Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.031
Поени од реакции
1.143
Јас сум за малку поискусна формација во дефанзивниот ред зошто знаеме како поминуваме го ЛШ во 1/8 - финале, не елиминираа екипи во дуели во кој бевме фаворити.

-Маикон--Киву--Кордоба--Занети-

---Виеира--Камбиасо--Мунтари---

-----------Станкович-------------

--------Адри--------Ибра---------

Киву ќе треба да се бори со волот Бербо, Кордоба со Тевез или Руни, Капитенот дуел со Роналдо а Камби и Виеира да ги неутрализираат нападите. Очекувам Ибра да покаже дека заслужува да се бори за Златната Топка и да одигра како што треба на еден голем натпревар клучен за Интер. Тоа до сега некако не му одеше од рака.
Добра формација, можеби најдобра можна комбинација во моментов...
За Ибра е веќе време да ја покажи својата големина против силните екипи во вака важни натпревари.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.902
Камбијасо-Мунтари-Станковиќ-Занети ни е докажано најдобар ред и незнам зошто би менувале сега со Виера, Занети да оди назад а и Сантон и Максвел да бидат на клупа?

Виера е многу нервозен и никогаш не се знае кога ќе те извиси, а пасовите во последно време му се... како да кажам... кога додава ми иде да го скршам телевизорот за да не се мачам појќе. Било која четврка да игра назад само Занети да не биде во неа, тој има да го брка Роналдо кога сака и кај сака, мотор има во нозете човекот.

Тоа е, мое размислување, не мора да сум во право.
 
Во случајов капитенот е покорисен лево...
Максвел нема доволно дефанзивни квалитети, а Сантон е недоволно искусен за еден вака важен натпревар и пред себе да го има еден од најдобрите играчи на светот..
Значи само Киву и Занети би биле најдобро решение за левата бековска позиција. А повредата на Самуел најверојатно ќе го примора Мурињо да го игра Киву како стопер заедно со Кордоба.

И друго...
Занети не е незаменлив во средниот ред. Мислам дека Виера би бил уште покорисен...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.556
Поени од реакции
6.245
ако не го чуват маикон или занети на роналдо тоа бо требало да биде максвел.сантон се уште нема искуство за вакви натпревари :toe: незнам барем јас така мислам ПОЗДРАВ
 
Само Максвел не! Катастрофа е во одбрана, подобро да игра крило одошто бек.
Само Занети или Киву лево, а Маикон десно...
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Абре море што ми дрдорите Роналдо та Роналдо.. не е тој машина.. како играч е доста добар, ако не и најдоброто крило кое ние сме го гледале.. но ако овој Манчестер не најде стабилност, пред се поради десеткуваниот тим и можноста како што читам или Евра или некој од резервите да игра како централен дефанзивец, тогаш нити двајца Роналдо нема да ве спасат во пеколот кој се подготвува во Милано.. абе море не е ова Англија каде седат баби и дедовци на трибините, овде се води војна горе на трибини, летаат факели и бакли на сите страни.. Роналдо како Роналдо е јак, али кажи ми дали ке биде тој Роналдо доколку одбраната направи 2-3 кикса во првите 15 мин??
Мислам дека не, а исто така мислиш и ти.. значи не е се до него.. кај Манчестер е проблем да најди мир и стабилност со тие нови играчи во одбраната во тој пекол, а на Интер останува да го искористи сето тоа.. бидејки не секој ден се доаѓа во можност да се игра против Манчестер во кој се повредени или ке отсуствуваат Видич, Браун, Невил, Еванс, О Шеа.. :toe:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.902
Во случајов капитенот е покорисен лево...
Максвел нема доволно дефанзивни квалитети, а Сантон е недоволно искусен за еден вака важен натпревар и пред себе да го има еден од најдобрите играчи на светот..
Значи само Киву и Занети би биле најдобро решение за левата бековска позиција. А повредата на Самуел најверојатно ќе го примора Мурињо да го игра Киву како стопер заедно со Кордоба.

И друго...
Занети не е незаменлив во средниот ред. Мислам дека Виера би бил уште покорисен...
Ја разбирам твојата поента и не беше само ти со овој коментар, но моето размислување е дека не би го менувал него за ниеден, од неколку причини:

1. На дечково очигледно неискуството не му е никаков хендикеп. Или на нашки кажано, малиот не е*е жива сила.

2. Очигледно зборот трема не го научил.

3. Одамна не се сеќавам некој дебитант така да ја оправда довербата. не зборувам само за Интер.

Нема млад и стар фудбалер, или е добар или не е, а тој е добар. Има и помлади од него што играле врвен фудбал, нас малку ни е чудно затоа што е дефанзивец, а да играше напред немаше воопшто да дискутираме за тоа.

