Тој обожава филмој од типот "на брат ми кога му ја скршија кичмата" , а ти сакаш да се прајш паметен преку филмојте шо ги гледаш ?
Фајт клуб и сличните на него можи да ги изгледаш до крај само за да се пофалиш како ти си го сфатил и многу ти се допаднал додека другите се прости и не го сфатиле. Односно дека ти ја сфаќаш маестралната уметност опишана во филмот. Евтините акции немаат уметничка вредност, а Форест Гамп шо трча 3 години без престан е страшно уметничко дело. Или така некој рекол во америка, па мора да биди така ???????

И за крај да го спомнам и ''најдобриот филм на сите времиња'' -American beauty каде шо не знајш кој е главен лик, кој е спореден, а не пак нешто друго. Ама најверојатно и тоа е целта, збуни го непријателот, па после плесни му во фаца дека треба да го активира мозокот и дека е глуп.
Фајт Клаб е релативно лесен филм, нема потреба да се напрегаш посебно за да го сфатиш.
Можеш да не го сфатиш само ако го пропуштиш крајот на филмот.
Бонус е што Бред Пит е најкул филмски карактер.
Форест Гамп е филмиште со огромна порака, а тоа е дека не треба да бидеш посебно паметен и да имаш голем кофициент на Ај Кју за да направиш разлика помеѓу добро и лошо туку само едноставно да бидеш човек.
На Форест му е најдобар пријател сиромашен црнец во моментите кога во САД има расизам.
Форест не знае многу, ама знае дека треба да ги спаси своите другари од смрт по цена на сопствениот.
Нему му е поважно да се измоча отколку да прими медалот за храброст кој за него е обично парче тенекија.
Тој трча три години оти навистина тоа го сака и има внатрешна потреба, за разлика од тие што трчаат околу него и имаат само потреба да следат некој.
Многу убава парабола за религиозните фанатици, следбеници на трендови и слични луѓе околу нас.
Форест никогаш не ги напушта своите пријатели и кога тие ќе го допрат дното како Капетанот кој го спасува во моментите на депресија и е отфрлен од заедницата и од самиот себе.
Форест знае дека само упорноста и макотрпната работа можат да донесат успех, тоа тој го прави со пинг понгот, истото го прави и со бродот со ракчињата кога во најголемата бура не се предаваше да го спаси сопствениот брод.
Форест секогаш ги исполнува своите ветувања без разлика какви и да се и морален е пред себеси.
Затоа и на фамилијата од Бабл им отстапува огромна сума.
И на крај Форест верува во љубов и за него семејството е светост, без разлика дали тоа е негов син или не тој упорно го чека на станицата секој ден и се радува на животот.
Цела поента на филмот кажана во една реченица би била:
Дали ти можеш да бидеш подобра личност од полуретардиран човек?
Се тоа проткаено со извонреден хумор и глума е нешто што го прави филмот добар, а не дека некој Амер или пак авторитет рекол оти филмот е добар.
Американ Бјути е солиден филм и ги отсликува проблемите на модерната американска заедница, ама е преценет за Оскар бидејќи таа година имаше страшни филмови.