Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Ако Адам и Ева биле марионети, тогаш немало да има теоретски шанси да згрешат. Но баш затоа што не биле марионети, тие имале можност да згрешат. Библијата за тој грев (јадењето од забранетото дрво) зборува како за првиот престап/грев, така што тие немале направено друг грев пред тоа.
Адам и Ева не би згрешиле ако каснале од друго дрво, затоа што сите други дрва им биле дозволени од Бог, така што каснувањето од другите дрва не би било грев.
Не било под лажно име, во спротивно Бог би лажел или дека била лажно пренесена таа вистина во Библијата. Но ако веруваш во било која од овие тези, тогаш тоа би значело дека се во Библијата би можело да е лага. А во тој случај бесмислена е дискусијата да продолжи понатаму затоа што се сведува на „зошто Бог направил вака или онака, а уствари ја не ни верувам дека тоа воопшто се случило“.

Мене ми е тешко сфатливо дека некој кој не ја знае разликата помеѓу доброто и лошото неможе да направи нешто лошо. Затоа верувам дека Адам и Ева сигурно имале такви грешки но се до моментот да посегнат по забранетиот плод тие биле лесно опростливи со изговорот дека грешеле во незнаење.
Но моментот со каснувањето на плодот и понатамошните постапки веќе настапува промената. Со каснувањето на плодот веќе би требало да го имаат сознанието но збунка сум што и пред и после каснувањето Адам и Ева си остануваат непроменети во мислата и желбата за независност и самостојност во одлуките. Забранетиот плод ми делува како плацебо.
Поинаку ќе беше ако приказната беше во стилот: еден ден Адам и Ева како новопечен брачен пар посакаа да се одделат од Бог и да си живеат сами во стан под кирија или сл...отколку каснаа па знаеја ама несакаа да признаат па се криеја итд, итд..
 
Кога веќе им забранувал, зошто им го ускратил сознанието за добро и зло тогаш? Како може да згрешат, ако немаат концепт за добро и зло?
Зошто упорно се правите наудрени и го игнорирате ова?

Сум „заприметил„ дека на форумов има членови, кои не престануваат да препрашуваат едно и исто прашање, дури не добијат одговор по својот кеиф...

Што мислиш, дека е проблемо‘ во прикаската за која не добиваш одговор, иако веќе Ти е даден?
 
Сум „заприметил„ дека на форумов има членови, кои не престануваат да препрашуваат едно и исто прашање, дури не добијат одговор по својот кеиф...
Види кој го кажува ова...:tapp:
 
Сум „заприметил„ дека на форумов има членови, кои не престануваат да препрашуваат едно и исто прашање, дури не добијат одговор по својот кеиф...

Што мислиш, дека е проблемо‘ во прикаската за која не добиваш одговор, иако веќе Ти е даден?
Ти даваш одговор што нема врска со прашањето! Јас те прашувам едно, ти одговараш петнаесто!
Не те прашав ни за слободна волја, ни за што бил лукавиот, ни какви други дрвја имало во рајската градина, ниту било што друго кое напиша! Те прашав следново:
ТОЈ БИЛ СОЗДАДЕН БЕЗ СОЗНАНИЕ ЗА ДОБРО И ЗЛО! Како можеш да бараш одговорност од некој на кој ти самиот си му ја забранил способноста да разликува добро од зло?
Како ќе разликуваш исправна од погрешна постапка без концепт за добро и зло?
 
Ти даваш одговор што нема врска со прашањето! Јас те прашувам едно, ти одговараш петнаесто!
Не те прашав ни за слободна волја, ни за што бил лукавиот, ни какви други дрвја имало во рајската градина, ниту било што друго кое напиша! Те прашав следново:

1. Првите луѓе, битисуваа во непосредна близина Божја, во апсолутно добро, примајќи ја благодатната енергија од својот Творец. Така, и Адам и Ева искуствено знаеја што е тоа „добро„.

2. Бог ги предупреди на можната последица доколу не Го послушаат па така и Адам и Ева (поточно Ева дознава од Адама) имаа на ум што ги чека

Се‘уште сметаш дека првите луѓе, на кои разумот и е даден по раѓање, немаа поим што прават и што може да им се случи?
 
