Аква Парк Фест во Пробиштип

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
603504_462445087175946_171374862_n.jpg


Добро изгледа овој Аква парков...
 
Слушав дека пиењето било многу скапо. Од пиво имало само Даб и било премногу скапо. Ај кој бил нека каже информации од прва рука како се одвивале цените на пијалоците и на јадењето?
 
Oдличен помин, мака ми е малце што не останав и денес но јбг.

Времето добро, малце ладно за капење но не не спречи да ги осетеме топоганите.
Журката одлична, момците буквално го растурија народот, лудница направија. :))
--- надополнето: 25 мај 2013 во 17:17 ---
Слушав дека пиењето било многу скапо. Од пиво имало само Даб и било премногу скапо. Ај кој бил нека каже информации од прва рука како се одвивале цените на пијалоците и на јадењето?


Таман си беа цените.. туборг 100 денари, редбул 150... и низ кафичите во Струмица се тие цени.
 
планирам да одам после финалето, дали се знаат официјални информации. да не палиме таму за џабе :)
 
Вие што бевте кажете ми, дојде Пол Ван Дајк или не? Јас сакав да отидам на Аква Парк Фест најмногу ради него, ама друштвото заеба работа, па да знам дали да се радувам или каам што не отидов. :D
 
Вие што бевте кажете ми, дојде Пол Ван Дајк или не? Јас сакав да отидам на Аква Парк Фест најмногу ради него, ама друштвото заеба работа, па да знам дали да се радувам или каам што не отидов. :D

Не дошол ,бил во Ибица со Рио Фердинанд
 
dojden e direkno od ibiza nekade okolu 2 catot nautro
--- надополнето: 26 мај 2013 во 04:17 ---
Слушав дека пиењето било многу скапо. Од пиво имало само Даб и било премногу скапо. Ај кој бил нека каже информации од прва рука како се одвивале цените на пијалоците и на јадењето?
ne e tocno
jas piev tuborg limenka bese 100 den,isto i konjak bese 100 den
90 den bese pivo vo casa,150 bese red bull,znaci cenite realni si bea
 
Да прокоментирам за вторио ден.

Стигнав за Бернис Пропаганда полоша музика во живо во животот не сум слушнал па и помеѓу песните пеачката држеше хипи говори.

Потоа нашите Ајсберг и Лефанк беа многу добри, си тераа нивен стил (иако не е така најавено тоа беше warm up за PVD) си ја пуштија Imprint Of Pleasure си завршија со стил со Oxia - Domino да така позитивен впечаток.

И потоа секако дојде хедлајнерот на фестивалот. Немав големи очекувања за неговиот сет ама пак се надевав дека можеби ќе повтори нешто слично на тоа што го имаше на Ултра Мајами 2013 и колку ли само се излажав. Имам доволно години да се сеќавам кога PVD беше на врвот, денес не е ниту блиску до него.

Да прокоментирам за сетот, првиот 1 ипол час катастрофа (ова доваѓа од љубител на Транс, оние што не сакаат транс сигурно им било уште поглупо) 2те најдобри работи во трансот мелодичноста и убавите вокали ги немаше. Сосема некој рандом ритам и очаен избор на вокал песни. Во тој дел ќе ги издвојам само некоја Dub верзија на Fire Wire и Don't Deserve You ама што е малку малку е. Исто така и ужасен ремикс од мојата омилена песна од него Crush а да биде штетата поголема проба да ја измиска па утна нешто и така да и тоа беше лошо.

Потоа тргна да се оправа и во последниот час беше подобар ама пак ништо екстра, едно време дури и сврза 2 екстра песни по ред For An Angel и Nice (Martin De Jong Remix) при крајот ја пушти и My Home, така си заврши бледо како што си почна.

Ете затоа PVD денес е хедлајнер само на фестивали како Аква Фест во Пробиштип.

Сепак имам пофални збориви за фестивалот (иако преовлада македонштината и вториот ден цените на пијачките се променија нагоре) првиот ден беше екстра, се надевам догодина ке биде поубаво и со подобар line up !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom