Со продавањето на овие безкорисни играчи би се заштедиле многу пари. Тимот нема ниаква корит од нив само им исплаќа огромни плати.
Креспо, Дакур, Матераци, Фиго, Виера... Нив веќе одамна им помина времето. Исто така Адриано и Бурдисо можеби е време да си бараат нов клуб. Суазо нема потреба да се враќа, можи на него да се заработи некое милионче, за него се заинтересирани неколку Англиски клубови...
Адриано и Виера земаат по 5 милини годишно. Креспо и Фиго земаат по 3 и пол милиони годишно. Суазо и Матераци земаат по 3 милиони годишно. Бурдисо и Дакур по 1,5 милион...
Изворот е малку стар... Тука има за сите тимови ако некој го интересира.
Значи овие играчи земаат вкупно 26 милиони што би значело едно супер засилување во тимот.
Значи овие играчи земаат вкупно 26 милиони што би значело едно супер засилување во тимот.[/quote]
Да ги искоментираме платите:
Виеира 5 милиони евра договор до 2010 - плата голема, од договорот има уште 18 месеци, не би било паметно да му се продолжи договорот, ако може да се продаде , па да небиде ослободен без ништо.
Досега изигра две сезони добри, но оваа повеќе е повреден отколку здрав, добра алтернатива за Камбиасо.
Адриано 5 милиони евра до 2011 - платата е нормална но доколку ги прикажуваше партите од пред три години, моментално и на пазарот не држи цена, под хитно на трансвер листа, ако може да се направи трампа. Во Интер три години беа стрпеливи му дадоа многу шанси, но тој оди на полошо, единствена надеш да се врати во старата форма е да го смени клубот... незаинтересиран, непрофесионалец и незнае да цени кој клуб го дигна во височините. Интер 2001 година го донесе како анонимен, стигна до еден од најдобрите напаѓачи и згасна ( да се надеваме дека не засекогаш ). Вакви пропаднати кариери имале уште: Иван дела Пења, Перица Огњеновиќ и многу други. Жално за Интер. Дефинитивно уште зимава нека си оди, сепак треба да признаам дека Адриано, Рекоба и Роналдо моите нај омилени играчи. Но сега се откажувам од Адриано како коцкар од последната пара. Му посакувам се најдобро во неговиот иден клуб.
Ибрахимовиќ 11 милиони евра, договор до 2014 година. Ибрахимовиќ е посебна институција во Интер, комплетен играч, докажува дека ги заслужува парите. Сепак најголемата замерка кај него може да му се даде поради тоа што нема контрола на самиот себе, понекогаш себичен...наликува на Виери кога се преценуваше и шутираше понекогаш и кога нетреба. За среќа Ибра е за 10 класи подобар од Виери.
Кога би можело неговиот темперамент да се подсмири би бил најдобар без конкуренција. Мурињо со неговите изјави како да сака да му даде самодоверба и цело време во изјавите потенцира дека е најдобриот на светот. Досегашните успеси во Сериа А се должаат токму на Ибрахимовиќ, недај господе да се повреди, незнам како би излегле на крај и со послабите екипи. Жално е што покрај него нема ни приближно добар што може да му помага во нападот. Замислете кога би бил заедно со Меси или Кака во иста екипа.
Самуел 4 милиони 2009, за наша среќа Самуел не се снајде најдобро во Реал Мадрид или пак тие незнаеа да го проценат, после враќањето од Р.Мадрид последниве 10 кола со него во одбрана Интер ја направи разликата, само нека продолжи со вакви игри, а се надевам и на подигање на формата, да не заборавиме долго време беше повреден. Јас сум да му се продолжи договорот на уште едно 2-3 години.
Киву 3,5 милиони 2011, на исто рамниште со Самуел и Кордоба, плус може да игра уште на неколку позиции по потреба, но во Интер се уште не достигнал врвна форма. Добар е сега засега да се надеваме дека ќе се подобрува...голема мака мачи со повредите.
Станковиќ 3.5 милиони до 2010, од договорот му остануваат уште 18 месеци. Не би било паметно да му се продолжи договорот, знаеќи дека веќе наполни 30 години, игра променливо, а требаше местото во Интер да му виси на конец па така да се ангажира дополнително, изгледа кај Манчини се осеќаше комотно па играше топло-ладно. Ако имаме некоја пристојна понуда на лето убаво е да се заработи на него, но кога би се донесло некој играч до 25 години.
Фиго 3,5 милиони, до 2009 година. Фиго пред да дојде во Интер се сметаше дека е истрошен и во Интер несе очекуваше нешто посебно однего. Заедно со Пирес, Гигс и Фиго ...тоа беа моите омилени крилни играчи.
Платата му е голема, и неможе да одигра цел натпревар, добро е што Мурињо му дава да игра во последните 15-20 минути, па еве почна и тој да не изненадува, највероватно што така наречените звезди Кварезма и Мансини ги снема...
Креспо 3,5 милиони, 2009 год, ако може нешто однего да се заработи во зимскиов трансвер период, ако замине во некоја послаба екипа верувам дека ќе се истакне, имало доста такви случаевеи..Дарио Хубнер, Кристиано Лукарели и најново Марко ди Ваио. Креспо последно што играше во врвна форма беше токму во Интер во времето на Купер.
Кордоба 3 милиони , до 2011 , си ги заслужува парите до цент, стандардно добар, 10 години стандарден централен бек. Имаме среќа што се уште прикажува добри игри. Има еден Хендикеп што е многу низок за централен одбранбен, барем да беше повисок за едно 7-8 цм.
Ј.Занети 3 милиони до 2011 година, за него нетреба да се зборува се е кажано, многу му должи Интер на
Ј.Занети. Но да не се лажеме Ј.Занети повеќе не е за во прв тим. Неговото стандардно место веќе се потполна со Маикон, за среќа добивме скоро исто толку квалитетен фудбалер...но Хавиер е единствен...Би било добро оваа да биде негова последна сезона како играч, и нека добие неко место каде би го гледале со кравата, тој тоа го заслужува.
А вака наместо на позицијата во тимот да е се бара играч, ние на играчот му бараме место...тоа така нема да оди долго, Сепак Занети има 34-35 години. И Зидан можеше да игра се уште фудабал, но знаеше кога да престане. Треба да бидеме поучени од примерот со Малдини и Костакурта...нивното време одамна е поминато, но поради огромниот авторитет или кредит сега се бламираат па упорно игра во прва постава. А како последица на тоа е и играњто во Купот на Уефа. Малдини треба да седне на местото на Галијани. А Занети на местото на Барези или Бранка.
Камбиасо 3 милиони, до 2010, Занего можам да кажам дека добивме и ние џек пот, го добивме бакшиш од Реал Мадрид. Тие не знаеја да го ценат кај нас Камбиасо стана играчиште. Може да кажам дека Камбиасо е повлечена личност и ја работи работата за која е платен, а на Р.Мадрид му се потребни манакени...ги продадоа Макалеле, се откажаа од Камбиасо и ете до кај стигнаа.
Матераци 3 милиони, до 2009 година, оваа му е 8 сезона во Интер, занего можам да кажам дека е играч што не го разбира спортот и што не го разбира терминот Фер Плеј. Никогаш несакам силеџии, Матераци иако го сакаше Интер, иако даваше се одсебе, сепак јас занего немам добро мислење, затоа што тој колку што направил добро за Интер, многу повеќе и лошо...доста пати го оставал на цедило, за неговата игра карактеристично е дека несе надигрува со противникот, туку целта му е да го повреди...а такви играчи не ги оправдувам, па макар играле и за Интер.
Суазо 3 милиони, до 20012, се покажа дека од сите напаѓачи што ги имаме( без Ибрахимовиќ) го дадовме тој што барем нешто вредеше...брз, експлозивен, борбен...Креспо, Круз, адриано и Обиња вода можаат да му носаат.
Жулио Цезар 2,5 милиони, до 2009, две сезони во врвна форма, да се надеваме дека во последниве 2-3 утакмици неколкуте грешки што ги направи се случајни. Според мене еден од најдобрите 3 голмани во светски рамки. Толдо доби достојна замена.
Хулио Круз 2,5 милион, до 2009, кога дојде од Болоња како алтернатива за повредата на Виери, никогаш од него не се очекуваше да биде број еден од напаѓачите, беше земен за алтернатива, ги оправда парите кој ги земаше за плата и убаво е да се врати од таму кај што дојде, и на негово место да донесеме некој млад и надежен...Роберт Акуафреска од Каљари би ја превзел неговата улога или пак да се донесет Ибишевиќ.
Маикон 2 милиони до 2011, под хитно да му се продолжи договорот барем до 2013, добивме елитен десен бек. и тој би го вброил во џек потовите на Интер.
Максвел 2 милиони, до 2010, Максвел офанзивно е добар, но во одбраната треба уште троа малку да си ја подобри играта, ако планира да остане во Интер.
Дакур 1,5 милион, до 2009, слично како Жулио Круз , дојде како алтернатива, пред две сезони одигра доста добри натпревари и достојно го замени Виеира, но во моментов служи само за подршка од трибините и е прекуброен. Ноза некоја просечна екипа ите како би бил огромно појачување.
Бурдисо 1,5 милиони до 2009, играч кога беше доведен во Интер се сметаше за замена на Кордоба , но од него ништо, и под хитно да се ослободиме од него, несигурен, понекогаш наликува на Матераци и кога ти е најтешко може дополнително да ја влоши работата, да го нема, па дури и би платиле некој да го земи. Копито невидено. Нека му се заблагодари на Ј.Занети за неговиот престои во Интер.
Толдо 1 милион, до 2009 година, греач на клупа...хехехмала шала таква е неговата позиција и голема благодарност што го имаме Толдо, кога би се прашувал јас би му дал доживотен договор, Интер од секогаш имал врвни голмани...Паљука, Зенга, Фреј, Перуци, Толдо и сега Жулио Цезар.
Хименез - 1,5 милиони до 2010, купен за мали пари, мала плата , а однего очекуваме многу, иако е надежен но играчи на негова возраст стануват добитници на златната топка, супер си е за во Тернана.
Ривас 0,5 милиони до 2011 година, евтино купен, мала плата , за резерва добар е , ама не е за ротирање. Тој е добар за недај боже. и тој нека му биде заблагодарен на Кордоба , што стапнал на Џузепе Меаца.
Мансини, неможам да поверувам докажан фудбалер во серија А, а сега игра као почетник, недава максиум изгледа се заситил или му удрила славата во глава, често се случуваше и во Рома да игра топло-ладно, а познато беше дека не се мирисаа со Тоти. ако вака продолжи би било да го дадеме за исти пари додека има заинтересирани , а ние право на пазар.
Кварезма, чекавме доста време, за да се оправда. оваа ќе испадене како поговорката..Фалена Јаготка - празна кошница. Почнувам да ја губам довербата во него. Ја повторивме истата грешка на Барселона.
И течко дека некој трет ќе се лизне по трет пат. Не е за парите што ги дадовме, него што останавме без Пеле, млад со добар изграден шут и еден од најголемите таленти на неговата позиција. Башка го носи името на фудбалската легенда.
Мунтари - Алтернатива , поради пропаѓањето на трансверот на Лампард. Морати требаше да понуди 25 милиони евра, еднаш да речеше оф и ќе го имавме од самиот почеток. а сега после секоја утакмица нека офкаа, а тие му понудија прва 10 милиони на Челзи, па 11, и смешни понуди.
Мунтари дефинитивно не е за прв состав на Интер.
Заклучок:
Наше богатство се:
1.Ибрахимовиќ
2.Маикон
3.Жулио Цезар
4.Камбиасо
5.Самуел
6.Кордоба
7.Киву
8.Максвел
вишак:
1.Адриано
2.Бурдисо
3.Креспо
4.Круз
5.Фиго
6.Дакур
7.Матераци
8.Хименез
Ова се само мои мислења, и не велам дека моите мислења на сите дека ќе им се допаднаат.
Но објективно гледано, така ги гледам работите, следеќиго Интер во еден долг период.