Работава е... „испревртена приказна„...o_O

Работата е местенка бе. Сите неповолни услови ги создаде и еден миг не се помисли Бог да рече , “Добро јас ја создав таква нетрпелива, јас им ставив искушение пред неа... и јас треба да одговарам барем како соучесник во работата“ Така на времето правеа агентите на УДБА ќе најдоа некој грев кој има склоност кон жени, комар, пари, ќе го навлечеа со уцени да соработва со нив и после и поколенијата негови страдаа ради тоа.
 
1. Првите луѓе, битисуваа во непосредна близина Божја, во апсолутно добро, примајќи ја благодатната енергија од својот Творец. Така, и Адам и Ева искуствено знаеја што е тоа „добро„.

2. Бог ги предупреди на можната последица доколу не Го послушаат па така и Адам и Ева (поточно Ева дознава од Адама) имаа на ум што ги чека

Се‘уште сметаш дека првите луѓе, на кои разумот и е даден по раѓање, немаа поим што прават и што може да им се случи?
Која е поентата да забраниш некому нешто кое веќе го има? Ако тие распознавале добро од зло, зошто сознанието за добро и зло им било забрането?
Ако ти знаеш да читаш и пишуваш, има ли логика некој да ти рече забрането ти е да научиш да читаш и пишуваш? Како ќе ти забрани да осознаеш, нешто кое веќе го знаеш?
 
Која е поентата да забраниш некому нешто кое веќе го има? Ако тие распознавале добро од зло, зошто сознанието за добро и зло им било забрането?

И на ова прашање веќе имаш одговор, цитирам дел од свој пост од синоќа:

„...Божјата промисла одредила дека Адам и Ева, во даден момент, согпасно нивниот духовен раст, штом бидат подготвени и доволно дораснати, ќе дознаат и за разликата меѓу доброто и злото, но Ева нема трпение да порасне, па сака пред време (пред да биде доволно порасната) да знае што е „добро„ а што „зло„, слушајќи ги демонските сугестии, а неслушајќи го предупредувањето Божјо....„.
 
Црвениот болд ти е контрадикција на она што предмалку го кажа:
Адам и Ева искуствено знаеја што е тоа „добро„
Ако тие веќе знаеле што е тоа добро, како може после тоа да дадеш одговор во кој велиш дека предвреме сакале да дознаат? И која е поентата да ги казнуваш поради тоа, ако немале концепт за добро и зло?
 
Црвениот болд ти е контрадикција на она што предмалку го кажа:

Ако тие веќе знаеле што е тоа добро, како може после тоа да дадеш одговор во кој велиш дека предвреме сакале да дознаат? И која е поентата да ги казнуваш поради тоа, ако немале концепт за добро и зло?

Токму тоа што си го болтувал, не ме чини противречен туку напротив-напишав и пак пишувам: првите луѓе битисуваа во доброто и имаа искуствено сознание што е тоа добро (а не и искуство за „злото„) а имаа и предупредување за можната последица од непослушноста кон Бога. Не напишав дека првите луѓе искуствено знаеле што е тоа „зло„.

Значи, и Адам и Ева имале доволно сознанија (доброто+предупредувањето), за да можат да ги разликуваат нештата, исто како што имале и разум и слободна волја, како „алатки„ за користење и за разбирање на она кое од Бога им било навремено укажано.
 
Мене ми е тешко сфатливо дека некој кој не ја знае разликата помеѓу доброто и лошото неможе да направи нешто лошо.

А кој вели дека Адам и Ева не ја знаеле разликата меѓу доброто и лошото? Адам и Ева биле создадени со совест (морална водилка) и плус на редовна база си разговарале со Бог, затоа се уште го немало гревот да ги одвои од Бог и тие имале шанса да се едуцираат од Него. Башка тие имаа и јасна заповед од Бог да не јадат од тоа дрво. А тоа што тие одлучија да му поверуваат на Сатаната (кој го наклевети Бог дека е лажливец) и се посомневаа во добрите намери на Бог кон нив и на некој начин му искажаа почитување и послушност на Сатаната, а непочитување и непослушност на Бог - тоа е свесен и намерен грев, за кој што добија заслужена казна.

Поинаку ќе беше ако приказната беше во стилот: еден ден Адам и Ева како новопечен брачен пар посакаа да се одделат од Бог и да си живеат сами во стан под кирија или сл...отколку каснаа па знаеја ама несакаа да признаат па се криеја итд, итд..

Е да, поинаку ќе беше приказната, ама ете, не била таква, за жал или за среќа не знам. Сепак, како што кажав погоре, гревот на Адам и Ева е малку посериозен од едно обично каснување од дрвото. Тие го направиле следново:
- Му поверувале на Сатаната, а се посомневале во Божјите добри намери кон нив.
- Му поверувале на Сатаната кој го наклеветил Бог дека лаже (значи се согласиле со тоа дека Бог лаже)
- Му искажале непослушност на Бог.
- Посакале да станат „како Бог“
--- надополнето: 25 јуни 2013 во 14:45 ---
Кога веќе им забранувал, зошто им го ускратил сознанието за добро и зло тогаш? Како може да згрешат, ако немаат концепт за добро и зло?
Зошто упорно се правите наудрени и го игнорирате ова?

Не го игнорирам, туку со тебе овој муабет го вртев до сто едно и назад и досадно ми е да ги праам истите муабети.
http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-за-Христијанството-ii.43534/page-208
Едноставно се сложувам дека не се согласуваме по ова прашање. Позз
 
Која е поентата да забраниш некому нешто кое веќе го има? Ако тие распознавале добро од зло, зошто сознанието за добро и зло им било забрането?
Ако ти знаеш да читаш и пишуваш, има ли логика некој да ти рече забрането ти е да научиш да читаш и пишуваш? Како ќе ти забрани да осознаеш, нешто кое веќе го знаеш?
И на ова прашање веќе имаш одговор, цитирам дел од свој пост од синоќа:

„...Божјата промисла одредила дека Адам и Ева, во даден момент, согпасно нивниот духовен раст, штом бидат подготвени и доволно дораснати, ќе дознаат и за разликата меѓу доброто и злото, но Ева нема трпение да порасне, па сака пред време (пред да биде доволно порасната) да знае што е „добро„ а што „зло„, слушајќи ги демонските сугестии, а неслушајќи го предупредувањето Божјо....„.
и двајцава ве цитирам од причина што ми е поврзана мислата со следново:
кога искуствено ЗНАЕЛЕ за доброто, искуствено знаеле дека бог не лаже, дека искуствено се’ е ОК, како тогаш наеднаш им се појавил СОМНЕЖОТ? нели не им бил познат концептот на ЗЛО? а сомнежот е дел од концептот зло, затоа што не му поверувале на бога, а со тоа веќе пројавуваат распознавање на ДОБРО И ЗЛО :confused: односно почнале да прават разлики нели?
 
Ај поедностави го прашањево...:unsure:..Во што се посомневале првите луѓе? Во Бога?
 
Ај поедностави го прашањево...:unsure:..Во што се посомневале првите луѓе? Во Бога?
па ДА, за да се посомневаш мора да го знаеш концептот на добро и зло. во спротивно нема да се сомневаш и ќе си тераш како што треба.
 
па ДА, за да се посомневаш мора да го знаеш концептот на добро и зло. во спротивно нема да се сомневаш и ќе си тераш како што треба.

1. Адам и Ева беа во Рајот и во неговите блага, каде смртта била непознаница.
2. Бог ги предупреди со можна последица-смрт, ако не Го послушаат.
3. Рајот и смртта се две неспоиви нешта-смртта не може да постои во рајската средина.

Очигледно е дека дека првите луѓе имале избор, иако немале искуствено сознание за смртта. Одлуката од луѓето да ја послушаат змијата а не Бога, не е Божја кривица и Бог, во грешката човекова нема непосредно учество.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom