значи тоа е сосема друга ситуација. Хрватска постои од 91 година и е наследник на Југославија. значи сите родени во старата држава кои се декларираат како хрвати можат да играат за Хрватска, нормално и нивните деца.
плус, лесно е за тие кои потекнуваат од држави кои настанале по распадот на една голема. и тука ФИФА е лабава. се знае дека миграцијата била нормална работа. еве на пример родителите на Ковач и Шимунич да не биле од Босна туку од хрватското малцинство во Унгарија, во тој случај за Хрватска ќе можеа само на сони да играат.
Албанија постои како држава од 1912, значи веќе се оформени и фудбалски. за нив има право да игра секој играч кој е роден во Албанија или има потекло од таму најмногу до баба/дедо и без разлика дали е етнички албанец или е влав, македонец, грк, ром или било кој од националностите што живеат таму.
споредбата на хрватските дијаспорци со албанските малцинства е премногу различна поради околностите со Југославија. можеш да споредуваш друга држава која постои повеќе време, како на пример Полска, Унгарија, Романија, ама кај поновиве имаа други цаки.
еве на пример, зошто италијанците од Франција (корзиканците и провансалците) не можат да играат за Италија? затоа што иако се етнички италијанци, повеќе од 2 века се во Франција и ФИФА ги рачуна како дел од францускиот етникум.