Времето оваа години си го подобрив за 19 мин. на мое огромно чудење, веројатно заради попријатното време за трчање. Уште не можам да се опраам од грчеви и жуљеви, ама се заборава тоа....
Две работи од организационен карактер не беа во ред: пакетите беа осиромашени (и тие пред и тие по трка што се добиваат) и недостатокот на овошје (суво грозје, лимон) на станиците за освежување т.е ги имаше на една или две станици. Очигледно е дека имаше многу помалку волонтери од лани, а причината не знам што е, лани некои од нив се жалеа (ама ај ете, не е толку страшно).
Тоа што најбезвезе е од се', а за што не е крив организаторот е малата излезност на луѓе по улиците, а и тие што се излезени се во кола налегнати на свирките (демек - ај побрзајте будали едни)....што ми е зборот - култура за ваков настан имаат многу малку луѓе во градов очигледно.
За поздрав е што Катарина трчаше, ама што фајде кога таа тоа самоиницијативно го праи - во смисол - треба организаторот да мотивира што повеќе јавни фаци да учествуваат и да го анимираат народов...