Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Cricket

Ербап !!!
Член од
28 јули 2013
Мислења
4
Поени од реакции
4
Абе сте се фатиле сите за та плескајцата од 200-300 денари ,а заборавате ко че ојте грчка бугарија и.т.н со фрижидерчето на амонјак полно со месо и шо уште не,оти таму плескајцата 7 евра била ама во хотел покрај обала.Охрид има ефтино и квалитетно јадење не е се така црно ко шо си прајте филмој.Кафето 80 денари,па колку да биди бе?Во едно скопје кај шо нема ништо шо да видиш за разлика од охрид едно кафе е 70-80 денари,пиво,сокче такоџере.Не се прајте ЕРБАПИ сеа

Btw. Смештајо скап бил .Епа скап че биди ламба да запалиш на денешницава кредит треба да земиш сметка да платиш.
Имало лоши газди.Има секаде не само во охрид,Една година бев бугарија сортата да му се сотри ко не напика то газдата во едно сопче 5 души за 6 евра од ден на човек,бољер еден саат пуштање и толку ако сакаш капење топлиси шишина на сонце,цигари во собата јок оти детето после сезоната му спиело тука,и ред други работи.
Деновиве бев охрид колку за информација нема крпа кај да клајш од шо има народ
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
234
Поени од реакции
28
Деновиве бев охрид колку за информација нема крпа кај да клајш од шо има народ[/quote]

Е тука ти грешиш, и не си во право .
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А бе сега за Илинден нешто....

Ама викенд дупка не полни :icon_lol:.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Охрид е полн од викендов навака, сега и времето е убаво ке биде подобро. Ги сотре јули со лошото време. Охрид бил и ќе биде преубав и секогаш ќе има луѓе што со задоволство одат да уживаат во убавините. Не се на место споредбите ниту во однос на цени ниту пак во убавини. Секое туристичко место нормално е да има повисоки цени, зарем тука во Скопје не среќавате маалски продавничиња што се по 20-30% поскапи од КАМ и ВЕРО? Секаде има пациенти. И во Грција ќе наидеш на некое безобразно типче што го чекаш саат да ти донесе кафе или сок. Доста плукате по своето! Напротив треба сите ние да си се фалиме, зошто лошо за сопствен двор да збориш? Башка мислам дека секогаш ваквиот пристап прави контраефект, тргнете од себе.
Охрид е нашиот бисер, уживајте, заронете во чистата вода, прошетајте навечер има многу убав свет по улиците и пробајте да ги гледате убавите нешта.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Не се проблемот цените во Охрид. И политичарите го ставаат акцентот на тоа демек цените се проблем колку да не се размислува поинаку што е навистина проблемот. Убиства на странски туристи, загинати странски туристи на бродска несреќа, тепачки во ночни клубови, грабежи ....ете тоа е сликата за Охрид. Добриот збор бргу се шири ама лошиот уште побргу. Затоа се стават акцентот на демек проблемот со високите цени, за да не се спомне вистинскиот проблем поради кој во Охрид не доаѓаат повече туристи.

Кој ги контролира бродовите колку туристи качуваат на една тура, но дури и да ги контролира се знае процедурата, подмитување на контролорот и нема гајле. Кој му ја издал дозволата на некој со неисправен брод, се знае чиче и вујче се тука, и се додека е така и не заслужуваме да доагаат туристи каде нема воспоставено соодветни стандарди.

Што се случи со едно убиство што имаше, се маткаат луѓето со години по судови....доволно е да не продолжувам
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Мислам дека владата треба со наредба да ги исели Охриѓаните од Охрид , да ги насели негде гостиварско, тетовско, мариово... а во Охрид да насели паметни културни разбрани градски луѓе, како од Битола - и Охрид дури тогаш ќе процути и ќе напредува.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Море дел у тетово, дел у гостивар и делче у скопје...коа ќе се разбегаат браќава, опашка под гз :pos:
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Море дел у тетово, дел у гостивар и делче у скопје...коа ќе се разбегаат браќава, опашка под гз :pos:
Мислам дека владата треба со наредба да ги исели Охриѓаните од Охрид , да ги насели негде гостиварско, тетовско, мариово... а во Охрид да насели паметни културни разбрани градски луѓе, како од Битола - и Охрид дури тогаш ќе процути и ќе напредува.
Пуста желба да сте блиску до езеро на какви мисли ве наведе ...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Охриѓани бараат спас од прегласната музика, градежните работи и моторните возила
Охриѓани во екот на туристичката сезона се соочуваат со низа проблеми, кои со години наназад се одолговлекуваат и стануваат синоним за риверата. Меѓу нив, како најголем недостаток се посочува неможноста на надлежните институции да стават ред околу бучавата во раните утрински часови, најчесто предизвикана од работата на дел од угостителските објекти, локалите на плажите, моторните возила, градежните работи и бродовите кои „крстарат“ во ноќните часови.



Жителите и туристите кои се сместени долж улицата „АСНОМ“, велат дека длабоко во ноќта неподнослива е бучавата од несовесните возачи на моторни возила.

Некогаш ова беше мирна населба, а сега улицата стана место каде младите се тркаат со своите автомобили и моторцикли во вечерните часови. Бараме надлежните да воведат построги контроли на овој потег, бидејќи едноставно бучавата е неподнослива.“ - вели охриѓанец од населбата Бејбунар.



Станарите од оваа локација, потенцираат дека музиката која доаѓа од локалите на плажите е прегласна во раните утрински часови, додека дел се жалат на „буката“ предизвикана од градежните работи во соседството.

„Претежно се работи за турбо-фолк музика, која ечи до рано сабалје. Со години наназад, сите ветуваат дека ќе се стави крај на ова „дивеење“, но некако и оваа сезона пропустот се протна меѓу надлежните. Доаѓаат луѓе кои сакаат да одморат, а се соочуваат со неподнослива бука. Постои закон, со кој се одредува колку децибели треба да е гласна музиката. Ова е дефинитивно над нормалното. Морам да нагласам дека изминатата недела, над сето ова искрсна уште еден проблем, а тоа се градежните работи градилиштата во близина. Можеби сето тоа е во рамките на законските акти, но потребно е да се воведе некоја рестрикција барем во шпицот на сезоната.“ - вели жител од улицата „Никола Карев“.



Со сличен став се и жителите од „Стар град“, кои бараат од надлежните институции да стават ред во работата на угостителските објекти во Охрид. Во вчерашниот допис на УЗ „Стар град“, се наведуваат проблемите меѓу кои се наведени непочитување на работното време од страна на одредени угостителски објекти, бучавата која ја предизвикуваат некои од нив, особено од локалите на плажите, но и бродовите кои пловат во вечерните часови, како и справување со комуналниот неред.

Сметаме дека градоначалникот и Советот на општина Охрид ќе преземат конкретни активности за решавање на овие незаконитости кои им се допуштени на угостителите и нивните гости. Општина Охрид преку своите служби, подрачни единици на министерствата, пазарната инспекција, особено полицијата треба да спроведат конкретни и одлучни активности за сузбивање на овој неред и беззаконие. Со ова, ќе овозможиме помирен живот на граѓаните и ќе допринесеме поголем број туристи да доаѓаат во нашиот град.“ - велат од Урбаната заедница „Стар град“.



Неодамна, градоначалникот Никола Бакрачески на осмата седница на охридскиот Совет, одговорајќи на советничките прашање истакна дека долгогодишниот проблем со бучавата од кафулињата во стариот дел од градот, што секоја летна сезона ги остава будни граѓаните до раните утрински часови и проблемот со пречекорувањето на работното време на угостителските објекти, оваа година ќе бидат решени.

Инспекциските служби имаат добиено инструкции како да постапуваат при секое непочитување на работното време или пак надминување на дозволениот максимум во однос на јачината на музиката од кафулињата. За секое непочитување на пропишаните одредби ќе следат строги санкции.“ - изјави неодамна Бакрачески.
O.T.

2


30.07.2013 07:00​

Прочитана е : 1522 пати​



© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
ohrid.jpg Drugar mi ja prati slikava ,vo Ohrid e slikano ova
Ke ides u ohrid u edEn od "podobrite" restorani I poso si skopjanisce - so dobivash - negova objava :))I posle nie Skopjanisca ne sme cinele (izvinete za latinica,na odmor sum )
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.671
Поени од реакции
11.750
последен пат коа бев во Охрид едно утро бев приморан да трпам растоварање на едно 10+ кубика дрва а наредното утро нивното цепање го трпевме, под прозор еееееееееј да се немало сенс(n)
се чудам како сум можел 12год по ред да одам :unsure:
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Прегледај го приврзокот 69294 Drugar mi ja prati slikava ,vo Ohrid e slikano ova
Ke ides u ohrid u edEn od "podobrite" restorani I poso si skopjanisce - so dobivash - negova objava :))I posle nie Skopjanisca ne sme cinele (izvinete za latinica,na odmor sum )
PA NELI VIE STE CENTAROT NA SVETOT I STE VO SE NAJDOBRI PA ZATOA I NAJDOBROTO GO DOBIVATE OD PROVINCIJALCITE
;) mala sala ( koj se sali pola misli vistina)
--- надополнето: 31 јули 2013 во 04:48 ---
Абе сте се фатиле сите за та плескајцата од 200-300 денари ,а заборавате ко че ојте грчка бугарија и.т.н со фрижидерчето на амонјак полно со месо и шо уште не,оти таму плескајцата 7 евра била ама во хотел покрај обала.Охрид има ефтино и квалитетно јадење не е се така црно ко шо си прајте филмој.Кафето 80 денари,па колку да биди бе?Во едно скопје кај шо нема ништо шо да видиш за разлика од охрид едно кафе е 70-80 денари,пиво,сокче такоџере.Не се прајте ЕРБАПИ сеа

Btw. Смештајо скап бил .Епа скап че биди ламба да запалиш на денешницава кредит треба да земиш сметка да платиш.
Имало лоши газди.Има секаде не само во охрид,Една година бев бугарија сортата да му се сотри ко не напика то газдата во едно сопче 5 души за 6 евра од ден на човек,бољер еден саат пуштање и толку ако сакаш капење топлиси шишина на сонце,цигари во собата јок оти детето после сезоната му спиело тука,и ред други работи.
Деновиве бев охрид колку за информација нема крпа кај да клајш од шо има народ
се тоа во право си, ама уште охридско да беше море место езеро
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Прегледај го приврзокот 69294 Drugar mi ja prati slikava ,vo Ohrid e slikano ova
Ke ides u ohrid u edEn od "podobrite" restorani I poso si skopjanisce - so dobivash - negova objava :))I posle nie Skopjanisca ne sme cinele (izvinete za latinica,na odmor sum )
И го изел цел?:cautious::DИначе деликатесов се викат разбеснетиот пастув,ич не сте во тек со времево скопјанчишта едни!:cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom