Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Знам дека Мурињо знае дека не треба да се пропушти и знам дека знае што отприлика го очекува на Олд Трафорд и знам дека знае дека мора да извади резултат на Меаца и знам уште сега нема да бидеме понижени на фудбалски план и знам дека Жозе очајно ке сака да ја сврти играчката преку медиумите и до Вторник ке видиме уште сто изјави дека Руни не треба да игра цела сезона, дека Видич многу бил груб и треба да биде казнет до крајот на кариерата и едно нешто знам дека сите навивачи на Интер многу се плашат од Јунајтед. Шо да праам и јас кога знам.:toe:

Ако веќе зборуваме за искреност.. мислам дека треба да сме искрени дека навивачите на Манчестер се повеќе исплашени од Интер, отколку навивачите на Интер од Манчестер, бидејки нас ни фали едино Валтер Самуел.. а имаме доста замени.. можеби не како него.. но доволни.. а додека вас ви фали половина од одбраната и кога на тоа ке се додадат дека ви фалат и одбрамбените резерви.. тогаш вие сте во голем хаос и паника!! Е сега што има јаки на уста од фан клубов овде од Манчестер тоа е друго.. јас зборувам за оние навивачи на Манчестер кои пред се го разбираат фудбалот.. оние англичаните.. а исто така има и интервју на Фергусон во кое вика доколку бирав тим за пртивник во 1/8 финале тоа сигурно немаше да биде Интер.. е сега ако сеуште се правиш дека не си ич загрижен.. или дека мислиш ние сме повеќе од тебе.. се лажиш бе брат.. тоа е.. вие сте ослабени.. и молете бога да постигнете барем еден гол.. оти секако ке примите.. сакале или не.. насила ако треба.. :toe::smir:

П.С. И веќе потврдено: Валтер Самуел ке го пропушти Манчестер!!
 
кај прочита?
Повели, нема на официјалната страна, али сепак, дефинитивно нема да настапи во првиот меч, очигледно Киву - Кордоба ке играат на централните позиции во одбраната .
 
Во групи Интер не изиграа ништо посебно , па пак успеаа да идат даље , така да сега очекувам многу подобра игра од нив во овој дуел со Манчестер. Јес да Ѓаволите не се ни Вердер , ни Кипарците а фала Богу не се ни Панатенаигз.

Ако изиграат како што изиграа со Билан се ќе биде во ред , а иако многу луѓе се откажаа од него јас уште имам доверба во Имтераторот и верувам дека ќе даде гол(ови). Ипак мислам дека борбата ќе се крши доле покрај аут линијата кај еден човек што џвака мастика и друг што е едноставно ФАНТАСТИЧЕН. Не ми текнува на нивниот биланс кога Спешл уан беше менаџер на Челзи , ама Интер не се Челзи така да и тоа не е некоја веродостојна статистика.

Сепак ќе биде убава утакмица за гледање , ама се сеќирам за Роналдо , пошто Мунтари таквите лепотани особено сака да ги крши:)
 
Повели, нема на официјалната страна, али сепак, дефинитивно нема да настапи во првиот меч, очигледно Киву - Кордоба ке играат на централните позиции во одбраната .
мене и оваа двојка ми се допаѓа а и матераци е тука!
добар или лош знам дека марче наш игра со срце и нема да потклекне под предизвикот!
утре си палам свеќа во црква Бурдисо да не игра!!!
 
мене и оваа двојка ми се допаѓа а и матераци е тука!
добар или лош знам дека марче наш игра со срце и нема да потклекне под предизвикот!
утре си палам свеќа во црква Бурдисо да не игра!!!
Пишав поназад, јас сум за комбинација Матрикс - Кафе де Колумбија ( прекарот од Скарпини за Кордоба ), сепак, Матрикс е искусен играч, тука е Мурињо за да го смири неговиот темперамент, но проблем е наводната расправија помеѓу нив која веше протната во медиумиве по градското дерби . И мене ме зачуди тоа што Марко во истото не играше, по одличната партија со Лече, башка и Самуел и Киву претходно имаа проблеми со повредите . Ке видиме, а и да додадам, Максвел сакам да го видам од стартот, не Сантон .
 
мене и оваа двојка ми се допаѓа а и матераци е тука!
добар или лош знам дека марче наш игра со срце и нема да потклекне под предизвикот!
утре си палам свеќа во црква Бурдисо да не игра!!!

Две ако сакаш, но факт е дека Бурдисо се труди. Е сега, исходот на неговиот труд не е секогаш најдобар, но сепак човекот колку што може - се труди. А и доста брз е, и со оглед на високото темпо и брзината на играта на Манчестер, не би бил изненаден доколку Мурињо одлучи да го стави токму Бурдисо во првата постава.
 
токму така!
колку и да ми се допаѓа сантон сепак мислам дека ова е премногу за него!
Роналдо ке го извади од такт детето ке го претрчува и ке го дрибла нонстоп што би значело и лесен пробив до голот и шанса за шут што нас не ни одговара!
среќа мунтари е лево па може да го собере 2-3 пати асално за да не изигрува мангуп кики!

@Тони не ми кажуј прикаски за мали деца жити мене!
колку сака нека се труди и колку сака нека е брз факт е дека Бурдисо е катастрофален играч кој се губи среде утакмица и во обид да си ја поправи грешката не пика во поголема кал!
 
Кога сме веќе кај тоа кој да игра кај мене има само две одбрамбени линии со овие играчи кои ги имаме, а сакам да ги видам јас..

Маикон, Кордоба, Матераци, Чиву
Маикон, Кордоба, Чиву, Максвел

Мислам дека од овие две немаме подобри во моментов.. онаа првата ми е некако подефанзивна, а другава поофанзивна.. е па сега за што ке се одлучи Мурињо ке видиме.. а да не ве чуди ако го стави и Сантон во првиот тим.. сепак тоа е МУРИЊО..
 
Две ако сакаш, но факт е дека Бурдисо се труди. Е сега, исходот на неговиот труд не е секогаш најдобар, но сепак човекот колку што може - се труди. А и доста брз е, и со оглед на високото темпо и брзината на играта на Манчестер, не би бил изненаден доколку Мурињо одлучи да го стави токму Бурдисо во првата постава.

Ако го стави Бурдисо јас првпат во животов ќе конзумирам лексилиум за да можам да ја изгледам на раат.

Дека се труди, се труди, ама не е доволно тоа. Кај него проблемот е што не знаеш кога ќе киксне. Во последно време прави по неколку грешки на натпревар.

Јас сум за Матрикс - Кордоба во средина, ама најверојатно Кордоба - Киву ќе биде двојката. Како и да е, се без Бурдисо ми одговара. Имаме играчи да го заменат Самуел, ако навистина не игра.

Кога сме веќе кај тоа кој да игра кај мене има само две одбрамбени линии со овие играчи кои ги имаме, а сакам да ги видам јас..

Маикон, Кордоба, Матераци, Чиву
Маикон, Кордоба, Чиву, Максвел

Мислам дека од овие две немаме подобри во моментов.. онаа првата ми е некако подефанзивна, а другава поофанзивна.. е па сега за што ке се одлучи Мурињо ке видиме.. а да не ве чуди ако го стави и Сантон во првиот тим.. сепак тоа е МУРИЊО..

И тука кога сме, јас сум за Сантон во сите комбинации. Нема зошто да не игра, стабилен е ко карпа игра како да одел во градинка заедно со Занети. И ќе игра, има максимална доверба кај Мурињо, штом играше со Милан ќе игра и сега.
 
Го гледав Сантон со Милан.Одличен фудбалер,маестрално изигра во одбрана за еден така млад играч,и мислам дека треба почесто да добива шанса.Сепак незнам колку ке биде паметно во еден така важен натпревар да се игра со еден така неискусен фудбалер иако технички одличен,сепак во однос на големите натпревари со мало искуство.Но тоа е на Мурињо да одлучи.Ме импресионираше играта со Милан.Акциите беа брилијантни.Посебо контрите и таа брза трансформација од одбрана во напад,фантастично.Едвај ја чекам утакмицата со Манчестер,пошто ќе биде едно огромно дерби.Да се елиминира шампионот во 8/финале ќе биде сензација.
 
Јас сум за малку поискусна формација во дефанзивниот ред зошто знаеме како поминуваме го ЛШ во 1/8 - финале, не елиминираа екипи во дуели во кој бевме фаворити.

-Маикон--Киву--Кордоба--Занети-

---Виеира--Камбиасо--Мунтари---

-----------Станкович-------------

--------Адри--------Ибра---------

Киву ќе треба да се бори со волот Бербо, Кордоба со Тевез или Руни, Капитенот дуел со Роналдо а Камби и Виеира да ги неутрализираат нападите. Очекувам Ибра да покаже дека заслужува да се бори за Златната Топка и да одигра како што треба на еден голем натпревар клучен за Интер. Тоа до сега некако не му одеше од рака.
 
Формацијата на Бојанн најстабилна ми изгледа.
Ако игра капитенот лев бек Роналдо ќе се какава
 
Формацијата на Бојанн најстабилна ми изгледа.
Ако игра капитенот лев бек Роналдо ќе се какава

ке биде густо за роналдо на овој натпревар но тој игра и лево и десно крило па најверојатно ке игра каде ке му биде најлесно иако се сомневам дека некаде ке му е лесно бидејки лев бек ако е занети а десен бек маикон навистина ке биде тешко.но се надевам дека евра ке биде расположен па да ми помага соодветно ПОЗДРАВ :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom