Game of Thrones

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.106
Поени од реакции
9.047
Друго нешто...Во првата сезона кога Џејми Ланистер се бореше против Нед Старк, типот кој попи нож од Џејми во око е Берик?
Не, тој беше Jory Cassel капетан на гардата на Stark. Beric е витезот што Ned Stark го праќа во првата сезона да се справи со Gregor Clegane, тогаш друг глумец привремено го играше ликот но пошто сега Beric е битен за приказната има друг актер.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.458
Поени од реакции
6.755
НАПОМЕНА ГИ НЕАМ ЧИТАНО КНИГИТЕ!!

Неможе Роб да напраи договор со Фрејовци, нити да го исполни договорот да се земе со нивната, пошто не постојат полигамни бракови во серијава. Никој нема повеќе од 1 жена. Ќе го одбијат да му се придружат, од повеќе причини не само тоа што ги заеба, туку и нема веќе голема армија, тргна со приближно 20.000 на старт, да заокружиме на 20.000.
- 2.000 во whispering wood кога правеше диверзија за да го зароби Џејми.
18.000
- 8.000 Карстарк - a little less than half of your forces.
10.000 луѓе на располагање севкупно.

Во овој момент Старк се најслаба фамилија и најбрзо може да биде уништена, доволно е еден напад од зад грб на Карстарк во коалиција со ГрејЏој. Коалиција која ќе ги направи Карстарк чувари на северот, а ГрејЏој независно кралство од северот добиено после прегазување на армијата на Старк, или оноа што го викаше Balon Greyjoy, we pay the iron price for our freedom.
Дополнително, незнаат дали се живи Брандон и Рикард, Санса и Ариа се out of reach, едната затворена, другата изгубена.
You lost the war, the moment you married that girl. Колку сака нека е со принципи батката, али оваа реченица е точен опис за него и доаѓа од Карстарк исто мислам пред 2 епизоди.

Џон Сноу е геј и појма нема шо прави, кај го носи ветрот. Ни има план, ни знае политика, само прета како заклана кокошка. Патем, 2 сезони веќе не се спомнува чичко му, нели по него тргнаа на север. Он не ни го праша Манс дали знае нешто за чичко му, се упрпа кога ги виде џиновите. Се надевам он е следниот од главните ликови што ги скинува Џорџ Мартин.

Санса е комплетен нуб, да ја продадат бело робје ќе вика убаво и е. Толку неспособен карактер е, зијан сум што ја коментирам....

Тајвин е батката со комплетен план, а богами и Олена Тирел. Они уствари ја водат целата политика сега со потези. А мислам и нема да помине лесно Тајвин преку старава и да ги ожени/омажи Тирион и Серсеј како што наумил.

Остануваат Станис и Калиси за коментирање. Станис седи во место, режисерите не ни дадоа опис што уствари чека човеков од Мелисандре сега, голема грешка е што никој не го напаѓа и да го скине. Тајвин требаше да се погрижи за него досега, нема армија, нема флота, нема ништо, треба да го завземат Storms End чисто онака колку сила да покажат Ланистер.

Калиси го испука максимумот минатата епизода, мислам дека до крајот на сезонава ќе гледаме како се шетка навакај натакај барајки бродови без никаква акција.
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
НАПОМЕНА ГИ НЕАМ ЧИТАНО КНИГИТЕ!!


Џон Сноу е геј и појма нема шо прави, кај го носи ветрот. Ни има план, ни знае политика, само прета како заклана кокошка. Патем, 2 сезони веќе не се спомнува чичко му, нели по него тргнаа на север. Он не ни го праша Манс дали знае нешто за чичко му, се упрпа кога ги виде џиновите. Се надевам он е следниот од главните ликови што ги скинува Џорџ Мартин.

/quote]
o_O
Џон се инфилтрира со дивите за да го убие Манс. Сигурно во иднина че превземи нешто :D[/quote]
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Олена, Тајвин, Арја, Џејми:cuc::cuc: Растурија епизодава во сите можни комбинации. Глума, приказна, емоции the whole package го имаа. А и кога тоа се раскажа за Џејми во темава, очигледно го имам промашено тој пост?
Санса, Станис, Роб Старк:facepalm: Секоја сцена со овие тројца ми е напорна веќе, овака баш како што ги напишав, на чело Санса, веќе немам сила да и го слушам тоа пискавото гласче што го вади кога зборува со некого. Се фаќа за секоја приказна што ќе и ја сервираат како слеп за стап.
За Станис да не почнувам, Мелисандре го врти како сака, а очигледно не е само тој и жена му е отидена со мозокот. Глуми човекот и се тоа фино, ама неговата и на Мелисандре приказната со The Lord of Light може вода да и носи на приказната на Братството со The Lord of Light. Роб Старк за се го бива, освен за водење војна....
За Џон Сноу сеуште ќе бидам воздржан, му забегува малку карактерот, ама сепак се наоѓа кај Дивјациве и кај сите чудни створења, така да со него ќе има нешто големо, само додека дојде ќе окапеме од чекање.
И во секоја сцена во која ќе успеат да ги зафркнат Серсеи, Џофри и Џејми (иако искрено малку и мене конечно ме фати жал за типов после приказната) мене срцево ми се полни.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.150
Поени од реакции
23.275
A Роб ко го фати Џејми сите ау по него, ваков војсководец, онаков, величење до ѕидот и назад, сеа досаден ви бил до таму па и фазла. Еве сега ќе го удри Тајвин кај шо го боли најмногу. Станис да, до некаде и досадува.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.430
Поени од реакции
6.076
Поинтересна и повозбудлива епизода од предходните две. Епизода како од предходните 2 сезони-емоции,глума,заплети ...
--- надополнето: 30 април 2013 во 03:03 ---
A Роб ко го фати Џејми сите ау по него, ваков војсководец, онаков, величење до ѕидот и назад, сеа досаден ви бил до таму па и фазла. Еве сега ќе го удри Тајвин кај шо го боли најмногу. Станис да, до некаде и досадува.
Роб некако е импотентен сезонава :D . Па затоа таков заклучок .
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.150
Поени од реакции
23.275
Поинтересна и повозбудлива епизода од предходните две. Епизода како од предходните 2 сезони-емоции,глума,заплети ...
--- надополнето: 30 април 2013 во 03:03 ---

Роб некако е импотентен сезонава :D . Па затоа таков заклучок .
Се ожени, мора да е до то. :D
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не, тој беше Jory Cassel капетан на гардата на Stark. Beric е витезот што Ned Stark го праќа во првата сезона да се справи со Gregor Clegane, тогаш друг глумец привремено го играше ликот но пошто сега Beric е битен за приказната има друг актер.
Го заборавив комлетно, но кога Берик ја раскажуваше приказната за тоа колку пати е воскреснат и како Ланистери го обесиле и му забодиле нож во око се потсетив на тој детаљ од приказната.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.998
Поени од реакции
18.763
Интересно, не знаев дека Берик Дондарион со неговото братство, кои се понизни слуги на The Lord of Light, веруваат во ист бог како и свештеничката и жена на Станис Баратеон. Се си мислев дека нејзината религија е на ниво на секта и дека се занимава со црна магија. Ама од она што успеав да го разберам The Lord of light is one true God and all other gods and other religions are demons and false idols. Верувањето во Богот на светлината апла е метафора на христијанството. Бидејќи ги немам читано книгите интересни сојузи и можни завојувани страни се на повидок.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.133
Поени од реакции
5.925
Некако ми се чини или Станис почна да се враќа у нормала епизодава? Мислам дека откако виде колку е забегана жена му од приказните на Мелисандре за Lord of Light, почна да му се враќа паметот. Ете дури отиде и ќерка му да ја посети, нешто што сум сигурен го нема направено долго време.

Роб Старк... уште еден во низата глупи потези. Џабе е одличен војсководец, кога е никаков крал. Џабе му дојде идеја да го нападне Casterly Rock, кога нема војска за тоа. Со еден потег си ја изгуби пола војска. И уште очекува помош од Фреј, кого веќе го заеба еднаш. "Walder Frey is a dangerous man to cross."
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.106
Поени од реакции
9.047
Вашиот дежурен бранител на досадни и зли ликови има збор два да каже за Jon Snow. :D

Можеби е малку досаден затоа што нема доволно хумор и епик дијалози. Од друга страна неговиот дел од приказната во овој момент се движи споро споредено со другиот дел од Westeros, но ако гледаме така и Daenerys немаше некој огромен прогрес од раѓањето на змејовите до пред некоја епизода кога работите навистина почнаа да се движат.

Актерот кој го глуми ликот на Jon Snow за мене лично е by the book. Од коментарите гледам му замерувате што не ја опнал црвената предходно. Не е геј ниту пак е мутав, тоа уште во втората сезона се виде кога ја зароби Yggrite и спиеја заедно припиени еден до друг за да не смрзнат - потоа утредента Yggrite го задеваше за morning glory...Едноставно Jon Snow се воздржуваше поради заклетвата која ја даде на церемонијата на примање во Night's Watch дека нема да биде со жена, да израсне потомок, ниту да има титули и сопственост над земја. Под директна наредба на Qhorin Halfhand да прави се што ќе биде побарано од него со цел да се инфилтрира и да ја придобие довербата на Mance Rayder, Jon Snow мораше да ја прекрши заклетвата со Yggrite која е единствена во кампот која целосно му верува и подржува.

И за крај без Jon Snow никогаш немаше да дознаеме за обичаите и навиките на слободните народи кои живеат зад ѕидот. Без него немаше да ги сретнеме џиновите и White Walkers, приказната ќе беше поштура и немаше да ги имаме Yggrite, Mance Rayder, Joer Mormont, Halfhand, Tormund Giantsbane, Sam Tarly и останатите. Дефинитивно многу значаан лик за тој дел од приказната. A Song of Ice and Fire- каде Jon Snow и северот се Ice тема, Daenerys со змејовите во Essos плус R'hllor и Red Priests се Fire тема. А се измеѓу Ice and Fire се политичките игри и борба за тронот во Westeros.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
и шо, берик игра со шифри...
џон покажа зуби и одма наковална
блах, знам дека постираш ради калиси ама ја ептен се напнав пошо и го сменила аутфитот на другарка и...
ЏЕ МИ ЈЕ САЈДБУБ?!?!?!? :mad:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.599
Поени од реакции
13.297
Ко реков дека Калиси е досадна до пред некоја епизода, ќе ме обесевте, а сеа за Џон Сноу се фативте дека е досаден. Досадни се двајцата, поточно досадна им е траекторијата на движење, далеку од политиките, интригите и војувањата, со таа разлика што Калиси e hot, и има пустина и сонце во позадина, а не снег, е сеа кој како преферира. Калиси живна пред 2 епизоди на бомбастичен начин, значи да го очекуваме истото и од Џон.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.725
Поени од реакции
52.660
Серијата не ни ја прикажува возраста на ликовите како што треба, па заборавате дека ликовите кои ги критикувате се уствари ептен млади. Очекувате чуда и паметни одлуки од неискусни деца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom