Изневерени после 5+ години врска, спремни за брак. Што би направиле?

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Незамисливо ми е. Би била повредена, скршена и изгубена некој период. Не би функционирала нормално и најверојатно би сакала да знам зошто го направил тоа што го направил. Верувам дека би се јавило чувството да му се одмаздам, да му вратам со иста мера или да го понижам, но не верувам дека би подлегнала на искушението. После периодот на плачење и лелекање верувам дека би продолжила со животот.

Познавам и особа која се најде во таква ситуација, вистина е дека посака да си го одземе животот и на моменти и доаѓаа такви мисли, но беше посилна од тој нагон. Еве ја денеска среќно мажена за друг.
Времето лечи се, само треба да му се даде време на времето ;)
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
Пет години врска... некои истово ова го прават и во подлабоки врски во брак со деца над 10 години и јаче.. и што ќе земеш ќе се испоубиеш или ќе го убиеш па ќе гниеш у затвор?
Нц, најдобра одмазда е ладно само, ако успееш ладно да го шутнеш без никакви перипетии и падавичења тоа ќе биде најтешката казна, со се друго даваш до знаење на изневерувачот дека вреди и го дигаш у облаци.
Затоа сум рекла секад резерва мора да се има не со сите 4 да се внесуваш во било што, така и во врска и брак и се остало, не за друго туку да зачуваш жива глава, оти на светот сеуште постојат луѓе кои те сакаат и имаат потреба од тебе :)

п.с. Ајзак шо е бе ова со темиве, нели ти беше на Електро и плус од НЛО? :icon_lol:
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Тоа треба да се убие! :свиркам:

Толку мозок имал. Едно вакво :гомце: на фаца...метафорички да осети како се осеќам поради неговата глупост. :свиркам:
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Тоа треба да се убие! :свиркам:

Толку мозок имал. Едно вакво :гомце: на фаца...метафорички да осети како се осеќам поради неговата глупост. :свиркам:
Ради неговото немање мозок ти ќе го изгубиш паметот, пиши некоја поозбилна реакција од "ставање :гомце: на фаца", зборуваме за нешто што би се случило во реален живот, за емоции, планови, нерви искинати и оставање на животно цедило. Нешто што не верувам дека сите толку ладно и без проблем би го пребродиле, освен ако не не болело стап за дотичната личност и воопшто за врската.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Се мажиште бе, кој од кој :)
Океј е, сите хипотетички зборуваме, но во реалниот свет (барем оној околу мене) сеуште не сум видела девојка да убие фраер оти ја изневерил, и обратно.
Е сега, плачења лелекања итн, има.

Озбилно, со сите другари на дечково мој сум блиска, затоа што сме долго заедно па и мене ми станале другари, и биле изневерувани и изневерувале, никој немал 5 години врска, ама 2-3 да, најдалеку што отишле е да скршат сет чаши во кафана. :) Клетите ороспии се читави, ден денес.

Другачкиве мои поинаку преболуваат, си плачат, осамено си пиеме, јадеме многу чоколадо и ја оговараме дрољата што го смувала типот. Сепак, сите клети безмозочни рбетници се читави, ниту еден не остана без репродуктивни органи. :)
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ради неговото немање мозок ти ќе го изгубиш паметот, пиши некоја поозбилна реакција од "ставање :гомце: на фаца", зборуваме за нешто што би се случило во реален живот, за емоции, планови, нерви искинати и оставање на животно цедило. Нешто што не верувам дека сите толку ладно и без проблем би го пребродиле, освен ако не не болело стап за дотичната личност и воопшто за врската.

Најверојатно мисли дека би го убила психички својот веке бивши партнер...:)
Види вака...постојат секаков тип на луге...Некои се премногу емотивни,некои се камен ладни..Сите преболуваат различно...
Некои со години се вртаат во круг,други се помируваат со судбината и бараат нов партнер,трети коваат одмазда и мислаат дека душичката ке им се исполни вракајки им за секоја пролиена солза...Таков е човекот... :)Ако ти си решен постојано да се сожалуваш рачунај дека си си го сјебал животот...Верувај знам зошто ова го зборувам :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Ако ти си решен постојано да се сожалуваш рачунај дека си си го сјебал животот...Верувај знам зошто ова го зборувам :)
Самосожалување НЕ, но сигурно пожустра реакција него вртење на грб и супер ладен ќе бидам, животот продолжува како ништо да не се случило, а отишле 5 години (или повеќе) со таа личност во доверба итн. Бар по нешто нека осети дека згрешила и повредила, па и нека зажали ако треба, имам наведено во втора страна де :)
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
170
Поени од реакции
64
уууу јас како што сум верен до гроб да ми направи некоја така богами ке дојде до утепанција
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.332
Поени од реакции
7.079
Затоа сум рекла секад резерва мора да се има не со сите 4 да се внесуваш во било што, така и во врска и брак и се остало, не за друго туку да зачуваш жива глава, оти на светот сеуште постојат луѓе кои те сакаат и имаат потреба од тебе :)

ау апсолутно те поддржувам,што е подобро од една златна резерва ? 2,3,4.........
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
ау апсолутно те поддржувам,што е подобро од една златна резерва ? 2,3,4.........

Службарски не збореф за таква резерва, резерва у стил да не се даваш скроз и да живееш у розови облаци, него да знаеш дека може и на тебе да ти се деси да те изневерат.:cautious:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.332
Поени од реакции
7.079
Службарски не збореф за таква резерва, резерва у стил да не се даваш скроз и да живееш у розови облаци, него да знаеш дека може и на тебе да ти се деси да те изневерат.:cautious:
да де,никако розови облаци ами пријател/ка кој/а е тука во секое време да те утеши......мн добро те разбрав,супер си тераш (y)
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
Што би направила??? Охохо па тоа и тоа како лесно
Би му го сецнала со бакарна жица, но претходно би му го потпечила.
Би направила се за да ме замрази и за да го види најзлобниот човек што воопшто може да го замисли. Да бега од мене ко глушец од мачка.
Може не би го убила, ама бисе посветила на него да го натерам да изврши убиство.
Е после тоа од кога ќе се одмаздам е друга приказна :D
 
T

Tamora

Гостин

Како би го изведила тоа ме интересира ќе легниш со другар му, колата ќе му ја запалиш , куќата ќе му ја демолираш ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom