Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Мене стварно не ми е јасно шо мака го спотерала да јајт лајна овај Кумба. Нек ојт Перон нек трескат ракија за десетче и нека не брчит многу. Пошол Грција и Господ за такво го фатил.
 
Сите градови во Македонија имаат своја посебна убавина, така и Охрид. Посебно човек тука да има куќа крај езерото.... милина :)
 
599174_10200782146618477_129927838_n.jpg
1045195_10201024368883004_2117298254_n.jpg


населба Даљан.2013-1917
 
Во Охрид знам дека има едно прекрасно место за викенд, а и за живеење - Езерски лозја се вика :)
 
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=57019

Во Охрид ќе пристигнат високи претставници од холандскиот тур-оператор ТУИ


Во петок, 28 јуни, на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле,ќе допатуваат 100-тина високи претставници од туристичиот сектор во Холандија, предводени од главниот извршен директор на холандскиот тур-оператор ТУИ, Стефан Ван Дер Хајден, кои ќе престојуваат во Охрид три дена.

Холандските туристички работници, на охридскиот аеродром ќе ги пречекаат претставници од Амбасадата на Кралството Холандија предводени од Н.Е. г-ѓа Мариет Схурман, претставници од општина Охрид, Агенцијата за промоција на туризмот во Македонија како и претставници од локалните туристички агенции Каратанова Турс и Охрид Холидејс.

Помеѓу другите активности, преставниците од најважните туристички агенции од Холандија, ќе имаат можност лично да ги искусат убавините на Македонија, а меѓу другото и да воспостават основа за понатамошна соработка и зголемување на бројот на холандски туристи во Македонија.

Првата група холандски туристи за летната сезона 2013 пристигна на 26 Април. Во 2010 година Македонија ја посетиле вкупно 6612 холандски посетители и туристи, во 2011 година оваа бројка се искачи на вкупно 22 219, додека пак во 2012 македонија ја посетија 27.121 холандски посетители и туристи. Оваа бројка бележи нагорен тренд и во текот на оваа летна сезона преку тур-операторите се очекува да пристигнат над 25.000 холандски туристи.

OhridNews
 
Некој да издава соба за двајца ( не мора со два кревети,еден е тамам ), и по можност да не делам туш со никој што е најбитно, или да познава некој што познава некој слободно по ПП а во меѓувреме ќе ги малтретирам родниниве охридски. Фала :*
П.С. Да не се сериски убијци...затоа што нема да ги сетам, прибидејќи скоро сите ми изгледаат така.
 
Некој да издава соба за двајца ( не мора со два кревети,еден е тамам ), и по можност да не делам туш со никој што е најбитно, или да познава некој што познава некој слободно по ПП а во меѓувреме ќе ги малтретирам родниниве охридски. Фала :*
П.С. Да не се сериски убијци...затоа што нема да ги сетам, прибидејќи скоро сите ми изгледаат така.
Поефтино или сакаш поскапо нешто апартман во центар ?
 
Поефтино или сакаш поскапо нешто апартман во центар ?


Mалку чудно прашање пошто сите се стремиме кон поефтино (y) Е сега зависи од дефиницијата за поевтино и поскапо, границата ја поставува толпата во зависност од условите...пиши пп па ќе видиме. Јас имам неколку опции моментално ама датумов ме ебава т.е. до 5ти морам да бидам во Охрид, финтава е порано да се договорам оти мразам онака на автобуска кога ќе ме нападнат знани и незнани :)
 
Во Охрид знам дека има едно прекрасно место за викенд, а и за живеење - Езерски лозја се вика :)


Струга ќе да е ова
--- надополнето: 28 јуни 2013 во 04:13 ---
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
„Канео“ сведок на британско-романска свадбена церемонија во традиционален македонски дух Градот под Самоиловата тврдина уште една докажа дека претставува привлечна дестинација не само за домашните туристите, туку и за странците кои се одлучуваат токму во Охрид да го кажат судбоносното „да“. Вчера црквата „Св. Јован Богослов“ - Канео, беше сведок на свадбена церемонија во традиционален македонски дух, каде во брак стапија двајца млади странци, големи вљубеници во Охрид. 25-годишната новинарка од Брисел со потекло од Романија, Ана Марија Толбару и британецот Ник Херолд, 30 годишен дипломец од Оксфорд, се решија токму во оваа црква да ја овековечат својата љубов. Нивната заедничка приказна започнува пред точно две години во Лондон, кога Толбару известувала од свадбената церемонија на принцот Вилијам. Изминатиов период нивната љубовна врска се зацврстила, а прекрасната местоположба на Канео била пресуден фактор токму на ова место да ја крунисаат својата љубов. Покрај традиционалните црковни обреди, зетот заедно со сватовите во домот на охриѓанецот Владо Жура, го „положија“ тестот на традиционалниот охридски обичај „барање на невестата“. Несомнено дека од овие автентични традиции карактеристични за нашето поднебје, без зборови останаа бројните присутни, претежно до Велика Британија и Романија, односно големиот број новинари од Скандинавија и европските земји. Сите тие заедно, имаа можност да се уверат во квалитетот на домашните специјалитети и да уживаат во традиционалната македонска музика. По црковниот обред, следеше свадбен ручек на плажата „Потпеш“, а веселбата продолжи до доцните часови на плажaта „Канео.“ Инаку, оваа церемонија претставува уште едно сведоштво за природните убавини, несекојдневните обичаи и вкусните домашни специјалитети, кои Охрид може да им ги понуди на странските туристи.

http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=57131

Слики на линкот.
 
Ве молам за помош :place: Во која црква во Охрид можам да најдам икона на Апостолите Петар и Павле. Ептен ми е итно. Однапред благодарам.
 
ФОТО: „Шанк велосипед“- најнова атракција во Охрид

Во Охрид по кејот можете да се возите со најновата атракција шанк, кој всушност е велосипед. Сите кои седат на шанкот мора да вртат со нозете на педалите за тој да се движи, јавува порталот Охрид 1.

sank1.jpg

sank2.jpg


Охриѓани што ви направија изминативе десет години!
 
ФОТО: „Шанк велосипед“- најнова атракција во Охрид

Во Охрид по кејот можете да се возите со најновата атракција шанк, кој всушност е велосипед. Сите кои седат на шанкот мора да вртат со нозете на педалите за тој да се движи, јавува порталот Охрид 1.




Охриѓани што ви направија изминативе десет години!

Да отвориш "portable WC" појќе промет ќе имаш :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom