Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Многу добро продолжение на филмчево, ја мислам ако искочи уште некое продолжение (а ќе искочи) ова ке иде ко серија, обожавам брзи филмови и без многу цепидлачење, кој е за нек го гледа :)

MV5BMTM3NTg2NDQzOF5BMl5BanBnXkFtZTcwNjc2NzQzOQ@@._V1_SX214_.jpg

П.С. Џизас какви жени има у филмов (y)
 
Не знам дали ќе добијам хејт за ова пошто не знам какво мислење има форумов за филмов, а и знам дека каснам 2-3 години ама мислам дека Black Swan заслужува од мене една 10ка на IMDb.

Филмов ептен ме воодушеви и тоа од многу аспекти: глума, режија, саундтрак, напнатост, сценографија, неизвесност....
Филмов до душа ми остави ваков впечаток пред се пошто не ни очекував ваков филм, мислев дека ќе биде некоја хипстерска драма која што на некаков уметнички начин ќе се обиде да пренесе некоја си порака а притоа и да ги воодушеви старците од академијата. I've never been so wrong in my entire life. Една од подобрите т.е. најдобар трилер филм што го имам погледнато. Да успееш да споиш трилер со балет дефинитивно треба талент.

Единствено мислам како минорни flaws на филмов (што до душа и не се недостатоци) е што филмов максимално се доживува во кино а според мене не би имал некоја rewatch value, ама ќе треба да го погледнам пак за да одлучам дали филмов и по неколку гледања би го имал истиот ефект.
 
Ја едно 5 пати го имам гледано, а сценава уште си ја пуштам

Еден од оние психолошки трилери кој сепак се издвојува со тоа што успева да ги сплоти балетот и кошмарите и на некој начин успева да создаде темна бајка. Гледај го и Тенант на Полански ако не ти е гледан ако сакаш слична атмосфера и уште поголема напнатост.
 
Не знам дали ќе добијам хејт за ова пошто не знам какво мислење има форумов за филмов, а и знам дека каснам 2-3 години ама мислам дека Black Swan заслужува од мене една 10ка на IMDb.
Филмов ептен ме воодушеви и тоа од многу аспекти: глума, режија, саундтрак, напнатост, сценографија, неизвесност....
Нема да добиеш хејт пошто Јонзе му даде 3/10 и отиде во пензија :pos:

Филм за кој би платил карта да го видам на кино, жал ми е што го изгледав на лап-топ.
 
World War Z
аууу fucking предобар филм! Одличен блокбастер, после Транс оди на листата на филмови на кои најмногу сум уживал без да трепнам! 3Д ефектите ОК, но филмот во глобала мене одличен.
World War Z ќе беше многу бољи филм доколку не го едитираа цел ебан крај, првичната замисла беше одлична, прво, зашто Џек од Лост повеќе ќе глумеше :) и второ, многу повеќе ќе се навлезеше во карактерот на Бред а и публиката ќе се поврзеше со него ( нешто што и те како фалеше ), и ќе имаше една епик битка во Москва, град кој целосно беше изигнориран во филмот, како и еден D-day на американско копно.

Се чудев како е можно Џек да прифати таква улога, али ете замислата била друга, да видиш да не веруваш Линделоф ( затоа и Џек е тука ) напишал многу бољи крај, според мене, крај кој токму фалеше у филмов али тоа е ...
Се надевам ќе искочи издание на филмов и со тој крај, зашто сцените се снимени, али потоа се преснимувал целосно крајот.

п.с. И филмот е замислен ко триологија, и искрено, незнам како после крајов сега ќе продолжат, секако има основа кога е во прашање Холивуд но со оној првично замислен крај продолженијата и те како добро ќе легнат, читнете да видите за што станува збор, дури и ептен криво ќе ви падне што не заврши така филмот. Сега според мене тука треба да застанат, финито.
 
со псај зборевме, леонардо ди каприо глумел боље коа бил мал отколку сега
ја викам ѕвер и ко мал, ѕвер и сега... мислам дека псај го заснова неговото мислење најмногу поради тоа што има помалце филмови глеано коа е возрасен а и помалце му се допаѓаат, а и има неколку потешки ликови за глумење ко мал

discuss.
 
Во право е Псај. Нема ни Ѕ од Ѕвер сега и тоа е најмногу поради улогите кои ги одбира. Прво, тој има сеуште младешки лик што е добро и младешки глас што е лошо, затоа што не може да одработи улога на постар и посериозен лик. Улогата во Џанго му е тешко промашување, таа е улога за 50+ годишен сериозен негативец, додека Ди Каприо беше како дете во неа обидувајќи се да делува безмислосно и сурово. Сега и Големиот Гетсби уште не ми е гледан ама и таа е типично таква улога, каква што беше и Авијатичарот.

Тие не се улоги за него. Тој сеуште може да одработи нешто подинамично и поживо да му се невиди, каде ги наоѓа сите оние досадни улоги не ми е јасно. Не викам да биде Том Круз и да рипа врз коли на автопат, ама барем нешто во смисла на Catch me if you can...

Се чудев како е можно Џек да прифати таква улога, али ете замислата била друга, да видиш да не веруваш Линделоф ( затоа и Џек е тука ) напишал многу бољи крај,
Јас ако добро разбрав Линделоф го напишал овој крај, изменетиот... Во секој случај тоталного измениле карактерот на филмот затоа што биле во голем минус со пари, преку 250 милиони. Сега делува како не така голем и непретенциозен филм и се согласувам дека не треба да прават римејк.
 
Го гледав филмов,ама не го сфатив дали може некој да ми ја објасни поентата на филмот? :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
Го гледав филмов,ама не го сфатив дали може некој да ми ја објасни поентата на филмот? :)
Не си обратил доволно внимание на лезбејските сцени. Гледај ги пак.
 
Битно Линч го гледаш, па дали го сфаќаш или е за тебе друга небитна работа е :D
 
Се сеќавам дека го гледав многу одамна филмов, но никогаш не ми избледе од меморија!
Содржината нажалост не можам точно да ти ја доловам, бидејки може да се интерпретира на различен начин, и од многу различни аспекти.
Битно е дека станува збор за психолошки трејлер.

И јас на пример, сфатив дека таа Бети страда од синдром на подвоена личност, и дека всушност таа е Рита.
Поради неуспешниот живот, и кариерата која чинам дека во текот на дејствието и тргнува по надолна линија, (тој дел е изоставен во наративот), таа го губи социјалниот живот и започнува да се навраќа на старото место (во театарот), и да се претставува како друга личност обидувајки се повторно да се изгради, во што на крај не успева, па се соочува со фактот дека Рита е само производ на нејзината имагинација.

Настаните, како и ликовите кои ја напаѓаат на крајот, се исто толку ирационални и апсурдни, колку и нејзиниот карактер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom