Значењето на Јосип Броз - Тито за Македонија и Македонците

P

PewDiePie

Гостин
Југоносталгичар а Македонец,попатетичен створ и спој од тоа нема.

Одете убијте се сите што уште цмиздрите по тито.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.098
Поени од реакции
9.419
ОК, може ли некој да ми објасни некои работи?

1. Како отприлика во 1945-50 та Македонците би се избориле за самостојна и обединета Македонија (Советски војски во Бугарија и Британскии во Грција со зацртани мапи и Амерички амин, масовна глад во Југославија избегната со Америчка помош)?

2. Кога во последните 1000 години (ако сакате и 2000) Македонците имале држава (каква-таква и колкава-толкава), право да се нарекуваат Македонци со свој јазик во училишта, факултети........?

3. Кога во Македонија повеке се гради и инвестира од времето на СФРЈ?

Благодарам.

П.С. Мое мислење за Југославија:

Добра идеја.
Лош проект.
Неспособни изведувачи на проектот.
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Само што, принципиелно комунистичкото движење се става над се', но и во бившиот СССР иако рускиот народ е мнозинство во повеќето од сојузните покраини, сите тие народи и области добиваат републики кои по распадот станаа тоа што станаа - самостојни држави. Сепак и таму и тука власта била поприлично централизирана. Србите, оние што се сериозно националистички настроени, шансата на овие народи што ги напомена ти (меѓу кои сме и ние) да имаат републики во рамки на новата држава (што не било случај во СХС) на Тито како Хрват му ја препишуваат таа идеја со намера што повеќе да се ограничи влијанието на Србите во Југославија и тоа им е како главен аргумент. Кога на сето тоа ќе се надодадат и Косово (кое отиде у мајчину) и Војводина која срамежливо почнува да зборува за некаква поголема автономија.

1. Како отприлика во 1945-50 та Македонците би се избориле за самостојна и обединета Македонија (Советски војски во Бугарија и Британскии во Грција со зацртани мапи и Амерички амин, масовна глад во Југославија избегната со Америчка помош)?
Зарем стварно сакаш да читаш патетични одговори од типот „Тито кренал ручна“, „комунистите заебаа“......баба ми збореше дека боси и голи партизани (па и без оружје) го ослободувале Скопје - па и нив не ги есапиме за херои (да знаеле дека си ги дале животите за некои „антички“ ѓубриња, ич нема од дома да излезеле). 60 години после војната еден асален пат не можеме да напраиме до граница - не ќе сме оделе на Солунско поле. Само некој без памет може да тврди дека Југославија имала моќ да се избори за Егејска Македонија......што ли ќе останеше од земјава ако студената војна почнеше од војна меѓу Југославија и UK? Ќе живеевме сеа во Ваљево и Краљево и тешко Македонци дека ќе бевме.....
Прочитајте ја убаво историјата на Грција, видете чиј проект е и зошто Европа и светот трпат 10-11 милиони ѓупци да глумат разгалени дечишта....
Све нешто Тито ви е крив.....
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
ОК, може ли некој да ми објасни некои работи?

1. Како отприлика во 1945-50 та Македонците би се избориле за самостојна и обединета Македонија (Советски војски во Бугарија и Британскии во Грција со зацртани мапи и Амерички амин, масовна глад во Југославија избегната со Америчка помош)?
Исто како и денеска, со малку повеќе верба во себе и јасно изразена идеја за самостојност и независнот пред светот, а не жртвување на своето за борење и крварење за туѓото.
Или идиотското натегање и силење со можни воени интервенции за Трст во истиот период беше поважно од скоро 2/3 од Македонија?

И кој вели дека морало да се "бориме" во буквална смисла со Советите или Британците? Ако се следела идејата за самостојна и обединета Македонија можело со мудра политика да се изнајдат начини да се добие тоа и покрај блоковската поделеност, зашто таквата Македонија во срцето на Балканот би била полезна и за едниот и за другиот блок.
Ама изгледа на некои до ден денешен им е поважен титоизмот...

Eisenhorn напиша:
2. Кога во последните 1000 години (ако сакате и 2000) Македонците имале држава (каква-таква и колкава-толкава), право да се нарекуваат Македонци со свој јазик во училишта, факултети........?
Ако си Македонец со ваквото "размислување" сам по себе плукаш.
Македонците САМИ си се изборија за својата (каква-таква и колкава-толкава) држава и никој ништо не им подарил.

Eisenhorn напиша:
3. Кога во Македонија повеке се гради и инвестира од времето на СФРЈ?
Кој е тој што демек инвестирал, некој од надвор ли?
Или секое едно поголемо претпријатие или фабрика беше градено со маката и потта на самите Македонци и со одвојувања од нивните плати?

Eisenhorn напиша:
П.С. Мое мислење за Југославија:

Добра идеја.
Лош проект.
Неспособни изведувачи на проектот.
Која е таа "добра идеја" ама "лош проект", нешто си контрадикторен?
Таа за стварањето на кралството СХС, или послевоената што всушност ги преслика границите од предходната (освен кај Истра)?
Ти "Југословен" си или Македонец?

За жал токму ваквите "размислувања" од одредени поединци и групи и во тоа време беа главната пречка за остварувањето на сонот на многу генерации Македонци.
А нивното повторување денеска не е ништо друго освен повторно и повторно затварање, тепање, убивање на искрените македонски патриоти како човеков што сум го избрал јас за свој ник овде.
Нивната крв и животи колку тежат на нивните фактички мачители и убијци исто толку лежи и на секој еден што денеска се потсмева, го омаловажува и релативизира нивното дело за Македонија и македонскиот народ.
--- надополнето: 7 мај 2013 во 22:48 ---
Зарем стварно сакаш да читаш патетични одговори од типот „Тито кренал ручна“, „комунистите заебаа“......баба ми збореше дека боси и голи партизани (па и без оружје) го ослободувале Скопје - па и нив не ги есапиме за херои (да знаеле дека си ги дале животите за некои „антички“ ѓубриња, ич нема од дома да излезеле). 60 години после војната еден асален пат не можеме да напраиме до граница - не ќе сме оделе на Солунско поле.
Мешањето на твоите погледи за денешната политичка ситуација овде ќе те однесе на БАН од темава.
Опоменат си, изборот е твој.

Dave напиша:
Само некој без памет може да тврди дека Југославија имала моќ да се избори за Егејска Македонија......што ли ќе останеше од земјава ако студената војна почнеше од војна меѓу Југославија и UK? Ќе живеевме сеа во Ваљево и Краљево и тешко Македонци дека ќе бевме.....
Прочитајте ја убаво историјата на Грција, видете чиј проект е и зошто Европа и светот трпат 10-11 милиони ѓупци да глумат разгалени дечишта....
Све нешто Тито ви е крив.....
Навистина, само некој без грам памет може да мисли дека Македонија е исто со Југославија.
А зошто Македонија би почнувала војна со UK, заради идеологија и политичко уредување ли?
Според твојава "мудра" опсервација демек во некаква си војна со UK Британците сите Македонци ќе ги преселеле во Ваљево и Краљево ли?
А во Македонија кој ќе живеел, "Британци" ли? :facepalm:

Ние овде одамна сме ја прочитале и добро ја знаеме историјата на јужните, прашање е ти и сличните на тебе дали ја знаете.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.098
Поени од реакции
9.419
Исто како и денеска, со малку повеќе верба во себе и јасно изразена идеја за самостојност и независнот пред светот, а не жртвување на своето за борење и крварење за туѓото.
Или идиотското натегање и силење со можни воени интервенции за Трст во истиот период беше поважно од скоро 2/3 од Македонија?

И кој вели дека морало да се "бориме" во буквална смисла со Советите или Британците? Ако се следела идејата за самостојна и обединета Македонија можело со мудра политика да се изнајдат начини да се добие тоа и покрај блоковската поделеност, зашто таквата Македонија во срцето на Балканот би била полезна и за едниот и за другиот блок.
Ама изгледа на некои до ден денешен им е поважен титоизмот...
Која мудра политика пријателе?
Пообединети народи се растурени во тоа време.

На конференцијата на Јалта е зацртано што ке биде чије. Грција со Британците а Бугарија со Русите. Точка.

Убави желби имаш али ајде кажи како? Мудра политика со Британија која им даваше напалм и авиони на Грците за да ги палат нашите?

Мудра политика со Сталин? Мирни протести во Пирин? Повик за демократија пред автоматите на НКВД?

Јас не гледам без војна како би се извело тоа, а со војна не гледам како би тепале.
Во тој момент најмногу што можело да се добие е ова што го добивме.

Силењето околу Трст било како одговор на силењето на Италија околу Истра и другите „Италијански поседи“ во Далмација.
Тамо можело да се сили.
За Солун види кај Черчил.

Ако си Македонец со ваквото "размислување" сам по себе плукаш.
Македонците САМИ си се изборија за својата (каква-таква и колкава-толкава) држава и никој ништо не им подарил.
Секако дека никој не ни подарил ништо, али за прв пат гледаме реално размислување (сами сме мали, мора да се здружиме, ако гризнеме повеке него што можеме да голтнеме како Егеј и Пирин ке ни ебат матер) при кое се обединува скоро цел народ, и се дејствува со една цел што е заслуга на комуњарите.
100.000 борци убаво звучи, али оружје, муниција, логистика од каде? Тие единици се наоружани со потешко вооружување од 44-та натаму, пред се како дел на вооружените сили на Југославија.

Како и да е, Македонските партизани, под водство на Комунистичката партија се прва Македонска војска која победила во некоја војна во над 2000 години.

Зборам пред се за Вардарскиот дел, бидејки во другите Македонските единици главно биле под команда на КП на тие држави.

Школи, факултети, јазик, нација и се друго е постигнато под СФРЈ, толку ли е тешко да се каже тоа? Сите други во таа СФРЈ, а пред се Србија не прифатиле како Македонци а преку тоа и светот.
Не е тоа друга планета, и ние сме биле СФРЈ, тоа било и наша држава.
Па дури и МПЦ за време на СФРЈ ја враќа автокефалноста.

Кој е тој што демек инвестирал, некој од надвор ли?
Или секое едно поголемо претпријатие или фабрика беше градено со маката и потта на самите Македонци и со одвојувања од нивните плати?
Македонија за време на СФРЈ секогаш била дополнувана од федералниот буџет, да не било финансирањето од федерацијата немало ништо да се изгради. Тие приказни „со наши пари се градеше Загреб и Београд“ се тежок дебилизам бидејки Македонија била најсиромашна и најнеразвијена (со Црна Гора) република и никогаш сама не можела да си ги пополни дупките во буџетот.
Тоа не е вреѓање туку факт. Со 80% неписмено земјоделско население (ни Отоманската империја ни Србија не се потепале да школуваат кадар или градат универзитети) така што без финансирање, планирање и проектирање (дур не се ишколуваа наши кадри) на СФРЈ немало шанси да се изградат тие претпријатиа.
Да, со потта на Македонецот, али без финансирањето и експертизата на другите (пак, дур не се ишколуваа наши) тешко ке одело.

И мене ми беше незгодно кога прв пат слушнав али тоа е тоа.

Југославија се распаѓа кога на Словенците и Хрватите им е преку онакво да ги финансираат Македонците, Босанците и Црногорците.
Од нивна гледна точка секако.

Која е таа "добра идеја" ама "лош проект", нешто си контрадикторен?
Таа за стварањето на кралството СХС, или послевоената што всушност ги преслика границите од предходната (освен кај Истра)?
Ти "Југословен" си или Македонец?
Македонец.

Добра идеја - обединување на неколку мали народи кои со векови се тртени од поголемите па и од самите себе (во тебе гледам Србијо) во поголема и посилна држава.

Лош проект - Балканци на власт.

Околу прашањето Истра или Солун повторно упатувам на Черчил, неговите мемоари и Британската повоена политика или договорот на Големите тројца.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
ОК, може ли некој да ми објасни некои работи?

1. Како отприлика во 1945-50 та Македонците би се избориле за самостојна и обединета Македонија (Советски војски во Бугарија и Британскии во Грција со зацртани мапи и Амерички амин, масовна глад во Југославија избегната со Америчка помош)?
Доволно би било кога би ги побарал темите на форумов каде конкретно се истакнува планот на САД за автономна Македонија, како и сите декларации меѓу двете Светски војни на Комунистичката Комитерна во која се бара рамноправност и автономија за Македонија.

Доколку тогашните Македонци подобро ја проектирале реалноста и наместо слепа послушност на КП би се согласиле да ја заземат страната на Западните Сили тогаш и резултатот најверојатно ќе бил поинаков, но кој можел со сигурност да процени тогаш. Сме избрале како што сме избрале и во почетокот на 90тите кога наместо да се фокусираме на зацврстување на сопствената држава, повеќе се грижевме да ги задоволиме потребите на Србија и се соживувавме со нивната судбина како да е наша.

2. Кога во последните 1000 години (ако сакате и 2000) Македонците имале држава (каква-таква и колкава-толкава), право да се нарекуваат Македонци со свој јазик во училишта, факултети........?
Првин објасни си зошто ги добиле тие права и државност, а потоа како... на лотарија, гребки на среќа, поклон за роденден?
Мислиш дека Тито бил тој кој одлучувал буквално за се’ и секого или и тој морал да се договори со Западот и Истокот?
Ако веќе се договорал, тогаш провери зошто ги изневерил Македонците во 1947 година и не бил доследен на желбата и пожртвуваноста од страна на Македонците да се обединат одново под исти граници.

Оваа 2013 година, Македонија како држава слави 68 години, од кои половина, цели 34 години ги живее веќе без Тито!
Поради тоа не ми е јасно како некој СЕУШТЕ може да дискутира за неговото дело, притоа искривувајќи ја историјата и живеење со политички митови кои времето одамна ги распрснало.

3. Кога во Македонија повеке се гради и инвестира од времето на СФРЈ?
Ајде да ги споредиме сите делови на Македонија, тој под СФРЈ, оној под Бугарија и оној под Грција, после 1945 година, по што ќе заклучиме дека секаде се градело и инвестирало.

Знаеш зошто? Затоа што кога штотуку завршува Светска Војна, скоро се’ е девастирано и мор да се изградат елементарни услови за живот. (You Don't Say!)

Но, ете ајде да направиме споредба на градежни проекти, инвестиции и степен на земјоделската застапеност во целата економија на Македонија со истите параметри во останатите држави на СФРЈ?
 
Друже, сите Македонци тогаш биле под организација на Комунистите, така што било каква подршка од Америте е невозможна.
А и магично да сме решеле да станеме не-комунисти пак не гледам како Америте би им начукале пред се на Британците заради нас, а како ние би се тепале со Русите во Бугарија.
Значи освен геноцидот над Егејците ке имало геноцид над Пиринците (наместо асимилација)

Во постот погоре пишав.
Тито како и секој морал да се договара, иако некои овде на форумот пишуваат како буквално он да решел ке имало обединета Македонија.
Или Македонците да се спукале со Британците или Русите немало да мора да се договараат или прават компромиси.

1947-ма било или Тито или Сталин, не само за Македонците туку за сите.
Делумно тука настануе начукуењето (про-Сталин ги гледал водачите на Егејските македонци а КПГ и била натака завртена) а делумно дека ако несакал да биде Југославија Советски сателит морал да им го дудла на Америте и Бритите.

Плус, Грците додека ја гледале војната како политички конфликт не се тепале баш со воодушевување, но кога ја гледале како можност Егејот да се одели од Грција................................................. јебига.

Оваа 2013 година, Македонија како држава слави 68 години, од кои половина, цели 34 години ги живее веќе без Тито!
Поради тоа не ми е јасно како некој СЕУШТЕ може да дискутира за неговото дело, притоа искривувајќи ја историјата и живеење со политички митови кои времето одамна ги распрснало.
Глупост е да го издигаат Тито на повисоко него што заслужува али не било се ни лошо, пак ке кажам за Македонија (оваа Вардарската) Југославија генерално позитивно влијаела.

Ајде да ги споредиме сите делови на Македонија, тој под СФРЈ, оној под Бугарија и оној под Грција, после 1945 година, по што ќе заклучиме дека секаде се градело и инвестирало.

Знаеш зошто? Затоа што кога штотуку завршува Светска Војна, скоро се’ е девастирано и мор да се изградат елементарни услови за живот. (You Don't Say!)

Но, ете ајде да направиме споредба на градежни проекти, инвестиции и степен на земјоделската застапеност во целата економија на Македонија со истите параметри во останатите држави на СФРЈ?
Стварно?
Во Грција и Бугарија се граделе Факултети каде се зборувало Македонски?
Школи каде се предавало на Македонски деца на нивниот Мајчин јазик?
Можеле Македонците во свои институции да зборуваат на Македонски и да се декларираат како Македонци?
Имале собрание каде за своите работи дискутирале на Македонски?

На тоа мислев пред се.
А и другите работи (фабрики, болници, погони....) овде се градени и како такви останале на Македонците.
Во Грција не изгеноцидирале така да тоа е градено за Грци.
Во Бугарија слично, само таму е асимилација значи градено за Бугари

А како што пишав, благодарение на Отоманската империја и Српското кралство во 45-та овде имало најмногу неписмено земјоделско население.

Значи по не знам кој пат на не знам колку теми, ништо не е 100% црно или бело (плаво/црвено) и секако дека имало лоши работи али имало и добри и мислам дека СР Македонија е најдоброто што сме можеле да го извадиме во тие тешки околности.

Тито не е ангел али пак, за нас Македонците мислам дека генерално има повеке позитивно него негативно влијание.

Исто со Југославија. За нас во овој дел на Македонија генерално позитивно.

Нормално не би никад више со другите заедно, али тогаш не било лошо.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Друже, сите Македонци тогаш биле под организација на Комунистите, така што било каква подршка од Америте е невозможна.
А и магично да сме решеле да станеме не-комунисти пак не гледам како Америте би им начукале пред се на Британците заради нас, а како ние би се тепале со Русите во Бугарија.
Значи освен геноцидот над Егејците ке имало геноцид над Пиринците (наместо асимилација)
Абе друже, фино е што имаш свое мислење, меѓутоа твоево аргументирање не држи ниту водена пареа..

Во сите прилики се работело за зацврстување на своето влијание, така и Британците стравувале дека слободна Македонија е интерес на Русија, па нормално е зошто индиректно одиграле против нас и грчките комунисти.
Ние своеволно одбравме својата кауза да ја реализираме преку рускиот комунистички интерес.

Во постот погоре пишав.
Тито како и секој морал да се договара, иако некои овде на форумот пишуваат како буквално он да решел ке имало обединета Македонија.
Или Македонците да се спукале со Британците или Русите немало да мора да се договараат или прават компромиси.
Грците не биле идиоти, ниту Бугарите, кога создавале сојузништва со Британија и Германија. Воопшто не им сметало што не ги спојувала никаква идеологија за заедничко потекло, како што тоа било форсирано кај нас преку рускиот панславизам.

Глупост е да го издигаат Тито на повисоко него што заслужува али не било се ни лошо, пак ке кажам за Македонија (оваа Вардарската) Југославија генерално позитивно влијаела.
Како за кого.

Стварно?
Во Грција и Бугарија се граделе Факултети каде се зборувало Македонски?
Школи каде се предавало на Македонски деца на нивниот Мајчин јазик?
Можеле Македонците во свои институции да зборуваат на Македонски и да се декларираат како Македонци?
Имале собрание каде за своите работи дискутирале на Македонски?

На тоа мислев пред се.
Да те цитирам повторно:

3. Кога во Македонија повеке се гради и инвестира од времето на СФРЈ?

Немој да правиш будала од мене, најлошо е кога не си доследен на тоа што си сакал да кажеш, поготово кога ќе увидиш дека можеби и си згрешил, редно би било да се преиспиташ и да го приспособиш своето досегашно разбирање на фактите кои ти се посочени а кои не се тешко воочливи ниту пак скриени за некого.

Јас пак ќе ти кажам, дека нема потреба од идеологизирање и величење на личност како Тито, а ти со твоите 3 прашања погоре целеше да ги добиеш токму таквите одговори. Тито ис да бест, ин Тито уи белиф!
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.098
Поени од реакции
9.419
Абе друже, фино е што имаш свое мислење, меѓутоа твоево аргументирање не држи ниту водена пареа..

Во сите прилики се работело за зацврстување на своето влијание, така и Британците стравувале дека слободна Македонија е интерес на Русија, па нормално е зошто индиректно одиграле против нас и грчките комунисти.
Ние своеволно одбравме својата кауза да ја реализираме преку рускиот комунистички интерес.
Значи пак сме немале шанси.

Грците не биле идиоти, ниту Бугарите, кога создавале сојузништва со Британија и Германија. Воопшто не им сметало што не ги спојувала никаква идеологија за заедничко потекло, како што тоа било форсирано кај нас преку рускиот панславизам.
До некаде се слагам, но пак ние како најслаби пак не сме имале некој избор.

Немој да правиш будала од мене, најлошо е кога не си доследен на тоа што си сакал да кажеш, поготово кога ќе увидиш дека можеби и си згрешил, редно би било да се преиспиташ и да го приспособиш своето досегашно разбирање на фактите кои ти се посочени а кои не се тешко воочливи ниту пак скриени за некого.

Јас пак ќе ти кажам, дека нема потреба од идеологизирање и величење на личност како Тито, а ти со твоите 3 прашања погоре целеше да ги добиеш токму таквите одговори. Тито ис да бест, ин Тито уи белиф!
Како и да завртиш, ништо од 3-те што ги наведов не е лага.Нема потреба од величање на Тито (нити некаде го правам тоа) но треба да му се одаде признание за она што го направил.

А ти исто така убаво го забораваш второто прашање:

2. Кога во последните 1000 години (ако сакате и 2000) Македонците имале држава (каква-таква и колкава-толкава), право да се нарекуваат Македонци со свој јазик во училишта, факултети........?

На кое исто така мислев кога одговарав на предходниот пост (брзање јебига сите 3 под едно мислење ми се и треба да се земат заедно)

А и да е тоа 3-то прашање.
Пак кажи кога во Македонија повеке се инвестирало и градело од времето на СФРЈ? Кога?

Пошто да бидеме реални сега Егејот е во Грција а Пиринот е во Бугарија, жално но вистинито, така функционираат геноцидите и асимилациите што значи од Македонија останува ова делче тука.

Значи идеме пак.
Во едно прашање:

Освен што Југославија и Тито биле лоши и не сјебуеле на секој чекор, кога во последните 2000 години Македонците било каде имале држава, градење инфраструктура за своја корист, развој на сите гранки на општеството (освен слобода на говор) и економски стандард одколку во таа проклета зандана на народите наречена Југославија и како би го извеле обединувањето и осамосојувањето во тие комплицирани услови и тоа со 100000 слабонаоружани војници и со поголем дел селско неписмено население и без индустриска позадина кога и самите Македонци се поделени одвнатре?

Повеке добро него лоше сме виделе како и да завртиш во таа Југославија.
Тито правел лоши работи (па и глупави) али кој направил подобро? Во 2000 години едно име дај ми.
Ајде, од Ацета наваму кој?
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Периодот на Титова Југославија беше еден период на “земање здив“, период на реконвалесценција за Македонците. Тоа беше подлога за самостојноста што ја имаме сега. Тито не е заслужен за сето тоа. За тоа се заслужни плејадата борци и интелектуалци во последните 150-200 години од сите три дела на Македонија, но Титова Југославија овозможи поволна клима за сето тоа да се развие во вистинската насока (не доволно, поради што трпиме последици и денес од анационални типчиња, или продадени души), така да колку-толку слободниот развој на националната и интелектуална свест доведе до основа да можеме барем малку да се справуваме со денешните македонски негатори и непријатели.

Другото се споредни работи. како илустрација ќе посочам една случка (расправија) која ми се случи, мислам во 1991 или 1992 година.

Додека работев во една фирма, во расправија со еден од вработените кој запалено реагираше на мојот национален став околу Титовата фотографија и мојот став дека не треба таа да стои во канцеларијата повеќе (кој став тогаш беше незгодно да се споменува и беше резервиран за “простаците и оние со влакна во носот“) реагираше со зборовите дека ништо од она што го имам сега јас (моето факултетско образование конкретно) ниту она што го постигнал мојот татко (исто такво само за еден степен повисоко) немало да го имам(е).

Јас му одговорив: “дали тоа значи дека, бидејќи Тито го немаше во Германија, САД, Франција, Италија, Британија - дали тоа значи дека таму нема учени луѓе? Дали таму нема патишта, инфраструктура, фабрики, згради и сл.?“

Сето тоа го има таму и без Тито. И подобри стручњаци има од мене или од било кој од нас. Што ли правеле тие без Тито?!

Уште и додадов: “Јас ќе завршев и ќе бев тоа што сум во било кое општество, затоа што учев и сакав да учам. Татко ми ќе завршеше тоа што завршил и во претходниот систем, можеби и подобри странски универзитети, затоа што дедо ми доволно добро заработувал (и сакал да ги учи своите деца) да го изучи својот син било каде - напротив ние како семејство со Тито и социјализмот сме изгубиле многу повеќе отколку што сме добиле. Спротивно на тоа, ТИ немаше да бидеш тоа што си, затоа што “заврши“ (со пријатели и поткуп) економски факултет на старост, само за да не го изгубиш работното место и со тоа му го земаш работното место на некое момче кое се отепало од учење и со кое не се срамиш да се наречеш колега.“

Ова нека биде илустрација за моето мислење околу Титовото време. Сме добиле како нација (на еден дел и делумно но сепак сме добиле) некои сме изгубиле како поединци, некои сме добиле (најчесто незаслужено - некадарните, но послушни добиле најмногу) и така... Животот тече и понатаму, да се трудиме да го зачуваме и надградиме ова што сме го заработиле и стекнале исклучиво со македонска пот и крв...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сите медијуми известија - Почина Јованка Броз
Ќе буде погребана до Тито
Погледнете на Тајм.мк има повеќе написи
http://www.time.mk/?q=јованка&search=news
На Либертас. мк пронајдов емисија Во Центар - посветена на Јованка. Емисијата трае 51 минута
http://libertas.mk/во-центар-со-васко-ефтов-јованка-броз/
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нека почива во мир. Туку одма по нетов се развија глупави муабети околу Тито и Југославија.. Нема потреба и приказни да прават за нејзе доволно е што ќе биде погребана како што таа лично посакувала.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom