Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Некоја стварно добра комедија да не е дегенска ептен или ко во стил American Pie или Big Momma's house или некој од горе споменативе?
Некако имам приметено дека во последно време дали сум постар и не ми се интересни повеќето комедии или стварно почнале да ги прават многу глупи. Интересна понова комедија ми е Harold And Kumar: Escape From Guantanamo Bay може не е којзнае што али мн се смеев, ептен е ретардиран али порано ептен ми правеше мерак и првиот дел :)
Aко ти се допадна Нarold And Kumar: Escape From Guantanamo Bay, ѕирни го Pineapple Express. И со Hot Fuzz немаш грешка.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Второто е :pos2:

Порано беа многу подобри, макар што е тешко да се предложи нешто постаро зошто се е веќе изгледано. Згора на тоа кај комедиите има многу различни вкусови и тешко е да се погоди: она што им е урнебесно смешно на едни им е ужасно досадно на други, и обратно.

На памет ми падна Mostro, Il (1994) со Roberto Benigni, човекот е врвен комедијант, нема промашување. Ова би требало да е доста различно од оние што не ги сакаш, ма да веројатно си го изгледал досега. Од комедиите последниве години што излегоа пред некој ден го предложив Hot Fuzz (2007), и еве сега пак. Во меѓувреме некој напиша дека филмот е и комедија, и акција, и трилер... вистинска збрка од филм, во позитивна смисла на зборот.
Фала, ќе ги симнам и двата :)
За тој Mostro малце ми е лошо дека нема да го доловам баш тоа што треба зошто не знам ништо италијански, а поентата во повеќето комедии е да го сватиш начинот на кој што е кажано не буквалниот превод, затоа и избегнувам обично филмови на јазици кои не ги разбирам али ќе те послушам за овој :)
Го симнав и Wall-E на HD 1080 па ќе го гледам деновиве и ќе пишам кратка рецензија, очекувам да е добар според тоа што го пишува :)

Aко ти се допадна Нarold And Kumar: Escape From Guantanamo Bay, ѕирни го Pineapple Express. И со Hot Fuzz немаш грешка.
Интересно изгледа тој првиот ќе го пуштам да се симнува, а вториот веќе го пуштив :)
Фала :)

Инаку за сите што сакаат добри трилери го препорачувам The life od David Gale. Го имам гледано пред година може и повеќе и баш пред малце ми го спомнаа и пак се присетив на него и може пак да го гледам. Во филмот се работи околу законот за смртна казна во Тексас и за група на луѓе кои се против истата меѓу кои е и Дејвид, професор на факултет кој подоцна е обвинет за силување и убиство и е осуден на смртна казна и додека е во затвор ја раскажува неговата приказна на една новинарка. Многу добар филм според мене и вреди да се гледа.

Друг исто добар трилер што има оставено многу добар впечаток е The Lost Highway на David Lynch. Филмот е ремек дело, не е високо буџетен али е ептен добар loop thriller, тежок филм е и не се сваќа баш од едно гледање, а и може на повеќе начини да се свати. Филмот почнува како на еден џез музичар му се јавува некој на домофон и му кажва дека некој тип е мртов, утредента му стига касета пред врата и гледа снимка од неговата куќа од надвор, ден после тоа му стига пак касета и на касетата има пак снимка само што сега човекот што снима се наоѓа внатре во куќата и ги снима како спијат жена му и ден после тоа му стига пак касета како тој што снима иде накај спална и ја гледа жена му мртва и во тој момент доаѓа полиција и го уапсува за за убиство на жена му. Филмот е стварно ремек дело, на пола филм ќе си речете „Што гледам и што се случува?!“ али гледајте до крај :) Филмов не е за секој, треба да го гледате со отворен ум и да размислувате, не е типичен филм, ако се двоумите побарајте на интернет прво нешто повеќе немојте да ме пцуете после тоа :)

Сега за сега ова ви го препорачувам понатаму нешто друго, ако некој ги сака некој од филмовиве нека пише пп или ако го интересира нешто повеќе или некој друг добар трилер нека пише.
 
Ако не си го гледал Мulholland Dr., гледај го. Уште едно ремек дело на David Lynch.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
SEVEN POUNDS....за мене ова е филм на годината.....го гледав пред саат време и уште неможам да се соберам од емоции...импресивно дело...

Will Smith во главна улога...120 мин долга драма...исполнета со емоции..

