Barclays Premier League Season 2012-2013

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе се пакува за у Европа?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Malcolm van den Сабаховић Тотално се сложувам. Еве јас од репрезентативен фудбал навивам за Шпанија, и Шпанија цело време се сметаше за фаворит од сенка и секој натпревар беше натпревар на докажување дека треба Шпанија да се смета како посериозна екипа, а не екипа од сенка. И сега неколку години подоцна во секој натпревар Шпанците се фаворити, и ниедна титула не ми направи некој огромен мерака (т.е. поточно ниедна Европска титула, бидејќи Светското беше напнато).
И дефинитивно не би сакал Челзи да стане слична екипа која што секоја година освојува по 2-3 титули,секоја победа е дочекана со "мех, па добро се очекуваше" а секој пораз со "ова е крај на ера,неверојатно како изгубија од ваква слепа екипа,ова е чудо"
Сигурно навивачиве на Селтик кога би бирале помеѓу "рутинирано" освојување на титула во Шкотска лига во следните 3 години или борење за опстанок во ЕПЛ до последно коло би го одбрале второто (или сепак..?)
 
Проблемот е што нема компетиција, не е дека не е интересно да навиваш за екипа што е толку моќна па освојува титула секоја година, туку не е интересно пошто нема кој да се спротивстави. Ниеден успех не е интересен кога нема достојна компетиција... мада не би се бунел да освоиме титула со 40 бода пред вториот :D
 
Пред некое време Бејл изјави дека му е мило што соработува со Боаш и дека би останал во Тотенхем....

Сега на големо се шпекулира дека Боаш ќе замини во ПСЖ....


:place:
 
Муабетов е подобро да сме мизерни и со ниски плати цел живот, еднаш да ни се посреќи да одиме до Грција на одмор, отколку да сме како скандинавците кои тоа го прават цел живот ама тие се поладни и не почитуваат фамилија како нас или нешто слично!

Толку само можам да доловам од глупостите што се пишуваа погоре, немам капацитет да ги доловам целосно бидејќи толку глупости напишани се страшна работа и ретки се тие што можат да ги напишат!
 
Па да де. Глеј го Роналдо. Мислиш на него во Ферари му е задоволство? Не. Си има 5 коли си ги менува ко чорапи. А од друга страна ти да влезеш во Ферари ќе си го пазиш како очите и ќе доживуваш оргазми во него.
 
Peja989 стави го и ова во Форумски цитати, редно беше Чомбе да си признае. Не дека не знаевме...
Фала ти Чомбе!
Ако се става таму нека се стави цело, не како нашата ни мила влада што прави, го дава цитатот до таму до каде што и одговара:icon_lol:

п.с. Упс, може и овде се работи на тој принцип :icon_lol:
 
Една работа е многу битна во „случајов“. На крајот на денот, колку е убаво да си фан на Ливерпул, многу поубаво него да си фан на фенси шик екипа од помодарство ко ManUre на пример.

Толку славна историја, исполнета со среќа, со радост, со тага, па пак радост, тага. Сето тоа собрано во трофеи. Plenty.
Црвенило, што гордост значи. И гордост, и бреме.

Денес натежнато е кон бреме, појќе него гордост. Во вакво помодарство, време ко бреме.

Ние сме тие фанови - “изгубени генерации“ кои таа слава и таа гордост ја гледаме ко историја. Дамнина. Ама уважена е. Колку многу среќа ни значи, без да ја почувствуваме. Без да ја знаеме, радост ни е.

Еден ден, кога и да е, капитенот на Ливерпул ќе го подигне трофејот што Премиер лига значи.

Тогаш, кога и да е, секој фан на Ливерпул, од Огнена Земја до Р'тот Норд Кин, ќе доживее таква среќа, ќе биде облеан од таква радост, што ниту еден од денешните фанови на ManUre не ја почувствувал, ниту пак, ќе ја почувствува.

Исто, исто ко нашата 2005 година, на која, кога ќе се сетам, морници ме лазаат. Не заради Ливерпул и успехот негов, ами кога ќе ми текне што се случуваше со мене кога видов како Дудек го одбрани пеналот и кога цела црвена постава тргна од центарот кон драгиот Полјак да се радува. И сите заедно, Ливерпулчани.

Таквото, ниеден фан на помодарството не ќе да го доживее.

Оти, нели, успехот кој го живеете, е рутина.

Фановите на Ливерпул мечтаат за успехот.
На многу други, им е секојдневие.

At the end of the day, поарно еднаш пак да ми се врати радоста од Истанбул, него да се загубам во рутината на „титулите“.

Многу убаво кажано, но имаш еден пропуст кој мора да се наведе. Многу е потешко да се освојат повеќе титули, односно многу титули наспроти една за која точно дека радоста ќе биде многу поголема, ама таа една титула може да биде постигната повеќе на среќа, со карактер, со бутање отколку да биде резултат на квалитет. Во фудбалот квалитетот се гледа преку константноста. Многу е едноставно тоа. Да одигра еден или два страшни натпревари секој може, но не може секој постојано да игра и да вади резултати и притоа да освојува титули. Затоа голема почит заслужаваат (која за жал не ја добиваат доволно) клубови како Јунајтед(овие повеќе поради тоа што многу имаат освоено во последните 20 години, отколку бкупниот број на титули), Јувентус и Реал Мадрид кој во своите држави освоиле голем број на титули, а тоа често е занемарено и се третира како нешто што не е големо достигнување.

Самиот кажа дека кога Ливерпул ќе освои титула во ПЛ секој навивач ќе биде облеан од среќа. Пред се тоа ќе биде затоа што патот до титулата е тежок и трнлив. Радоста на некој начин му доаѓа компензација за вложениот труд и нерви. Е само претстави си колку е тоа тешко да се повтори уште еднаш и уште еднаш... Затоа оние кои успеале во тоа повторување заслужуваат да се симне капата пред нив и да се почитува она кое го освоиле. За жал денес голем број од навивачите знаат само да плукаат по другите клубови, наместо спортски да признаат дека некои клубови во споредба со други постигнале повеќе.
 
До фановите на Ливерпул, ќе дојдат денови кога ќе згазите се живо и диво и низ Европа и во домашното првенство, само треба трпение ;)
А од друга страна, во тешките моменти се гледа колку го сакаш тимот и кои се прави фанови на твојот тим. Јас како Интериста, знам што зборувам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom