Pinkie Pie
and Deedee
Јас шо мислам за абортусо ..
Секако еден ден сите че умриме , абортирани или не , исто ни се фајча.
Секако еден ден сите че умриме , абортирани или не , исто ни се фајча.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сите така што викате прво вие да родите сами (без никој да ве оплоди, ниту со секс ниту со вештачко оплодување).Како што ти кажаа, нека си го роди сам.
А во однос на првата реченица, ме разочара..
Сите така што викате прво вие да родите сами (без никој да ве оплоди, ниту со секс ниту со вештачко оплодување).
Moже, како не може.
Ама само жени ќе се раѓаат, а сеуште не сме смислиле соодветна замена за ,,ебач,,.
Шала на страна, ама на таков глуп коментар, мора и глуп одговор.
Апсолутно сум против абортус, освен ако не се работи за некаква мутација на плодот или абнормалност. Не се согласувам со мислењата дека бебето до некој период е „нешто“ а после станува бебе. Тоа се само изговори. Ако може некоја бактерија на Марс научниците да ја сметаат за „живот“, грев е зачнатиот плод да се смета за „ткиво“. Ако е така, сите тумори во телото ќе стануваа бебиња.
Лично сум против промискуитет, но секој има право на свој избор и не ги осудувам луѓето кои живеат така. Но сметам дека правото на избор не значи автоматски и право да се биде неодговорен. За да остане жената/девојката бремена и требаат некакви предуслови: маж, секс, отсуство на заштита. И ако е сексот доброволен и посакуван од двата партнера, но и двајцата се согласни дека не сакаат деца - зошто да не ги преземат потребните чекори да се заштитат? Тоа за мене е и простотилак и неодговорност и незрелост. Жените/девојките кои свесно влетуваат во незаштитен секс а после трчаат на абортус не се почитуваат доволно себеси. Да се изложи на таква тортура каква што е киретажата од „памет“! Јас имам доживеано медицинска киретажа, неповрзана со бременост, но „зафатот“ беше ист. Пострашно нешто не знам дали сум истрпела во животот. Сум била болна од ишијас, сум родила две деца по природен пат со тешки породувања, ми се случило да искрварам буквално до степен на губење свест, поминав операција од карцином, истрпев зрачење.... но киретажата убедливо го држи местото бр.1 во моите болни искуства. Знам жени кои абортирале по неколку пати... си викам, мора многу да се мразат себеси. Или животот. А од друга страна сакаат да се е***. Е тоа не го разбирам!!!!
Читав и некои мислења за случаи кога девојката е многу млада или силувана или така нешто... За млада...како ја дефинираме младоста? Не е млада да ги рашири нозете, а млада е за деца? Не е млада да почне со секс, а млада е да стане мајка? Значи, не разбирам. Ако не е млада за едното, не е млада ни за другото. Треба ОДГОВОРНОСТ за тоа што го правиме. Ако не сака деца, може да го даде на посвојување. Безброј парови чекаат деца на кои можат да им пружат и љубов и се. И ние како општество треба тоа да го поддржиме, а не да ги осудиме или етикетираме тие девојки. Едно зло не се искоренува со друго - поголемо. И не сметам дека само девојките треба да имаат дел во одговорноста и/или одлуката. Како ќе се чувствува секој маж ако бременоста се појавуваше и кај двата партнера? Некој може ќе се смее на ова, но сериозно, кога би се гледало и кај мажот дека некоја затруднела, како ќе им беше да одеа на операција и да им бркаат со метални шипки во утробата за да го „извадат нештото“ ???
Силување? Кај нас во МК сигурно тоа ретко се случува, но има такви случаи, посебно во светска рамка. Нашиот народец рекол, „Од був сокол излегува. И обратно.“ Длабока е таа вистина. Во таа смисла не можам да ја извадам од глава сликата на девојката Аманда Бери која неодамна беше актуелна во САД. Киднапирана на 17 години, силувана и малтретирана со уште две други девојки цели 10 години од 43 годишен маж (кој сега има 53) и која во периодот на заточеништво родила ќерка од силувачот. Цел свет ја пренесе веста како Аманда се обидувала да излезе од куќата држејќи ја за рака својата ќерка. Некако ве себе ми се чини дека другата девојка Мишел која најмалку 5 пати забременила во тие 10 години, била изгладнувана и тепана за да доживее спонтан абортус ќе се чувствувала малку подобро ако имала барем едно од тие деца. Децата не се виновни за гревовите на своите родители. И не значи дека ќе бидат исти. И мојот свекор долги години беше алкохоличар и коцкар, ама мојот сопруг ниту пие ниту се коцка. И пак ќе кажам, секогаш може тие деца да се дадат на посвојување.
На крај, ќе се земам себеси. Се сакам себеси, го сакам и животот. Одвај останав бремена за првото дете и цела бременост ја поминав во страв да не го изгубам. Постоеше реална шанса тоа да се случи. Имам прекрасен син, не дека е мој. Личен, строен, интелигентен. Не сакам да мислам дека едно такво „нешто“ можеше да ми се „лизне“ и да го немам. Кога си ги гледам децата се восхитувам на моќта на создавањето, на тоа колку убавина можеме да создадеме со куп клетки. Тоа е совршенството на постоењето.
И најмногу од се... многу сум благодарна што мајка ми отсекогаш била про-лајф. Не би сакала да сум била абортирана!
Абе види, не сум ти јас крива ако познавањата ти се слични како на овој дотичниот од сликата.
Тука јас не можам да ти помогнам.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 20:20 ---
1. Никој не одрекува дека ембрионот е вид на живот, каде го прочита тоа?
2. А што ако заштитата потфрли?
3. Еве, ќе ти објаснам за да разбереш. Телото на просечна 16 годишна девојка е сосема доволно способно да донесе бебе на светот. Живо и здраво. Но психички, е премногу млада за да биде мајка.
4. Попрво никогаш нема да родам, него дете во дом да дадам. Еднаш, само еднаш прошетај до било кој дом во РМ, и ќе ти стане јасно. Ниту условите, ниту посвојувањето не оди баш така, како што е во теорија. А да не зборувам дека се помалку луѓе посвојуваат, со напредокот на медицината, и ,неизлечивите, случаеви до пред некое време, сега успеваат да добијат биолошки деца.
5. Точно, но ембрион и дете не е исто. Може тебе или на било кој субјективно исто да ви биде, но не е. Жал ми е, споредбата не е во ред.
6. Тоа е убавината на поседување свест. Кога си била ембрион, не си знаела што сакаш, не си ни била способна нешто да сакаш или да не сакаш.
7. Гратис прашање, доста пати неодговорено тука, некако не сме на чисто - што правиме со оплодените јајце клетки при инвитро? Зошто 1-2 преживуваат, а останатите 4-5 ги убиваме? Зошто е тоа оправдано убиство, дали затоа што е во епрувета?
1. Никој не одрекува дека ембрионот е вид на живот, каде го прочита тоа?
2. А што ако заштитата потфрли?
3. Еве, ќе ти објаснам за да разбереш. Телото на просечна 16 годишна девојка е сосема доволно способно да донесе бебе на светот. Живо и здраво. Но психички, е премногу млада за да биде мајка.
4. Попрво никогаш нема да родам, него дете во дом да дадам. Еднаш, само еднаш прошетај до било кој дом во РМ, и ќе ти стане јасно. Ниту условите, ниту посвојувањето не оди баш така, како што е во теорија. А да не зборувам дека се помалку луѓе посвојуваат, со напредокот на медицината, и ,неизлечивите, случаеви до пред некое време, сега успеваат да добијат биолошки деца.
5. Точно, но ембрион и дете не е исто. Може тебе или на било кој субјективно исто да ви биде, но не е. Жал ми е, споредбата не е во ред.
6. Тоа е убавината на поседување свест. Кога си била ембрион, не си знаела што сакаш, не си ни била способна нешто да сакаш или да не сакаш.
7. Гратис прашање, доста пати неодговорено тука, некако не сме на чисто - што правиме со оплодените јајце клетки при инвитро? Зошто 1-2 преживуваат, а останатите 4-5 ги убиваме? Зошто е тоа оправдано убиство, дали затоа што е во епрувета?
http://www.mayoclinic.com/health/medical/IM04046Кога е ембрион почнува ли срцева реакција после 3-4 недели ?
1. Ги прочитав првите 10-тина страни од темата, имаше некој кој тврдеше дека првите недели ембрионот бил „куп клетки“, „нешто“, „ткиво“ ...не бил човек. Да, ембрион е. Прашање на дефиниција. Но човечки ембрион е. Не е од коњ или магаре.
2. Во колку случаи заштитата „потфрла“? Зошто луѓето мислат дека нешто имаат право да го прават само затоа што нашле начин да се „ослободат“ од последиците? Се што правиме си доаѓа со последици. Ако пиеш без мерка, ќе се опиеш. И ќе бидеш пијан додека не се отрезниш. Не верувам дека секој малолетник што ќе се натреска трча во клиника на „перење“ само затоа што пиел а не е емоционално и физички зрел за такво нешто. Можам да дадам милион примери. Така е и со ова. Терај си ќеф, ама биди свесен дека тоа доаѓа со последица. И последицата има форма на живот! Ако го создадеш, имаш одговорност.
3. Како е емоционално зрела да се впушти во сексуални односи, а не е зрела да ги трпи последиците? Тоа оди рака под рака. Ако не е зрела, нека почека да созрее малце па после нека практикува секс.
4. Сум била јас во домовите низ Македонија, знам како е. Но не го оправдувам твојот став. Подобро е да не забремениш, отколку да абортираш. Зошто мислиш дека да му дадеш шанса за живот на нероденото дете е полошо отколку да го убиеш? Мислам дека знам зошто. Затоа што се познава. И сите ќе знаат. А сексот и абортусот се „приватна“ работа. Се одвиваат во 4 очи.
5. Ембрионот е човек. Мало дете. Сакале или не, тоа е начинот на кој СИТЕ сме создадени. Мора да поминеме низ таа фаза на развојот. Ако не беше така, тогаш сите ќе не „произведуваа“ во некаква машина и немаше потреба да има размножување. Ни зачеток. Ни раѓање. Но фактот дека сите ние „почнуваме“ на ист начин ни дава подеднакво право да се родиме и да станеме нешто во животот. Никој нема право да не убие пред таа шанса да ни биде дадена.
6.Мислам дека во бр.5 делумно одговорив на ова. Тоа што некогаш сме биле деца и постепено сме созревале е убавината на животот. Затоа имаме спомени, градиме карактер, носиме нешто од секое животно доба. Но не се согласувам дека ембрионот не знае што „сака“. Едно е сигурно - сака да живее. Затоа кога жените абортираат, кутрите ембриони се борат да се „спасат“ но тоа е однапред изгубена битка.
7. И јас лично многу сум размислувала за ова прашање и се согласувам со тебе дека и тоа е убиство. Суптилно убиство. И жално е што е така.
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 23:01 ---
http://www.mayoclinic.com/health/medical/IM04046
By the end of the sixth week of pregnancy — four weeks after conception — your baby's heart is pumping blood.
До крајот на 6-тата недела од бременоста - ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ ПО ЗАЧНУВАЊЕТО - срцето на вашето бебе пумпа крв.
Во овој период 99% од жените/девојките кои забремениле се уште немаат појма дека се бремени!!!
Кога е ембрион почнува ли срцева реакција после 3-4 недели ?
Да. Околу 6та недела.
Епа тогаш ако се направи абортус е убиствобез разлика дали е ембрион или Зигот или Фетус чим нешто има срцева реакција тоа више живее може не е се уште свесно на осет и чуства ама битно тука започнува животот
Иначе сум и не сум за абортус го оправдувам и не го оправдувам , зависи во каква ситуација е женета од сулување и слично а што се однесува за законов е тотално глупост од закон жената е таа која треба да одлучи дали ке абортира или ке го задржи бебето без овие глупости што ги направиа на првостепана комисија второстепена комисија па советување па незнам ова па незнам ова па на крај министерот ке кажел дали да абортира или не WTF?. Секој нормален човек знае дека може да има некакви последици од абортусот и на крај краева жената треба да си одлучи за тоа не смее никој тоа да и го оспори а со овој закон само ке се зголеми абортус на црно што ја прави работата уште пострашна
Ја мајката, заклучоков ти е за чиста петкаЖивотот (на плодот) не започнува со чукање на срцето, туку многу предходно. Можеби ти така си сфаќаш, што е живот, а што не е, но животот на новиот плод започнува во моментот на оплодување на јајце клетката.
Да како твоето дека ембрионот е ништо туку така, ја кажав како old school дека се што има срцева реакција е живо а за другото треба медицината да си кажува теории нејзини, некој жени кога ке отидат на доктор уште 5 недела кога ке и дадат сликичка од ембрионот златно јајце ке снесат и се радуваат а ти кажуваш дека не е ништо според тебе за да биде нешто е кога ке се породи во 9 месец тогаш е нешто excellent![]()
1. Па тоа е вистина. Зиготот е грст клетки. Исто и бластоцистата.
Субјективно тоа што е човечки ембрион може да ти значи, но од научен аспект ембрионот не е сеуште човечко суштество.
Како што никулецот не е кромид. Како што гасеницата не е пеперутка итн.
2. Ова можеш да го примениш само на сама себе. Никако не смееш да одлучуваш кои се моите морални одговорности. Моралот за тебе и за мене е различен.
3. Ете така, е. Како што на 14 години пропушуваат луѓето, пијат, итн. Не е нова филозофија тоа, и нашите баби на 14 ги мажеле. Но општеството е поинакво него пред 100 години. Денес е сулудо да бидеш во брак и да имаш деца на 14.
4. Со ова се согласувам. Јас преферирам да не забременам, но ете, ако се случи, добро е што има план Б.
5. Ембрионот не е дете. Сакала ти или не. На никаков начин не е дете. Човечки плод е, но суштинска е разликата меѓу дете, зигот, бластоциста, фетус, ембрион, бебе.
6. Ембрионот ниту сака, ниту не сака нешто. Зошто ти е толку тешко да прифатиш? За воопшто да сакаш нешто, потребна ти е свест. Мозокот на ембринот не е развиен до таа мера ниту болка да осеќа, а не па да сака или не сака нешто.
7. Да де, убиство е, ама никој нема ништо против него. Тоа е дволично, драга моја. Што не се буниш против инвитрото, зошто се буниш само против абортусот?
8. Моето тело е само и само мое. Можеш ти да ме осудуваш за моите одлуки, немам ич никаков проблем. Но кога тие идеи се протуркуваат во форма на закони, ептен ми смета.
Озбилна сум. Можеш да родиш 10 деца. Да немаш пари за леб, ама да ги родиш. Да немаш пари да ги лечиш, ама пак да ги родиш. Да одат боси и голи, и болни, ама да ги родиш.
Не се обидувај тоа да ми го наметнеш мене, во форма на закон.
И океј сме.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 00:50 ---
П.С. Ги знам сите податоци околу бременост и развивање на човечко суштество.
2 страни поназад еден друг член проба да ме ,,потресе,,.
Едноставно, со овие куршуми џабе се трудиш.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 00:54 ---
Да. Околу 6та недела.