Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
без фискална од кај ке знаат колку промет направил вака се знае колку промет и проценти за данок

Така изгледа, ама не е така. Си има законска регулатива за сите тие прашања.
 
Функционира и не би било фер за едни да важи регистирирањето на прометот и обртот на пари а за други да не важи. Колку да извршуваат спортска дејност или услуга сепак има приход. А за данокот што се однесува нормално е дека нема Гладијатор и некоја локална теретана како што ги спомнаа погоре во штип да платат ист данок . Што викаат бугариве За сичко си има процедура. Поздрав
 
Функционира и не би било фер за едни да важи регистирирањето на прометот и обртот на пари а за други да не важи. Колку да извршуваат спортска дејност или услуга сепак има приход. А за данокот што се однесува нормално е дека нема Гладијатор и некоја локална теретана како што ги спомнаа погоре во штип да платат ист данок . Што викаат бугариве За сичко си има процедура. Поздрав



што сакаш да кажеш со ова?
 
Сакам да кажам , процентуално кога ке пресметаш колку треба да платат во зависност од обртот односно од опстварениот приход
 
Сакам да кажам , процентуално кога ке пресметаш колку треба да платат во зависност од обртот односно од опстварениот приход


е добро де јасно е тоа, јас мислев нешто друго да не сакаше да кажеш
 
луѓе да ве прашам нешто што се чудам подолго време. имам еден другар 180цм 58-60 кила. не тренира, јаде слободно мајонез,благо,палачинки пред спиење итн.... и не фаќа грам сало на него. додека јас 3-4 дена да забегам со исхрана, одма се замастувам. + тренирам секој ден. зошто е тоа така?
 
Абе да прашам нешто
Ме лупна некоја температура не е којзнае што ама температура е 38
Ама пијам анимал катс да продолжам да ги пијам или да одморам додека имам температура пошто тие нели ја покачуваат малку температурата па се мислам што да праам ај пишете
Фала


Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
 
Сакам да кажам , процентуално кога ке пресметаш колку треба да платат во зависност од обртот односно од опстварениот приход

Нема таков начин на оданочување во МК. А теретаните нема да платат ни денар повеќе од тоа што го плаќале до сега. Исклучок се оние теретани кои остваруваат големи приходи годишно, но сите тие ги имаат изрегулирано своите статути и работат како што треба законски.
Зашто велам дека нема да платат повеќе од тоа што до сега го плаќале, а не плаќале ништо? Затоа што 90% од теретаните имаат ниски годишни приходи, што не ги исполнуваат условите да станат даночни обврзници. Проблемот е во тоа што во 2013 испаѓа како овој спорт и бизнис да паднал од марс, па никој ништо не знае. Што не е вистина. Ако се сетат или ако не паметат можат да ги прашаат старите сопственици на теретани (некои од нив ги видов и на тв) како во минатото се регистрираа уплатите. Значи, нема ништо ново, нема научна фантастика. Се работи за евиденција и работење преку банка. Трошок ќе им биде само купување на фискален апарат.
После оваа контрола, следува и друга контрола која се очекува да биде контрола која на сите нив ќе им побара Решение за вршење дејност ( во случајов бодибилдинг и фитнес). И пак ќе дојдеме во ситуација ни кој ништо не знаел, а повторно повеќе од 90% го немаат тоа решение за работа.
 
Од моето знаење досегашно во други гранки што се однесува до оданочување , до одреден обрт карикирам милион денари данокот е 10% погоре е повеке и слично. Секако дека не би плакале повеке сакав да кажам дека во зависност од обртот како што кажа некои не исполнуваат услови но тие пак што исполнуваат би требало да си го платат како секоја друга бранша. А за решението од неколкуте теретани каде што имам вежбано ни една немаше ниту решение ниту ништо, а само една беше затворена од страна на ујп и тоа за грешка во таблата... што ми беше не сватливо малце. Во секој случај ја подржуваам идеава за касите и решението редно време е бб федерацијава да си го најде местото каде што стварно припаѓа а воедно и останатите да научат да ја почитуваат и да добие на авторитет затоа што од досегашното голем број ја занемаруваат. Ако федерацијава заживее и спортот ке си добие на свое.
 
Нема да плаќатаа ништо повеќе од тоа што сега го плаќаат.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 18:40 ---


Не. Скоро сите се здуженија на граѓани со енормно низок годишен обрт, според кој УЈП никогаш нема да ги сака да даночни обврзници. Тоа што УЈП сака е да знае каде и како се движат парите, обртот да биде регистриран. Ако некој не платил, тоа не е проблем на УЈП, туку на сопственикот. Ако нему му одговара да не зема пари, нека му е. Значи, кога УЈП доаѓа во контрола, го интересира дали се книжи и регистрира остварениот про мет, дали во моментот касата или моменталната наплатена чланарина е заведена и идентична со откуцаното (заведеното) во каса и во фиока. Нормално е дека во спортска установа ќе има и активни натпревавувачи кои нема да плаќаат чланарина. Но, 90% од теретаните покрај тоа што се спортски установи, покрај чланарината тие продаваат пијалоци, протеини, гардероба и сл. и се појавуваат и како трговци.
Здруженија на граѓани? Теретаните? Не ме смеј :D

Факт е дека треба да си плаќаме ДДВ, сега останува да се види дали сите ќе ги покачат цените или пак ќе си намалат од профитот досегашен, иако мислам дека ќе биде првото.
 
Во никој случај не го поддржувам ова, затоа што за некои теретани купувањето на фискалната каса ќе им биде едноставно фрлање пари, зошто не го воведоа истово уште пред 5-6 год, бидејќи некои теретани уште од тогаш работат, а јас мислам дека оние кои го вовеле ова не го гледаат бб како спорт кој треба да напредува, туку како пари, бидејќи знаат колку луѓе се занесени по истиов спорт! На овој начин бодибилдингот како спорт нема да напредува, туку напротив!

П.С Слушнав дека само оние кои имаат годишен приход над милион и нешто ќе плаќаат данок...
 
Momci kako e podobro da se raboti so tegovi za da se izdefinira telo so golemi tezini za kratko vreme ili mali tezini za podolg vremenski period, normalno i so dodatno vnesuvanje na protein !
 
Што е спорно тогаш ако плакаат само тие со над милион и нешто ? Цените пак остануваат исти единствен трошок ке биде фискалната каса која и нее нешто скапа.... целава работа се сведува на евиденција на доходот како сите останати.... а оние што остваруваат повеке пари во случајов како што спомна над милион и нешто тие плакаат данок ... израчунај го милион и нешто на 12 месеци па види колку им е месечниот доход и дали би требало да пракаат данок..
 
Здруженија на граѓани? Теретаните? Не ме смеј :D

Факт е дека треба да си плаќаме ДДВ, сега останува да се види дали сите ќе ги покачат цените или пак ќе си намалат од профитот досегашен, иако мислам дека ќе биде првото.

Напишано од Gjoroski.. ако не си информиран Бобан Ѓороски е претседател на ББФФМ.. така да то е точно..
Основани се и се водат како здруженија на граѓани, ги немаат истите давачки како кај остананите нормални фирми, а остваруваат доста поголеми приходи. Во случај кога една теретана ги има справите во своја сопственост, не плаќа кирија и има двајца вработени кои земаат плата од 8-9 илјади денари, единствен трошок се платите за вработените и трошоците за струја. Згора на тоа не плаќаат ни данок, продаваат и суплементи, шејкови,.. Остваруваат МНОГУ поголеми приходи од то шо го кажват. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom