А кој вели дека тоа е истото познавање? Тоа што ти го протежираш како исто, не значи и дека навистина е така. Зар со цел памет мислиш дека Бог им забранил да вкусат од дрвото кое што ќе им каже дека не е убаво да се лаже, да се краде, да се убива, да се силува. Зар со вакво познавање се станува „како Бог“? Па и еден робот може лесно да се програмира да не лаже, да не краде, да не убива, да не силува итн.
Сето ова е дел од совеста на човекот (со исклучок на оние што имаат утапена или раштимана совест, психопати и сл.) и Библијата за совеста секогаш збори афирмативно, позитивно, а не како за нешто што е добиено по пат на грев и непослушност.
А основа за одговорност и те како има, бидејќи Бог јасно им заповедал да не јадат од тоа дрво и јасно им кажал дека ако каснат од тоа дрво ќе умрат. Да не им кажал или да им кажал во некоја завиена поетска форма, можеби би имале изговор да кажат абе не знаевме дека не требаше да јадеме од тоа дрво или не го сфативме баш Бог најјасно. Ама Тој им кажал од јасно по јасно и од директно подиректно.
п.с. И сега очекувам повторно дискусијата да се сведе на вртење во круг. Ок, само однапред ти велам дека повеќе од 2 кругчиња на рингишпилов со тебе не се возам