Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Епа битолчани честито! Си го избравте и долги години да ви владее. :sneaky:

Добар глумец е мора да се признае.
 
WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
До негде се сложвам со то 'зонско' во Битола...
Живеам во центарот, и слободно место за паркинг немам се до 4-5 сатот, од шо мака морам да ја паркирам колата уџум некаде за да си одам дома? Цела битолска драгасија изнакупија коли за 1000 евра па ајде сеа ќе се курчиме низ град да не видат...

Али...
Како можи градежна фирма да добие ваков тендер? :eek:
Многу јасно како можи, со финансирање на кампањата на Двојче, за компензација си добива златна кокошка, пари од небо паднати...
Малку е цела механизација што преку ноќ ја лапнаја од РЕК и сега му ја рентат за баснословни суми, сеа и од воздух пари ќе прат.
2300 евра месечно за општината :facepalm: па во обичен ден за два сати ќе ги извадат тие пари. Па дури и VIP карти ќе има таман за сите вмровчиња :sneaky:
Ќе вработат 70 луѓе кои лепеле плакати, а во цел град, Прилеп и Ресен функционира само еден пајак :LOL: Тие 70 луѓе изгледа кај паљото ги спремат сеа за учка да ја кренат колата.

Зонското паркирање не е решение за сообраќајниот хаос. Зонското е крадење на народот, продавање магла, нешто шо до вчера било бесплатно од денес се плаќа...
Ништо чудно и такса за воздухот да плаќаме во иднина.
И немој некој да ми реплицира дека така е во европа, затоа што ние не сме во европа, немаме европски плати, ако веќе прајме споредба со платите и цената тогаш кај нас тоа зонско треба да кошта 5 денари од сат максимум и дури и од таа цена ќе се вадат плати за тие вработени ;)
Улиците во Битола се од пред 5-60 години, кога имаше по една кола во едно маало, сега има две коли во секој двор. Решение за паркингот се нови паркинг места, па дури и секоја улица во градот да е едносмерна и со паркинг лента, а не ем паркирани коли од двете страни ем двонасочен собраќај во тесна улица да неможиш да се разминиш.

Од ко е Двојче дојден на власт (8+ години), еден ебан паркинг нема напраено, ни подземен ни надземен никаков.

Ама слатка е пуста плата од 100 евра, и срце патриотско не дава умо да се мисли против партијата и пастирот :notworthy:
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
До негде се сложвам со то 'зонско' во Битола...
Живеам во центарот, и слободно место за паркинг немам се до 4-5 сатот, од шо мака морам да ја паркирам колата уџум некаде за да си одам дома? Цела битолска драгасија изнакупија коли за 1000 евра па ајде сеа ќе се курчиме низ град да не видат...
Џабе бате, и со зонско и без, пак нема да имаш место да паркираш ако живејш в центар. Плаќањето на таксата од 300 денари не ти гарантира место на паркингот, макар тоа било и кај тебе пред куќа/зграда.

Од ко е Двојче дојден на власт (8+ години), еден ебан паркинг нема напраено, ни подземен ни надземен никаков.
Тука си во право! Ќе праел подземен паркинг жими мадињата, а онде по еден ивичњак дено местат на сред центар карши гоце делчев! Улицата за в пазар една година стој ископана очите да му се ископат, ќе заврни малку не можиме дома да си ојме! Напрајл двојче 3 и пол кружни текој, го регулирал сообраќајот (она кај гроздо не се знај дали е кружен тек или шахта), покрај драгоро уште калдрма имаме во 21ви век бе еееј барем рамна да беше, пешки не мојш да поминиш а не со кола, коритото на 10 места паднато е, уште знаци стојат да се пази, да заврни малку со се кола можиш во драгоро да падниш... затворенио базен кај да е ќе го напрат, заедно со се подземнио паркинг со едно мање да не се арчи многу зајре... 8 години жабени жабени жаби да му скокат по дома, една фабрика отворија жими таја шо е, по 10000 на луѓето му дават, 16 парцели биле продаени се чекало да се почни со изградба, со која црна изградба бе зрзе едно, да не беше рек требаше градо да го затворат, кључо да му го клат!
 
Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
Ај некој нека сподели информација дали во општина Аеродром се наплаќа паркинг во близина на ВЕРО-то?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Срам да му... Арам да му е
Уште се за**ават со нас , сме „ сакале зонско “

Предлагам оваа тема да се обедини со темата Зонско-раволтирани граѓани
http://forum.kajgana.com/threads/Зонско-револтирани-граѓани-ваши-искуства-со-Зонското-паркирање.36187/page-48
Треба сите да се обединиме против зонашиве
Ова не е бизнис економија - ова е криминал
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Јас го почитувам твојот труд, но џабе се и темите, џабе се и поплаките. Ова само на еден начин се решава, со Молотов коктел. Но бидејќи ние како народ само знаеме да џавкаме, зонското ни го инсталираа без никакви проблеми.

Инаку, таа свињата дебела на сликата, е еден од најбогатите луѓе во Битола, се збогати по партиска линија со тендери во РЕК. И малку му се тие пари, сега сака од луѓето да зема. Пак ќе кажам, или Молотов коктел, или ништо.

Значи, ништо.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
за битола

ако се намали гужвата и хаосот во сообраќајот во центарот на градот (околу епинал,пелагонка 2,околу саатот,јавор и надолу,борис кидрич,околината на градската библиотека) може да се прогласи успешен проектот

тотален хаос,некултура,никакво почитување на сообраќајните правила и покрај високите казни воведени пред некоја година му даваат на градот една мнооооогу грда слика која мора да се поправи на некој начин
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Во Капиштец зонашите отвараат уште еден паркинг
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=39CB30A058DEED40BC50534B27C82D4E
Во Охрид и Битола зонско
http://www.build.mk/?p=26421

Вчера им газев на паркингов додека беше нов! :D

Него, јас од инат не плаќам на зонско, се паркирам на другиве легални паркинзи, па макар и да ме чини поскапо. Значи во минатото беа ресторани најпрофитабилен бизнис, па кладилници, а сега ова. Навистина не е фер, ај улици нека се наплаќаат, ама цели паркинзи што биле бесплатни (кај Беверли) сега да се наплаќаат...нема логичка смисла.
--- надополнето: 25 јуни 2013 во 10:18 ---
за битола

ако се намали гужвата и хаосот во сообраќајот во центарот на градот (околу епинал,пелагонка 2,околу саатот,јавор и надолу,борис кидрич,околината на градската библиотека) може да се прогласи успешен проектот

тотален хаос,некултура,никакво почитување на сообраќајните правила и покрај високите казни воведени пред некоја година му даваат на градот една мнооооогу грда слика која мора да се поправи на некој начин

Гледајте го искуството од Скопје де. Не се поправи ништо, полошо е се. Повеќе гужва, повеќе паркирање на тротоар, различни методи за наплата (некаде СМС; некаде само на автомат на 1 км од колата)...
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
* на некој начин МОРА да се реагира,за секој нормален човек и шофер не се трпи овој хаос.....денски се паркира кај се стигне па се “затнуваат“ улиците во центарот,а ноќе се прават бркотници и се ТРУБИ до касно во ноќта(ноќе се блиндира а не се свири)..........да се забрани сообраќајот во целост - најдобро решение.........цел центар пешачка зона освен за утовар/растовар во ноќните часови и рано насабајле
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Вака сега да се разбериме... Имаме голема сообраќајна некултура во Битола. Некултурата е баш поради то шо во Битола во последните 30 години не е напраено ниту едно паркинг место. Спомна некој погоре, порано градот ем беше помал, ем имаше по една кола на 5-6 фамилии. Сега е обратно, барем по 1 кола има секоја фамилија. 90% од возилата паркирани во центаро во битола се од луѓе шо одат во 8 на работа и ги тргат во 5 попладне. Читај до 9.30 од сабајле центаро е блокиран, и нема одблокирање дури до 6 навечер. То мора некако да се реши - според мене катна гаража (слична на онаа во Прилеп) решава се: ем нема да има гужва на парнигно в центар, ем нема да ми ја греј колата сонце 25 дена во месецо (катната гаража е покриена и затворена). Мада градскиот дедо, не мисли така, иако кој и да го прашаш без проблем би платил 20 денари дневно за паркинг во катна гаража.

Од друга страна, паркинго во Битола ќе биди првите 15 минути бесплатен, после ќе се наплаќа 20 денари по час во зона 1 (зона 2 и 3 ќе биди поефтино). Реално, не е некоја голема сума, а ќе се елиминираат голем дел од колите кои шо дремат како магацини по улиците (особено Иван Милутиновиќ) и проблемот опишан погоре.

Е сега, дека има голем бизнис во целата ситуација има. Меѓутоа, ако се сеќавате и Герзо проба да прај приватен паркинг пред спортската сала па сите знајме како си помина. Прашањето е дали ќе ни се подобри културата и свеста?

Јас си тргнувам од мене, не од некој друг. Живеам во Оризари, и секој ден идам до центар со кола. И сеа, ќе чекаме до последно да видиме шо ќе биди со зонското, ако стварно профункционира и се наплаќа, ќе си купам точак и ќе одам на работа со точак. Знам дека вакви ќе се најдат уште еден куп луѓе кој ќе најдат алтернативен превоз, за да го избегнат плаќањето. Прашањето е, оти не сме свесни да го користиме тој алтернативен превоз дури не му текни на некој да не примора?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас си тргнувам од мене, не од некој друг. Живеам во Оризари, и секој ден идам до центар со кола. И сеа, ќе чекаме до последно да видиме шо ќе биди со зонското, ако стварно профункционира и се наплаќа, ќе си купам точак и ќе одам на работа со точак. Знам дека вакви ќе се најдат уште еден куп луѓе кој ќе најдат алтернативен превоз, за да го избегнат плаќањето. Прашањето е, оти не сме свесни да го користиме тој алтернативен превоз дури не му текни на некој да не примора?
А зошто некој би ме приморувал на било што? Не сакам да одам со велосипед. Немам велосипед, не сакам ниту да имам, скроз ми е неудобно возењето со велосипед.

Јас живеам во Брусничка населба, и морам да слегувам со кола во град, обично по два пати денот. Зонското паркирање на 200 денари колку што ме кошта нафтата угоре удолу ќе ми додаде уште една 100 секој ден. Тоа ми се 50 евра директен удар по џебот месечно, оти на двојче така му текна, ДА МУ ЕБАМ СЕ ЖЕНСКО ВО ФАМИЛИЈАТА. Улиците и паркинзита не се на двојчето за да ги изнајмува на кој сака. Мајка му и сестра му не работеа за да ги заработат.

Не ве разбирам никако, ќе се средел хаосот. Никаков хаос нема да се среди.

Едвај неколку поволности имаме што живееме во оваа недојдија од држава, како што е неплаќањето паркинг, па и тие да ни ги земат.

Слушам, и кај нас требало да се плаќа, бидејќи во Швајцарија се плаќало. Лудница аргумент, нели?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас го почитувам твојот труд, но џабе се и темите, џабе се и поплаките. Ова само на еден начин се решава, со Молотов коктел. Но бидејќи ние како народ само знаеме да џавкаме, зонското ни го инсталираа без никакви проблеми.

Инаку, таа свињата дебела на сликата, е еден од најбогатите луѓе во Битола, се збогати по партиска линија со тендери во РЕК. И малку му се тие пари, сега сака од луѓето да зема. Пак ќе кажам, или Молотов коктел, или ништо.

Значи, ништо.
Зарем е подобро да молчиме?
Ако ништо друго барем ќе ги изрезилиме
А мислам дека нешто можеме и да направиме.
На пример да собереме потписи за референдум да се забрани наплатување на јавни паркиралишта.
И тоа не до Собрание туку општо народен референдум
Зошто да не се обидеме?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom