Во предходниот мој пост може да се заклучи дека ние самите сме кројачи на својата судбина.
Меѓутоа тоа не е целата вистина, тоа е само дел од истата.
Другиот дел од вистината, можеби и поголем дел од неа,
е дека Бог ни ја крои судбината.
На кој начин го прави тоа.
Бог направил да на планетата земја влијаат 46 закони на универзумот кои директни или индиректно влијаат на органската обвивка на земјата.
На планетата земја, луѓето,како дел од органската обвивка се подложени на универзалните закони кои влијаат врз таа обвивка. Ние , како дел од таа обвивка сме подложни на тие закони, зборам за најголем дел од луѓето. Како резултат на тие закони, месечината има потреба да се храни со мртви души од органскиот свет на нашата планета.Значи, точно определен број на луѓе во годината ќе мора да умрат затоа што се подложни на тие закони. Дали тоа ќе биде од природна смрт (старост, болест...) или од временски непогоди, или законот за случајност...сепак точно определен број на луѓе мора да умрат. На тој начин, месечината си го добива своето „следување’, како ние што го добиваме нашето од сонцето.
Само мал дел од луѓето можат да избегнат на овие закони и можат да се искашат на скала во која врз нив ќе влијаат само 6 закони.