Се разбира дека и тој кога тогаш ќе одигра лошо и веројатно веднаш ќе му го препишеме тоа на неискуството, ама очигледно е дека не му е никаков проблем тоа. Повеќе од убеден сум дека може да го одигра мечов а мислам и дека ќе добие шанса.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.556
Поени од реакции
6.245
Абре море што ми дрдорите Роналдо та Роналдо.. не е тој машина.. како играч е доста добар, ако не и најдоброто крило кое ние сме го гледале.. но ако овој Манчестер не најде стабилност, пред се поради десеткуваниот тим и можноста како што читам или Евра или некој од резервите да игра како централен дефанзивец, тогаш нити двајца Роналдо нема да ве спасат во пеколот кој се подготвува во Милано.. абе море не е ова Англија каде седат баби и дедовци на трибините, овде се води војна горе на трибини, летаат факели и бакли на сите страни.. Роналдо како Роналдо е јак, али кажи ми дали ке биде тој Роналдо доколку одбраната направи 2-3 кикса во првите 15 мин??
Мислам дека не, а исто така мислиш и ти.. значи не е се до него.. кај Манчестер е проблем да најди мир и стабилност со тие нови играчи во одбраната во тој пекол, а на Интер останува да го искористи сето тоа.. бидејки не секој ден се доаѓа во можност да се игра против Манчестер во кој се повредени или ке отсуствуваат Видич, Браун, Невил, Еванс, О Шеа.. :toe:
јас мислам дека во одбраната на манчестер има многу стабилност и мир само има могу повредени.резултат на одбраната е 15 натпревари поред без примен гол во ПЛ сепак незнам не сум јас некој голем стручњак да знам што ке биде и како ке биде?јас мислам дека најдобро ке биде да ја гледам утакмицава и после да дискутираме зошто се случило тоа што се случи :toe: ПОЗДРАВ
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.031
Поени од реакции
1.143
Абре море што ми дрдорите Роналдо та Роналдо.. не е тој машина.. како играч е доста добар, ако не и најдоброто крило кое ние сме го гледале.. но ако овој Манчестер не најде стабилност, пред се поради десеткуваниот тим и можноста како што читам или Евра или некој од резервите да игра како централен дефанзивец, тогаш нити двајца Роналдо нема да ве спасат во пеколот кој се подготвува во Милано.. абе море не е ова Англија каде седат баби и дедовци на трибините, овде се води војна горе на трибини, летаат факели и бакли на сите страни.. Роналдо како Роналдо е јак, али кажи ми дали ке биде тој Роналдо доколку одбраната направи 2-3 кикса во првите 15 мин??
Мислам дека не, а исто така мислиш и ти.. значи не е се до него.. кај Манчестер е проблем да најди мир и стабилност со тие нови играчи во одбраната во тој пекол, а на Интер останува да го искористи сето тоа.. бидејки не секој ден се доаѓа во можност да се игра против Манчестер во кој се повредени или ке отсуствуваат Видич, Браун, Невил, Еванс, О Шеа.. :toe:
Како и да е, Роналдо е еден од најдобрите фудбалери моментално, не е машина но за него треба да се постави искусен и добар дефанзивец а тоа јас го гледам само во Занети и Киву...
Никој не бара посебен чувар за овој играч, но треба и од левата и од десната страна да ги имаме најдобрите играчи за да си ја завршат работата на најдобар начин.
А проблемите кои ги има Манчестер во одбраната ќе треба да ги искористат Ибра и најверојатно Адриано...
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Па.. ако Адриано промашува како со Милан, јас мислам дека Мурињо уште во 60 мин ке го стави во игра Балотели.. ако резултатот е сеуште 0-0.. не се сакаа, не го земаше во првио тим.. но тоа е Мурињо.. сега не би ме чудело ни да го стави прва постава.. иако мислам дека тоа би делувало лошо на Адриано на психички план.. но Жозе ке рече.. од тактички причини!! :toe: Така да јас го очекувам Балотели да влези во второто полувреме, при било каков резултат..

