Па Хари Потер сагата трае веќе 12 години од првиот филм. Башка со книгите.. филмови пстари од 20 години веќе тешко се наоѓаат.. Хари Потер е најкултен од сите спомнати на темава, од секој аспект. Тоа што на гугл на првиот срч искачаат милиони резултати со твајлајт тетоважи е баш култен, ај најди 3ца со Американ Бјути тетоважи. Не мешај квалитетни со култни. Нека не те буни што некои дека се квалитетни се култни. Ама квалитетни не е еднакво на култни. Исто така голема заработувачка не му го негира култниот статус на еден филм. Сфаќам што сакаш да кажеш, ама не е потребно квалитет за фан база, за култ. Doctor Who тера со ефекти од 80тите, ама е култен. Иако еве, Е од 80тите.
Абе дечки бе, ме има фатено една мрза ама ме нервирате кога ми попувате троа иако се обидувам да скратам.

Океј квалитетни не е еднакво на култни, не го спорам јас тоа. Друго ви кажувам. Ај може после ова ќе се разбереме.
Прво, дефиницијата за култен филм главно се утнува. Да треба да има една група фанови кои си го тинтраат филмот, но по една општа дефиниција, култните филмови не се мејнстрим парчиња и обично отскокнуваат со тематиката, обработуваат теми кои не се третираат од регјулар филмови. Имаше една фина сугестија баш од тетка Вики, дека Тарантино е еден од оние режисери кои успеаја да создадат култни филмови кои се прифатени во мејнстрим културата.
Така да ниетот ми е, тоа што деца тетовираат било кого на себе не го прави еден филм култен, затоа што за пет-шест години ќе се создаде нов серијал Твајлајт и се ќе се заборави, па и типчено ќе си избрише тоа тетоважата. Твајлајт ви е типичен пример за тренд филм кој растура некоја година, тинејџери вриштат и го надраснуваат. Додуша знам и повозрасни што сметаат дека е супер филм, ама тоа нивна работа, немам ништо против секој со вкусот. Па за мејнстрим ич муабет да не правам. Од друга страна толку зборуваниот Фајкла е типичен пример што значи култен. Излезе на ДВД, не му се обрна внимание на примерата, а живее до ден денес и ќе тера. На нашки, култните филмови се уствари хипстерски, така некако ќе му дојде.
Да не ме разберете погрешно, на Хари Потер не му го спорам квалитетот, напротив. Но, стварно мислам дека е малку рано да го наречеме култен, иако барем има основа и потенцијал да се најде во култни серијали, Твајлајт не.
И тука престанувам со муабетов оти толку имам да кажам. Ме фатила невидена мрза за долги постови.
П.С: Да завршам со прашање, Hunger Games, култен ли е?