, или треба да е стар или пак финансински да веќе не може да го издржува а клубот да има успеси.
 
Да, само дали негде може да се види листа на Willing to...или In the process of...газди за да станеш менаџер таму и за 2-3 недели да дое некој со пари да земеш асални играчи.
 
Back
На врв Bottom