Јас ќе ви се обратам и на двајцата.
Суарез од кога стапна секој ден е на мета на медиумите,јас 2 години зборам дека сакаат да го избркаат од Англија и еве може и тоа ќе се случи..Е сега и тој помага со своите грешки околу тоа али сепак медиумите претеруваат.
Прво со Евра ,без доказ никаков го направија расист..не иде тоа така.
Сеа со Иванович им се погоди пак да зборат и да му прават притисок на Ливерпул..
Го брукал името на клубот?? Суарез го брукал? Не заебавајте ,тимот губи од Олдам, Свонси од ВБА ама не е тоа брукање, Суарез е крив.... моментално Суарез=Ливерпул не заборавајте.
Целосно сум на страна на Суарез.. ако гледа дека медиумите не го почитуваат како играч а само се замараат со неговиот карактер и ако гледа дека клубот нема абер од мрдање од 7-8 место веќе 3 години тогаш што бара тука??
Коа ќе останеме со Аспас тогаш ќе сватите што е брукање на името Ливерпул..
Брат, Ливерпул губел во 1903, губи и во 2013 од тимови како Олдам. Јас не реков дека го срами името на Ливерпул и не се согласувам со тоа.
Како тоа му се погодило со Иванович бе брат? Што на Лукас не му извадат дека е расист, што на Агер не му стегнат казна од 10 натпревари за лактање на Торес. Ни едниот ниту другиот се британци а имаат и те како солидни сезони позади нив во Англија.
Британските медиуми НЕ МОЖЕ да бидат причина за негово напуштање на клубот. Ако каже дека гледа подобра перспектива во РМ или БМ или било кој друг клуб, кој реално во моментов може да му ја понуди, ќе му посакам се најдобро, во спротивно, јок.
Сам си е крив за глупостите со медиумите. Веќе 2.5 години е во Ливерпул. Првите година и пол се скрши од дајвање. Д тајмс или Ливерпул ехо да не му се криви за тоа што дајва?
Вкупно за 2.5 години е во топ 5 дајвери во ПЛ, осуден (праведно или не, не е битно зошто е осуден) за расизам, гризе играч. Како тоа медиумите преувеличуваат?
Да напоменам, сакам да остане во ЛФЦ.