Знам дека песимистички малце ќе звучам:
Ако има нешто добро тоа е што тепавме. Ако е и тоа добро, зошто кога-тогаш некој ќе не лупне од земја. Само сме го одложиле моментот.
Игра пак немаше. Златко се распуца и тоа е тоа. После имаше малку оле-оле ама тоа е лесно кога противникот е во нокдаун. Круз го немаше никаде денес. Кога се нафрлуваваат топки во 16 метри таму обично има 0 до 1 играч на Интер. Средниот ред е приказна за себе. Добро е враќањето на Кордоба и тоа што одбраната малку се среди. И што го имаме Цезар кој е секогаш сигурен на голот.
Имам впечаток дека во Италија и со ваква игра се може до нерешено. За победа треба среќа, пошто игра немаме. Важно, тешко е да се загуби па и вакви-никакви ќе се бориме за титула, и најверојатно ќе ја освоиме. ЛШ е друга приказна. Ќе стигнеме до нокаут фазата а таму порано или подоцна ќе налетаме на инспириран и креативен противник кој ќе не испрати дома. Се разбира доколку не се смени нешто, а треба да почне да се менува што побрзо. Засилувањата ништо не покажуваат, барем засега. И од останатите има доволно кандидати за шут-карта. Станковиќ на пример? Ни треба фамозниот плеј за кој толку зборуваме, некој кој ќе ги "размрда" работите.
Вечерва вредеше за 3-те бода и головите на Златко. Може да речеме дека на крајот на краиштата, друго не е ни важно. Но проблемите во играта порано или подоцна ќе испливаат на површина, и тоа по правило во некој клучен натпревар кој мора да се добие. Можеби една победа во дербито на Италија ќе направи разлика, барем ќе делува мотивирачки кај играчите.