Никаков Вардар, супер Шкендија лол
Реално солидно изиграа и двете страни, и нерешено беше реален резултат.
Можам да приговорам за два недосудени прекршоци еден за слободен на работ на шеснаесетник, вториот чист пенал при 0-1.
Ецковски не утепа реално.
Дали е местена или не?
Резултатот 1-1 беше оној кој долго време се спомнуваше низ Скопје.
Поучени од ланскиот куп, повеќето укажуваа дека ќе заврши 1-1.
Затоа се чудам како воопшто дојде толку публика, очекував да нема никој на југ.
Нашите не се трудеа премногу во првиот дел. Шкендија преку Шабани се закануваше...
И двете екипи имаа по една чиста шанса. Шкендија проиграа во шеснаесетникот и само од неколку метри биеа над гол. На спротивна страна Костовски утна чиста шанса.
Вториот дел со две чисти шанси на двете страни.
Шабани ни самиот не знае како ја утна шансата. Тука се појавија првите сомнежи затоа што и двајцата играчи на Вардар го видоа осамениот Шабани но никој не го покри. Сепак Милиќ им ги расипа плановите.
Ја одбрани топката и таа се одби од стативата.
Вардар имаше 2 сто процентни шанси. Одлична акција, шут на Костовски, сите ја видовме топката во голот, ама судијата одмавна со раката за бура осд реакции.
Следна акција уште една чиста шанса, Хименез се посрамоти промашувајќи еден на еден.
Шкендија ја имаше следната 100% шанса, но одново Милиќ одбрани.
Значи досега и двете екипи имаа по 3 сто процентни шанси.
Шкендија од нигде дојде до водствоп.
Дотогаш Милиќ кој беше брилијантен ОДЕДНАШ прави кардинална грешка, дреме истрчан и прима гол од пола ебате...
Чист гол на негова душа, со што сомнежите се зголемуваат.
Слично како и утакмицата со Ренова лани, сите рекоа сега ќе видите до крај ќе напаѓаме цело време и ќе дадеме само еден гол.
Исто како и тогаш така и сега, со целосен притисок напаѓавме и израмнивме во 90-та.
И тогаш доаѓа крајната шанса.
Се играше 95-тата минута, мешаница во петерецот на Шкендија, голманот на Шкендија лежи и Костовски бие траљаво, само во пречката

Доста сомнително.
На крај едните слават, другите како божем гневни на судиите.
Реков нема да преудицирам пред време, ќе бидам реален и ќе кажам со моменталните состави и форми на екипите, Вардар НЕМА ТЕОРИЈА да победи во Тетово во првенствениот меч.
Ако стварно тепаме, тогаш за мене нема сомнежи сите мечеви од полусезонава биле наместени.