Земете во предвид дека за време на „слабата“ ера на Федерер, Надал и Ноле жареа палеа уште од 20 години, посебно првиов со веќе освојување на гренд слеми и појавување во барем 1/4 финалиња и слично. Сега нема играч на 24 години кој го прави тоа, камоли помлад, значи никој од младиве нема cojones да ги тепа Надал и Џокович, што значи си доминираат во секое поле и ќе доминираат како што изгледа работава уште 3 години секако. E сеа како ќе си ги поделат пленовите, тоа е друга работа.
Инаку Надал нема да го помини Федерер во две категории:
1. Константност
Докажано преку рекордните 237 недели без прекин на 1 позиција на АТП, рекордните 300+ недели на 1 позиција на АТП, рекордните 1/4 финалиња со ред, рекордните 1/2 финалиња со ред на гренд слем. (убедливи рекорди кои Надал не може да ги помини, Новак од друга страна може, но многу многу тешко) Се разбира, во оваа категорија има голем удел и повредата на Надал која прави невозможно да се доближи до овие рекорди.
Но, c'est la vie.
2. Разновидност
Докажано преку тоа што 66.66% од гренд слемите на Надал се на Роланд Гарос. Додека Федерер има 4 гренд слеми на АО, 1 гренд слем на РГ, 7 гренд слеми на ВБ, 5 гренд слеми на УО, што значи далеку далеку поразновиден играч со можеби слаба точка земјата, но и не би го зел тоа како слаба точка со оглед на неверојатната доминација на Надал (човекот е роден за подлогата и крај). Кога ќе ги земиме во предвид вкупните титули сигурно и дека овај процент ќе биде поизразит. Новак исто така има пореални шанси за доближување во оваа категорија од Надал, но пак - многу многу тешко.
Ни следат мошне интересни неколку години златна ера, понатаму никој не знае како ќе биди - дали ќе биде турнат рекордот од гренд слеми на Федерер, како ќе реагира тениската јавност при евентуално туркање, како ќе бидат подредени 3цата на all time листата, само се согласувам со изјавата на Агаси дека можеби сме сведоци на најдобрите 3ца тенисери на сите времиња кои имаме среќа да ги гледаме истовремено на терен.
