Се сеќавам дека го гледав многу одамна филмов, но никогаш не ми избледе од меморија!
Содржината нажалост не можам точно да ти ја доловам, бидејки може да се интерпретира на различен начин, и од многу различни аспекти.
Битно е дека станува збор за психолошки трејлер.
И јас на пример, сфатив дека таа Бети страда од синдром на подвоена личност, и дека всушност таа е Рита.
Поради неуспешниот живот, и кариерата која чинам дека во текот на дејствието и тргнува по надолна линија, (тој дел е изоставен во наративот), таа го губи социјалниот живот и започнува да се навраќа на старото место (во театарот), и да се претставува како друга личност обидувајки се повторно да се изгради, во што на крај не успева, па се соочува со фактот дека Рита е само производ на нејзината имагинација.
Настаните, како и ликовите кои ја напаѓаат на крајот, се исто толку ирационални и апсурдни, колку и нејзиниот карактер.