не го пропуштајте овој филм...
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
213
Поени од реакции
15
V for Vendetta

Не е нов филм, од 2005 е, и е визија за тоталитарно општеството во Лондон во блиска иднина. Главни ликови се Ви и Иви.
Погледнете го трејлерот и ако ви се допадне погледнете го и филмот па пишете критика.

А, да. Акционен трилер е.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ај дајте предлози за филмови работени по сценарио или обработка на делата на Стивен Кинг.
 
Ј

јовица11

Гостин

8 под нулата
Зошто?-Бидејки филмот има преубава приказна,поента и е базиран според вистинита приказна
Им го препорачувам на...?!-Луѓето кои сакаат животни и кои се емотивни(солзи загарантирани).
За што се работи?-Група работници на Антартикот се принудени да ги остават своите миленици сами,шест месеци во неподносливи услови,без храна и вода.
Поука?!-Дека секогаш му се враќаме на она што го сакаме.
Оцена-10/10
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ај дајте предлози за филмови работени по сценарио или обработка на делата на Стивен Кинг.
Не постои писател кој има приближно толку филмови снимени според неговите дела, колку што има Стивен Кинг. Фантазијата на овој човек придонесе поголемиот дел од неговите дела да се најдат на филмското платно, но најчесто филмовите не го доживуваа успехот на неговите книги. Сепак, има добра листа на филмови кои и тоа како вреди да се видат.

Убедливо најуспешен филм снимен според делата на Стивен Кинг е The Shawshank Redemption (1994), кој моментално е прв на листата на најдобри филмови на сите времиња, откако после долга трка го престигна The Godfather (1972). Овој филм и неговата содржина во секој случај е многу различен од останатите дела на Стивен Кинг кои влегуваат во жанрот Хорор или Фантастика.

Нешто слично и блиску до овој филм е
The Green Mile (1999), уште еден прекрасен филм чија содржина се врти околу затворскиот живот.

Да се префрлиме на карактеристичните филмови од делата на Кинг. Еден од моите омилени хорор филмови е снимен според негово дело, се работи за Children of the Corn (1984). Филмот за сектата на децата кои ги убиваат сите возрасни во еден мал град извади од памет многумина. Подоцна се снимени уште 5-6 дела од истиот, но само првиот вреди да се погледне. За 2009 е најавен римејк но апсолутно не очекувам да го надмине оригиналот. Не верувам дека ќе најдат деца кои ќе можат да ги надминат злите Исак и Малакај.

Култниот филм на Stanley Kubrick, The Shining (1980) со Jack Nicholson во главната улога.

Трансформацијата човек - врколак во Silver Bullet (1985), филм кој инспирираше многу слични филмови на оваа тема.

The Langoliers (1995), мистериозните Ланголиери кои го јадат светот. Буквално!

Бркотницата со вонземјаните - паразити во Dreamcatcher (2003).

Firestarter (1984), легендарен филм со малата Drew Barrymore , која со поглед предизвикува пожари.

Од последните филмови
The Mist (2007).

Се надевам листава ќе помогне во изборот.

Поздрав!
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Training Day - Многу интересен криминалистички филм, сеа работи за цајкан кој ке е лош и за еден многу добар цајкан. Им му го препорачувам на сите љубители на вакви филмови
п.с. јас го спуштив и најдов српски превот ама нешто не е убав и незнам што значи тетоважана од црниот цајкан, ако го има некој гледано ке може да ми каже шо значи ??
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290

CueBaLL

Schizophrenic
Член од
7 декември 2008
Мислења
1.137
Поени од реакции
34
Bangkok Dangerous[2008]

filmov e rimek na filmot so isto ime istotaka rezirano od brakata Pang
inace wo filmow se zboruva za Joe platen ubiec koj dobiva 4 ubistva koj treba da gi izvrsi vo bankog tamu toj si najmuva potrchko koj ke mu gi zeme aktovkite od naracatelot no poleka so pominuvanje na vremeto toj se zblizuva so nego i go uci kako da bide platen ubiec vo meguvreme toj se vljubuva vo nema aptekarka koja mu gi unistuva planowite i poslem..............................
GLedajte go filmow 7/10
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Training Day - Многу интересен криминалистички филм, сеа работи за цајкан кој ке е лош и за еден многу добар цајкан. Им му го препорачувам на сите љубители на вакви филмови
п.с. јас го спуштив и најдов српски превот ама нешто не е убав и незнам што значи тетоважана од црниот цајкан, ако го има некој гледано ке може да ми каже шо значи ??
Ајде бе никој не знае шо значи?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom