Дали карактерот што го поседува човек е негова судбина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Roko Dilan
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата ми е дали човек можит да се избори против своите мани?
Поента на што бе брат, поентираш на крајот од некое излагање:D.
Него да не испаднам „второпостирач„ што би рекол некој (изразов треба да оди во новото освежување на речникот, дефинитивно (y)) поддршка за темата и еве го и моето размислување:
Може човек да се избори со мааните, ама има еден голем заеб пред тоа - треба најпрво да ги препознае и да ги признае. А тоа оди малку потешко.
Останатото е полесниот дел (ваљда).
 
Секој со се познава доволно себеси си ги знае својте мани.Дефинитивно е потешко да ги елиминираш од својата мемориска картичка.:notworthy:
 
Ќе се изненадиш колку малку се таквите:).Некои не се свесни воопшто за нив, а добар дел и од тие што се свесни дека има „нешто„ на тоа гледаат како на нивна особина, а не како на маана.
Не викам дека со болдираното е завршена работата. Баш сите што ќе се ги познаат и признаат мааните може нема и да ги елиминираат, ама затоа баш сите што нема да го направат тоа нема ни да ги елиминираат.

Фина работа е тоа, ако ништо друго кога веќе си ги знаеш и признаваш може и да ги маскираш кога тоа е неопходно :).
 
и јас отпрво не го сфатив.одиме вака

карактер наспроти судбина
затоа што
ако имаш карактер нема да и се предадеш на судбината, и
зошто ми е карактер?волја и разум ако постои судбина?
па и да постои....;)
 
Тој што се помирува со својата судбина подобра и не заслужува - Ленин :D
 
Случајот со Дражен Патрович е типичен пример дека не сме баш кретори на својата судбина.Во моментот кога одлучи да патува на натпревар со кола наместо со авион дали сам си ја кроеше својата судбина?
 
Пази што мислиш, мислите се претвараат во зборови.
Пази што зборуваш, зборовите се претвараат во дела.
Пази на твоите дела, тие се претвараат во навики.
Пази на твоите навика, тие се претвараат во карактер.
Пази на твојот карактер, тој ти ја крои судбината.
 
Во предходниот мој пост може да се заклучи дека ние самите сме кројачи на својата судбина.
Меѓутоа тоа не е целата вистина, тоа е само дел од истата.
Другиот дел од вистината, можеби и поголем дел од неа,
е дека Бог ни ја крои судбината.
На кој начин го прави тоа.
Бог направил да на планетата земја влијаат 46 закони на универзумот кои директни или индиректно влијаат на органската обвивка на земјата.
На планетата земја, луѓето,како дел од органската обвивка се подложени на универзалните закони кои влијаат врз таа обвивка. Ние , како дел од таа обвивка сме подложни на тие закони, зборам за најголем дел од луѓето. Како резултат на тие закони, месечината има потреба да се храни со мртви души од органскиот свет на нашата планета.Значи, точно определен број на луѓе во годината ќе мора да умрат затоа што се подложни на тие закони. Дали тоа ќе биде од природна смрт (старост, болест...) или од временски непогоди, или законот за случајност...сепак точно определен број на луѓе мора да умрат. На тој начин, месечината си го добива своето „следување’, како ние што го добиваме нашето од сонцето.
Само мал дел од луѓето можат да избегнат на овие закони и можат да се искашат на скала во која врз нив ќе влијаат само 6 закони.
 
Oh, do tell more...
 
Не. Зошто карактерот е СТЕКНАТ, а темпераментот е вроден... Карактерот може да се менува исто како што е изграден под влијание на средина, семејство, пријатели, опкружување...на истиот начин може и да се смени. Сепак постојат личности со цврст карактер кој можеби не прифаќа промени/менувања, но сметам дека се менува се разбира како резултат на одредени случувања директно поврзани и важни за личноста....
 
Темпераментот и карактерот се тесно поврзани .Пример, ако си меланхолик по темперамент многу работи ќе земаш при срце и со самото тоа темпераментот има влијание врз карактерот.
 
Карактерот не е судбина дефинтивно.
Карактерот е наметнат и изграден со текот на годините.
Највеќе влијаат искуства од детството како дожувавања и слично.
Судбината не е она што се вика"како било пишано".
Ние сами си го одредуваме тоа како си е пишано.Дури и тоа пишаното е наш избор.
Исто и карактерот е наш избор.Постојат многу можности за променување на истиот,но тоа е работа која бара беспрекорна дисциплина.
 
У старт, судбина? Треа да веруеш у судбина предходно ваљда. Дека се шо треба да се деси веќе е предодредено и пишано и немоеш против тоа пошо вака или онака ќе се деси, аутоматски ти одпаѓа муабтот дека моеш да напраиш нешо со цел да ја смениш судбината. Јеа јеа, бла бла.

Ама ај ќе речеме дека со судбина сааш да го представиш текот на животот и сите срања шо ти се дешаваат, и дека не се предходно пишани као ќе се десат и дека на нив може да се влијае доколку преземеме иницијатива за истото. Така? Ваљда? Оти супер ти е дефинирана темава..

Неврмајнд, муабетот
Поентата ми е дали човек можит да се избори против своите мани?

Може, been there done that. Шо е потребно? Да ги откриеш, да ги прифатиш, да си инат и да ги средиш, и да го одбереш правилниот начин на средуење. Сеа, дефиниција за карактер според мене би дошло како механички реагираш на нефизички дразби, ама ете, ти одговорив на прашањето. :)
 
Карактерот не е судбина дефинтивно.
Карактерот е наметнат и изграден со текот на годините.
Највеќе влијаат искуства од детството како дожувавања и слично.
Судбината не е она што се вика"како било пишано".
Ние сами си го одредуваме тоа како си е пишано.Дури и тоа пишаното е наш избор.
Исто и карактерот е наш избор.Постојат многу можности за променување на истиот,но тоа е работа која бара беспрекорна дисциплина.
Дефинитивно можи де се сменит каракторот а со тоа и правецот во животот!Поработив на некои свој мани,и животот ми тргна на подобро:)Не требало очајуванје само акција!(y)
 
Фино е да се чуе за позитивна промена во нечиј живот.
Но внимавај,секоја акција има и своја реакција:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom