Украдени точаци / Наоѓање крадени точаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Пеџо
  • Време на започнување Време на започнување
Јас го чував во влез, пред врата, заврши украден. Па во подрум, исто тие завршија украдени.

Сега на раце до 4ти секој пат, па на тераса. :)

Ама кажи, нели тоа е најдобро решение!
Ем ќе вежбаш бицепси и трицепси носејќи го по скали, ем точакот тука, при тебе а ти среќен и задоволен мирно ќе спиеш:)
 
Верувал или не, ни имаат украдено 5 точаци, семејно.

Едно пони, два обични брзинци да кажам и два Кетисајкл (ептен скапо платени пред 10 години, со диск преден ги земавме двата, бомбона беа). Едниот си го најдов пред пола година (руиниран), кај роми што живеат на 200 метри од мене и тоа сосема случајно. Успеав да го земам само затоа што имав пријатели во полиција. Иначе ќе останеше „ничија роба“. Нит на „пријателот“ ниту мој.

Ќе те викаат на препознавање во станица, ако ти е за колку да имаш точак, најди некој поасален (во станица на препознавање) и кажи дека тој е твојот и решена работа.

Поздрав и се надевам дека ќе ти го вратат.
А да пробате со бајачка , некој ви фрлил нешо за да ви ги крадат нон-стоп :D
 
Може не е баш исто али вчера ми се случи интересна случка.Го оставам точакот пред влез во зградата каде што работам еве неколку месеци и после два часа гледам некој седиштето мое старо две недели го извадил и го ставил неговото тврдо камен.Па мајку му до таму ли дошла работата и седишта да се крадат.Свашта.Ништо чудно во последно време мета да се баш точаците со оглед дека се повеќе и повеќе луѓе ги користат.
 
Ми немат крадено точак оти живеам во Штип(мал град одма ќе го најдеме крадецот) и особено го оставам во влезот, али единствен начин да не ви го украдат е да го врзете на две места, на рамката и на предното тркало и на рамката и на задното тркало, како на сликава.
locked_bike_large.png
А што ако ја извади целата жолта шипка? :)
 
Три точаци ми имаат собрано од влез-.- И тоа убави.. со шесто ланци и сајли на нив, не знам како -.-
Ќе си зеам нов сеа брзо, и дома ќе го чувам.. Среќа на први живеам, ама и тоа е замарање..
Шта чеш.
 
А да пробате со бајачка , некој ви фрлил нешо за да ви ги крадат нон-стоп :D

Смешно ти е брат ама не знаеш колку е болно покрај 5 точаци, на крај да зајмуваш од другари, за да идеш до негде ако ти треба, да завршиш небитна работа :)


Ама кажи, нели тоа е најдобро решение!
Ем ќе вежбаш бицепси и трицепси носејќи го по скали, ем точакот тука, при тебе а ти среќен и задоволен мирно ќе спиеш:)


Ти држи вода муабетот, нема збор :) Си ја начув лекцијата, после некоколку „паѓања“ :pos:
 
Ќе си зеам нов сеа брзо, и дома ќе го чувам.. Среќа на први живеам, ама и тоа е замарање..
Шта чеш.

Ставај одма решетки на тераса, што е сигурно сигурно е:D
 
Смешно ти е брат ама не знаеш колку е болно покрај 5 точаци, на крај да зајмуваш од другари, за да идеш до негде ако ти треба, да завршиш небитна работа :)





Ти држи вода муабетот, нема збор :) Си ја начув лекцијата, после некоколку „паѓања“ :pos:
Не ми е смешно , само 5 бицикли да ти украдат е многу , уште на првиот си требал поригорозна безбедносна мерка да преземеш;)
 
Ти држи вода муабетот, нема збор :) Си ја начув лекцијата, после некоколку „паѓања“ :pos:


Е па и ти, дада ако не ти каже, кој? ;)
Можам да замислам колку ти е тешко, затоа се надевам дека колку-толку ти помогнав. А и конечно да го прекинеме малерозниот низ на украдени точаци:D
 
А што ако ја извади целата жолта шипка? :)
а што ако воопшто не се разбудиме утре :eek:
па точак е, ако ја извадат нека ја вадат. не ке носи некој 100 метарски ланец за се околу точакот да го стегне
кога мора да се остаи некаде то е
 
Не ми е смешно , само 5 бицикли да ти украдат е многу , уште на првиот си требал поригорозна безбедносна мерка да преземеш;)


Касно сфатив дека живеам во ФИРОМ а не во Македонија :ROFLMAO:

Се мислев дека имаат усул, колку-толку :pos:
 
Не ми е смешно , само 5 бицикли да ти украдат е многу , уште на првиот си требал поригорозна безбедносна мерка да преземеш;)

Да, уште кога му го украдоа првиот, требаше под итно да отвори тема овде!

Остај што требало или не, тоа се завршени работи. Плус, има еден интересен феномен, сите знаеме дека се краде на мртво име и презиме, ама секој си вика: Нема баш мене тоа да ми се случи (општо зборам, не само за точаци илити велосипеди)!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom