Точно е дека кога некој те сака можеш да му правиш што сакаш,НО...
Има такви на кои ќе им прекурчи некој ден и ќе те пратат на “едно“ место,има такви кои ќе ти го прават меракот и ќе ти идат по г`зот за на крај да извлечат нешто во нивна полза,има и такви кои се свесни дека ги моташ како сакаш,ама пустата “љубов“ нема да им дозволува да стават крај и секогаш остануваат повредени,ама и секогаш ќе има такви кои се доволно мутави да играат како што ќе им свириш.
Сум била во ситуација да замижувам на многу работи поради чувствата,да верувам во лажни ветувања и на крај со 1001 прашалник да останам,ама си ја научив лекцијата од тогаш и тешко дека некој може да манипулира со мене.
Еден типичен пример за ова :
tipot koga ke znae deka ti go sakas pa ke pocne da te ucenuva so seks, raskinuvanje i red drugi raboti
...
Една познајничка моја се фати со тип и им беше преубаво,љубов на сите страни...тоа траеше и траеше и траеше и одеднаш поради таа љубов од нејзина страна дојде до уценување да имаат секс или во спротивно готово е меѓу нив...
Му даде,да...од пустиот страв да не остане сама и да не ја изгуби “љубовта на нејзиниот живот“...
Се уште одат...2 години,а може и некој месец повеќе чинам.
Каква им е врската?
Таа го изневерува,тој ја изневервуа...
Зашто се заедно?
Тој-бидејќи ако раскинат брачкото ќе треба да чека за да ги го пикне автомобилчето во некоја гаража...
Таа-бидејќи и е потенцирано дека ако си најде друг,тој друг ќе биде претепан од страна на г-динов од приказнава.
Многу романтична приказна,нели?
Искрено,не посакувам ваква врска.Не ја искористувам љубовта која ми се пружа од страна на мојот најмил,туку возвраќам со иста мера