ТОЕFL и SAT се пријавуваат преку нивните официјални сајтови. ТOEFL мислам дека ме чинеше 8000 ден. ама не сум сигурен точно. SAT ме чинеше $80, 3700 ден.
Двата теста се полагаат во NOVA Аmerican International schools во Скопје.
TOEFL e Internet Based Test и се полага на компјутер.
SAT е paper based, на хартија, поделен во секции.
На TOEFL извадив 98/120 со некое минимално спремање. Но треба стварно да ви оди англискиот и да зборувате течно за повисок резултат, без припреми. TOEFL e логички тест по Англиски јазик. Повеќе се фокусира на вашите вештини на разбирање и говорење англиски отколку на граматиката.
Пример: Ќе бидете временски ограничени да прочитате текст внимателно и потоа да одговарате прашања за него. Потоа ќе ви биде дадена тема за размислување (временски ограничено на неколку минути) и ќе треба да елаборирате на неа вокално. Односно ќе зборувате на микрофон. Multiple choice answers и сл.
SAT е мн потежок. Главни фактори во овој тест се Математика и Англиски вокабулар. Целиот Англиски дел ќе ви зависи од вашиот вокабулар. Поделен е на три дела: Critical reading, Critical writing и Math. Почнувате прво со есеј од делот critical writing, продолжувате со reading и math измешано. Скоро сите прашања се multiple choice, односно на заокружување. Има финти, процес на елиминација и сл. Затоа земете си ја книгата од НОВА, во неа се е убаво објаснето.
Со 2 недели спремање ги извадив овие резултати:
May 4,2013
SAT Test
На кои и не сум многу горд но доволни ми се за сега, а ќе ги подобрам идната година. Ако се спремате месец ипол активно со помош на книгата од НОВА, и максимално го збогатите вокабуларот... можете да постигнете многу повисоки резултат.
P.S. Ако има некој трансфер студент од Македонски факултет на Американски, нека ми пише пп. Ми треба инфо околу испраќањето на оригиналната документација од факултетот во компанијата за евалуација. И како се одвива сето тоа.