Јас не го замислувам ништо, само го претставувам како актуелен шампион на Англија и ЛШ. Еве, за да не бидам сфатен погрешно, ќе го наведам и Баерн Минхен како пример. Актуелен германси шампион, но по првите 2 кола, далеку од идеална форма...
Toj dobra paralela napravi MAN UTD i INTER.
Но да не се лажеме во Италија заедно со Милан сме финансиски најмоќни, но во евро конкуренција заостануваме зад Реал Мадрид и Челзи. Манчестер е уиграна екипа со ист стратег две децении, Ливерпул ги има Торес, Џерард, Карагер, Милан - Пато, Кака, Роналдињо, Нест, Пирло, Барса - Меси, Алвеш, Пујол, Чави, ...
А Интер - има само стратег Мурињо, ако Ибра блесне ова година со сигурност ќе си го грабнат Челзи или Реал Мадрид истото важи и за Адриано.
еве една анализа...
Ј. Занети - Неговите најдобри денови реално си поминаа и треба да се спрема за спортски директор.
Матераци - За пензија или во некој клуб од втора категорија пред три сезони и лацио се премислуваше дали да го земи кога беше ставен на трансвер листа...
Самуел - Реал Мадрид го избрка како промршување а ние плативме 20 милиончиња..
Мунтари - добар е за Удинезе или портсмут најмногу до Фиорентина ама не и за клуб кој сака да се вбројува за фаворит за освојување на Лига на Шампиони.
Мансини - е солиден за екипа која може да се бори за учество во ЛШ, но не и за освојување на ЛШ.
Креспо - одамна Челзи и Милан се откажа од истрошениот и уморен Креспо да беше добар Милан ќе си го задржеа.
Балотели - тој е само талент кој треба да се докажува но за прв тим да игра му треба некоја екипа како Торино, Удинезе а за Интер ќе треба да причека уште 2-3 години.
Станковиќ - добар е да се врати во Ц.Звезда да им помогне со неговото искуство , и да не отпаѓаат од Кипарски екипи.
Виеира - беше еден од најдобрите, ако не и најдобар..Но сепак беше...слично како Е. Давидс кога го донесовме но се виде дека е истрошен..
Фиго - хехе мојот омилен играч од пред 10 години, заедно со Гигс ... но сејќавате Морати ни го донесе за сувенир Реал бараше некој клуб од Арапите за да го зема а тие да се ослободат од високата плата а Морати го зграпчи и го заборави во првиот состав..
Круз - Човекот поштено си одработа но не е за освојување на ЛШ...
Хименез - го почитувам ,но и тој пред да дојде во Интер небеше фудбалер на годината , тој си беше за екипа која се бори за освојување на УЕФА КУПОТ.
Пеле - Млад перспективен но само името ги подлага на Интер за да го купат додека му дојде времето има уште многу.
Бурдисо - земен е по налог на Ј.Занети , па порасна на 27 години а не успеа да се избори ни стандардно место во Интер , а како за најдобар одбранбен играч на годината.
Ривас - Од сега се гледа дека тешко дека ќе го биде.
КИВУ - Рака на срце добар трансвер, но кога сме баксузи цело време ни се повредува , ајрот неможеме да му го видеме исто како и на Ибро мајсторот, Роналдо и ред други.
Дакур - ехе кога тој беше во врвна форма Лидс играше во 1/2 финале во ЛШ, па сега вие разгледајте кај игра Лидс неговите добри денови одамна се во заборав исто како и Лидс.
Адриано - Ова дете го купивме за само 800.000 илјади долари 2001 година, па повторно го прекупувавме од Парма за 25 мил евра итоа 50%, а цело време го нудеме за 5-6 милиони евра... Јас сум сигурен каде и да оди во друг клуб ќе се прероди само во Интер ќе стагнира иако има само 26 години...АДРИАНО треба да се чува како очите и да се негува исто како и ИБРО Мајсторот тие двајца ни се се што имамаме а вредат непроценливо богатство.
Мурињо - Човекот е роден победник и треба да остане во Интер 20 години, тој е спасот за Интер.
Морати - Колку што го сакам исто толку и не го сакам...Кога беше сменет(работаше во сенка) од Факети ми падна криво, а еднаш најави дека сака да го продава клубот на еден моден дизајнер (Шнајдер де) многу ми се стегна срцето и бев да остани и покрај големиот број на глупости што ги правеше на трансвер пазарот...замислетене пред три години последната трансвер цел му беше ЛУЧИАНО МОЏИ....(пред да излезе на виделина скандалот) и јас сакал несакал се согласував и него да го донесе....
А сега вие добро размислете каде е проблемот..
Да не се лажеме за ЛШ ќе треба уште многу да се начекаме... не заборавајте одпаѓаме од ВИЉАРЕАЛ, Валенсија, Локомотив москва( во групите), екипи кој се од втора категорија, а со РЕАЛ МАДРИД, ЧЕЛЗИ, МАН УТД, БАРСА, се уште не сме стигнале да играме а камо да ги победиме...
ГО САКАМ ИНТЕР, но тој на нас немисли.
П.С Кривци за тоа што ги одбрав ИНТЕР се МАТЕУС-КЛИНСМАН-БРЕМЕ (1989) и Трапатони тогашниот стратег.
Ова е вистинската сезона за Интер колку е јак во Италија..
Фаворити за Калчото се:
1. Милан ( Кака, Пато, Пирло, Роналдињо, Шевченко, Неста...)
вредат огромно богатство.
2. Интер ( Адриано и Ибра)
3. Рома ( Тоти, Де Роси, Аквиљани,,,)
4. Јуве ( Амаури, Буфон,...)
СТРАТЕЗИ:
1. Мурињо
2. Спалети
3. Прандели
4. Анчелоти
Кој сака може ипонатака да си кини нерви..
Моја прва ЉУБОВ.... ИНТЕР.