Ете помина е ова незнам зошто толку паничевте

Абе си опуштен уште од сабајле, со музика, релаксирано, си влегвам внатре опуштен и си решавам...
Од она скриптата шо ни беше за матурата, можам да ви кажам дека имав прочитано само 150 страни од 380 шо беа, па пак го напишав цел тест !!!
Ама пред тоа одев секој ден на консултации кај професорката и таја кажваше со ред некој работи (првен граматика, а после и литература) а дома си ги решавав тестојте од минатите матури од 2008 до 2012 и после си ги проверував одговорите...
Прво почнав за Хамлет да решавам, читај читај, ги напишав првите 2 прашања и некако ми се здосади со Хамлет и го баталив

Се префрлив на крај шо се 3те текста оние безвезните тука си читав и самиот одговор произлегуваше од текстот, ги напишав тие и пак се вратив на Хамлет, Сердарот, Дон Кихот, па граматиката и за на крај си го остајв есејот....
За тестаторот


Немам коментар, алал да му е, подобар да баравме немаше да најдиме

Препишување на мртво во училница, си правиме муабет меѓу себе, гајле немаше батето

За есејот шо ми остана го имав на мало ливче и чекав 1 саат пред крај па да почнам да го пишам, ги со ставив ливчето под тестот и цело време си кревав си препишував, пиши, пиши, никако да допишам голем есејот ми беше 446 збора ! Го препишав цел па завршив...
Си имав остаено 2 прашања неодговорени реков да не биди ептен апла цел, ама ми ги кажа другарка ми па и нив ги напишав
П.С. Од овие одговорите од граматика Saja шо ги имаше клаено гледам негде 13/14 ми се точни од 15 шо се клаени така да добар сум тука