П.С. Па и ксмет има многу.. што сакате речете.. јак, ваков, таков.. некни се затвора со Виеира.. прима гол за 1-1, го става Балотели по 1 мин, и овој дава гол за 1-2.. ебате ксмет.. со звезда е роден Жозе.. нема што.. немам зборови..
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Со оглед на последните неколку кола во кои се зголеми разликата на врвот, може да се каже дека играчите ќе влезат против Манчестер во позитивна атмосфера. За да се победи против Јунајтед секако дека треба тактички да се одигра совршено, како што тоа го направи на пример Милан пред 2 сезони на реваншот во Милано. Сепак тешко да се верува дека на првиот меч ќе се реши нешто повеќе. Мислам дека ќе бидат неизвесни 180 мин.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Добра формација, можеби најдобра можна комбинација во моментов...
За Ибра е веќе време да ја покажи својата големина против силните екипи во вака важни натпревари.
Оваа формација мислам дека треба да ја играме во Манчестер на гости, ако сме во состојба да браниме резултат, нормално. Инаку како што кажа IoSono нема потреба токму сега да се испробуваат нови формации кога веќе знаеме дека Занети-Камбијасо-Станковиќ-Мунтари е нашата добитна комбинација во средниот ред. Значи во најмала рака треба да се калкулира со средниот ред.
Единствено може да се направи некоја комбинација во одбраната, централни да бидат Матераци и Кордоба, а лев бек да игра Киву. Но пак ќе речам, јас искрено не сакам Матераци да игра како централен стопер поради неговиот карактер. Двајцата централни стопери нека бидат Киву и Кордоба, десно се знае, лево нека игра бамбино. Што сте запнале толку со Роналдо, имаме проверена одбрана која што игра по италијански рецепт, Роналдо еден ќе помине, друг ќе го допре. Уствари незнам дали сте го гледале последно време, Роналдо не ја практикува онаа атрактивна игра од лани, сега повеќе ги разигрува неговите колеги...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Ја разбирам твојата поента и не беше само ти со овој коментар, но моето размислување е дека не би го менувал него за ниеден, од неколку причини:

1. На дечково очигледно неискуството не му е никаков хендикеп. Или на нашки кажано, малиот не е*е жива сила.

2. Очигледно зборот трема не го научил.

3. Одамна не се сеќавам некој дебитант така да ја оправда довербата. не зборувам само за Интер.

Нема млад и стар фудбалер, или е добар или не е, а тој е добар. Има и помлади од него што играле врвен фудбал, нас малку ни е чудно затоа што е дефанзивец, а да играше напред немаше воопшто да дискутираме за тоа.

Се разбира дека и тој кога тогаш ќе одигра лошо и веројатно веднаш ќе му го препишеме тоа на неискуството, ама очигледно е дека не му е никаков проблем тоа. Повеќе од убеден сум дека може да го одигра мечов а мислам и дека ќе добие шанса.
Не си во право со муабетов и самиот знаеш. :D
И да, очекувам Мурињо да го остави во игра младичов. Или ќе биде одличен потег или ќе не кошта понатамошен пласман во ЛШ(испаѓање). Како што напоменав во најавата од пред некоја страна, Виеира би требало да биде џокерот на Мурињо, а друг клучен играч би требало да биде Адриано. Тоа се играчи кои мора да ги искористат дупките на Манчестер и да го срушат.

Во врска со судијата, се плашев од лош избор на УЕФА и токму тоа се случи. Судија со строг критериум, го убива мечот со постојаните прекини, често досудува картони за стартови и не казнува симулации. Штета. Како што тргнало за возвратниот го очекувам Мајк Рајли. :D
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.504
Поени од реакции
58.902
Не си во право со муабетов и самиот знаеш. :D
И да, очекувам Мурињо да го остави во игра младичов. Или ќе биде одличен потег или ќе не кошта понатамошен пласман во ЛШ(испаѓање). Како што напоменав во најавата од пред некоја страна, Виеира би требало да биде џокерот на Мурињо, а друг клучен играч би требало да биде Адриано. Тоа се играчи кои мора да ги искористат дупките на Манчестер и да го срушат.

Во врска со судијата, се плашев од лош избор на УЕФА и токму тоа се случи. Судија со строг критериум, го убива мечот со постојаните прекини, често досудува картони за стартови и не казнува симулации. Штета. Како што тргнало за возвратниот го очекувам Мајк Рајли. :D
Не бе Јове да мислев дека не сум во право не го фалев детето секој ден :pos2:

Иначе она второто болдирано важи и за Бурдисо, Матераци и Виера. Малиот ми е најстабилен до сега да сум Жозе не го мењам, али фала богу што не сум Жозе да бев сите ќе бевте на апчиња до сега :pos2:
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.019
Поени од реакции
22.926
Не си во право со муабетов и самиот знаеш. :D
И да, очекувам Мурињо да го остави во игра младичов. Или ќе биде одличен потег или ќе не кошта понатамошен пласман во ЛШ(испаѓање). Како што напоменав во најавата од пред некоја страна, Виеира би требало да биде џокерот на Мурињо, а друг клучен играч би требало да биде Адриано. Тоа се играчи кои мора да ги искористат дупките на Манчестер и да го срушат.

Во врска со судијата, се плашев од лош избор на УЕФА и токму тоа се случи. Судија со строг критериум, го убива мечот со постојаните прекини, често досудува картони за стартови и не казнува симулации. Штета. Како што тргнало за возвратниот го очекувам Мајк Рајли. :D
Погледни во фан клуб:Манчестер јунајтед ќе видиш дека казнува симулации и тоа против Манчестер.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom