Хич не си ми јасен, ај прво со вториов дел. зошто е потребно да остане бебето на земјата и предвкуси работите за да после ги вкуси во небесниот рај? ми нема логика ако е веќе безгрешно, што мајка бараме илјадници години. или треба да го истестира секое бебе?!?!??!?
Бог Е Животодател: нема поголем дар Божји, од тоа да се биде жив, односно да се постои, да се битисува.
Согласно Божјата заповед, луѓето треба да се „...плодат и множат...„ па штом Бог тоа го заповеда, треба и да Го послушаме.
Убавините од Светот и животот кои ги среќаваме во текот од овој краткотраен престој на Земјата, се само предслика за убавините во Рајот.
Овоземниот живот ни‘ е даден, со цел да Го славиме својот Творец и да се потрудиме за заработиме едно од оние рајски места, кои Творецот веќе ги подготвил за оние кои Му се по волја.
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 11:44 ---
а сега и на првиот дел, ........ ако е напишано од човечка рака, со дух облагодотен од бога, тогаш на тој што го пишувал би му било многу лесно да го напише на разбирлив јасик тоа што му е кажано, а не да го остава во завиена форма и да се чудиме ние со години што сакал писателот да каже.
и за крај, твои беа зборовите дека деница била исфрлена од рајот, што значи и другите знаеле ..... а со нив и адам
Јазикот на кој е пишувано Писмото е едноставен, а во себе крие повеќеслојно значење и содржина па затоа е потребно толкување на запишаното.
Деница бил исфрлен од Небесата, не од Рајот. Адама и Ева беа исфрелни од Рајот, но ниту Адам ниту Ева немаа непосреден контакт со Небесата и со демоните па затоа и не можеа искуствено да осознаат како изгледа злото.
Демоните беа исфрлени од Небесата пред Адамовото создавање и грешење.