Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
баш вчера се запознав со Џесика и Кевин Марковски :tapp:
добро кај им е на родителите паметот кога им ги ставаат имињава?

Ко Ромиве едно време децава што ги нарекуваа Касандра, а сега Обама.
Јас немам ништо против името Џесика или Кевин или Франческа, ама со македонско презиме навистина не звучи убаво.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 19:28 ---
За некој месец ќе се думаме за имиња со сопругов, пу пу дан урочам.
 
Синот го крстивме Тодор, од различни причини, а ако имам ќерка ќе се вика Лилјана, а друг син Бранко или Благој.
 
Ако имам ќерка,дефинитвно Викторија,многу убаво име

Ми се свиѓаат и Виктор и Викторија.
Ми се свиѓаат и долги имиња, како на пример Анастасија. Или пак, двојни имиња - Ана Марија.

Ми се свиѓа и ова што го прават во англосаксонските земји: им даваат средно име. Ако не им се свиѓа првото име, секогаш можат да си го користат средното.
 
Ко Ромиве едно време децава што ги нарекуваа Касандра, а сега Обама.
Јас немам ништо против името Џесика или Кевин или Франческа, ама со македонско презиме навистина не звучи убаво.
--- надополнето: 15 јули 2013 во 19:28 ---
За некој месец ќе се думаме за имиња со сопругов, пу пу дан урочам.
и мене тоа ми беше муабетот, не се лоши Џесика и Кевин ама со македонско презиме УЖАСНО звучат :unsure: затоа се прашувам што ли мислеле родителите кога им давале такви имиња кога знаат дека презимето им е македонско.
еве на пример јас имам братучеди во странство, па бидејќи имаат македоснко презиме нормално дека и имињата колку толку им се совпаѓаат со презимето......Матео, Лара, Емили, Марио и најмалото се вика Алекс.......луѓе со вакви имиња може да сретнеш по улица низ мкд, ама Џесика или Патрик или Кевин, потешко......
 
Значи имево мое најпопуларно е.

Инаку ако е машко Марко, ако е женско појма немам.
 
Малце старомодно,ама машко име ми е многу убаво Алексо
 
(или Ева) ( или Кевин)


Дали во цела оваа српска сага има емо вампири?
И знаејќи те, кој од двајцава би бил хомосексуалец?


Ако е женско, по мајка ми, Виолета. :pipi: За машко има простор за преговарање ако приступи со неретардирани примери како Кевин.
 
Дали во цела оваа српска сага има емо вампири?
И знаејќи те, кој од двајцава би бил хомосексуалец?


Ако е женско, по мајка ми, Виолета. :pipi: За машко има простор за преговарање ако приступи со неретардирани примери како Кевин.
Дај боже да ти се хомосексуалци сите деца кои што ќе ги имаш :)
 
Јас сум крстен по дедо ми (од на татко ми страната).

Јас како би ги крстил? Сакам да искористам постоечки, од мое лично големо значење имиња, имиња одамна неискористени, или доста ретки имиња воглавном. Не сакам да носат име кое го имаат уште 500 и кусур души во истото место на живеење (каде и да е тоа во светот).

Ако е/се машко/машки - Дефинитивно еден ќе го носи името на пра-прадедо ми Диего, башка името го обожавам и така и така. Некои други имиња кои сум ги земал в предвид:

Амадо
Балендин/Балентин
Зефир
Игон
Исидор
Јоаким
Калеб
Кастор
Кебријан
Конрад
Корбин
Кордеро
Круно
Кузман
Ловро
Назар
Нестор
Никодим
Олег
Сантијаго
Фран/Франко
Феодор
Халкион

Ако е/се женско/женски - Едното дефинитивно ќе биде крстено Регула или Аполена, тие две имиња се од огромно значење за мене. Останати женски имиња кои сум ги зел в предвид:

Агурна
Алида
Алондра
Амелија
Ариадне
Дарина
Делфина
Едерна
Едина
Елавра/Илора
Естева
Имел
Ируна
Јуна
Киона
Корина
Крисанта
Мејси
Регина
Ферисандра
Фелина
Хедвика

Пред да се нафати некој да трола или критикува :) - Голем дел од имињава звучат како да се измислени - не се. Автентични имиња се. Голем дел од нив се користени на Балканов во минатото, и се старомакедонски имиња, некои датираат и од Античка Македонија. Останатите се словенски, германско-"грчки", или шпанско-баскиски имиња.

You don't like it, fine, don't troll :D.
 
Друже со сета почит кон тебе, ти како на кучиња да ќе им даваш име, не на сопствените деца.

Многу погрешно ја гледаш целата ситуација. Он не дава имиња на своите деца како на кучиња, туку премногу луѓе даваат имиња на своите кучиња како да им се деца.

Затоа е целата оваа конфузија, абстрактност и морбидност со имињата и кај една и друга страна.

Бруно беше супер име додека не почнаа на секое трето куче да му го доделуваат, пре прекинаа луѓево да си ги крстат децата така. Еве теле сега Бруно Марс сега го враќа во мода да биде пак човечко име :D.

Слична ситуација со Бартоломеј и Баркас (Барт и Барк, второто очигледно зошто на запад се користи како име за куче, ама ситуацијата како што гледаш, уништува две одлични имиња, едното од кое, е доста старо име).
 

Сега видов дека има дури 99 со мое име. Мислев помалце ќе се. :cautious:

Здравје Боже кога ќе дојде време за тоа, ако е женско ќе е Јана, ако е машко ќе е Јан, мора да си ја испочитувам прабаба ми со тоа. Пошто татко ги има необично презиме таман ќе одговара. :) За други имиња ќе биде по договор со него и со моите и неговите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom