Украдени точаци / Наоѓање крадени точаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Пеџо
  • Време на започнување Време на започнување

Пеџо

Фаличниот Ром
Член од
28 февруари 2013
Мислења
65
Поени од реакции
27
Возраст
29
Локација
here n' there
Пред саат време, приметив некој пак ми го дрпнал точакот од пред врата.
-Втор.
Ланец со дијаметар од 1.5 см, со внатрешни зглобови, со 4-цифрена комбинација, незнам као ми го хакнале `сефот`(некоја руска машинерија највероватно) али нека им служи точко`.
-Ами, у конфузија, имам неколку прашања кон вас драги велосипедосентиментални сограѓани...
-Ви имаат ли украдено точак (колку пати)?
-Знаете ли на кој начин?
-Полиција нешо аубау?
-Го имате ли најдено отпосле?

942113_321669167960521_1459617984_n.jpg


РИП
(Јуни 2012 - (за малце) Мај 2013)
 
Пробај гледај на пазар3 или на други места може ќе го препознаеш, обично ако се заклучени го вадат тркалото и го зимаат скелето, тоа е најлесен и наједноставен начин, пробај и во полиција ама не веруам дека ќе го најдат, едино они што прават е ги префарбуваат и ги шиткаат по други градови...Иначе шо пара го зема точаков? По сликава веруам дека е поскап од обичните.
 
Ми украдоа пристоен точак(Скот, 300 евра) претхдоната година баш овој период ми се чини, на вечерта на велигден, доле пред зграда.
Како незнам, веројатно некоја клешта што мука нема со синџири и слични ствари.
Пријавив во полиција и ми рекоа ''ако го видиш јави'' :facepalm:. Едино ако имаш некој во полиција па да се заангажираат малку, одма ке го најдат, знаат тие кои крадат точаци и знаат и кај се.
 
Драг пријател едино да си го најдеш е во шутка или пак да тркнеш во Вторник на Циган пазар под Кале ( Скопје ) таму 70 % си го наоѓаш но префарбан или пак изгребан рам :icon_mrgr:

Иначе до мене што се однесува незнам но да не заречам никогаш ми го немаат украдено бидејќи кај и да одам низ град кога го заклучувам гледам да го заклучувам каде што е прометно + камери да има ... а за дома се знае во подрум и амин :)
 
И секогаш кога го заклучувате не го заклучувајте за делови кои што лесно се отштрафуваат, како на пример тркало, седиште итн. Заклучувајте го дирекнто на една од 3те шипки од рамот, така неможат да го извадат, но можат да го скинат ланецот, али тоа потешко.
 
Провери на циганскиот пазар вторник и петок мислам дека беше преку вардар преку онаа кафанана на кеј жабар мислам дека беше ако го продава во Скопје гарант таму може да биде сепак провери си ти.
Све да им ибам и мене ми дрпнаа и тоа од гаража.не си единствениот
 
Мене до сега не ми украле, ама краден точак имам купено, т.с татко ми. Пред 9-10 години некаде, некој цигани за 1 000 ка краден full schimano му продале, до ден денеска е во возна состојба, само предниот бандаж незнам кај ми е...
 
Верувал или не, ни имаат украдено 5 точаци, семејно.

Едно пони, два обични брзинци да кажам и два Кетисајкл (ептен скапо платени пред 10 години, со диск преден ги земавме двата, бомбона беа). Едниот си го најдов пред пола година (руиниран), кај роми што живеат на 200 метри од мене и тоа сосема случајно. Успеав да го земам само затоа што имав пријатели во полиција. Иначе ќе останеше „ничија роба“. Нит на „пријателот“ ниту мој.

Ќе те викаат на препознавање во станица, ако ти е за колку да имаш точак, најди некој поасален (во станица на препознавање) и кажи дека тој е твојот и решена работа.

Поздрав и се надевам дека ќе ти го вратат.
 
На дивото пазарче под кале обично таму продаваат крадени работи , доколку го најдеш , скрши му на цигото едно ребро и од мене. Препечените веќе ни срам ни перде немаат , може да те украде сосе партали некој ден нема да го приметиш. Да има факултет на кој би не учеле како да крадеме и на истиот да дипломираме , џабе , препечениот ко шо ги знае форите за кражба никој друг. На сред бел ден ми има влезено дома кога имало дома човек , и украл злато во вредност од хххх евра , го најдоа препечениот , али златото ...
 
Ми немат крадено точак оти живеам во Штип(мал град одма ќе го најдеме крадецот) и особено го оставам во влезот, али единствен начин да не ви го украдат е да го врзете на две места, на рамката и на предното тркало и на рамката и на задното тркало, како на сликава.
locked_bike_large.png
 
Уф, кога го читам ова, мило ми е што немам точак...Сочувство, се надевам дека ќе го најдеш :(

Имате ли подрум? Таму може да се чува точак, иако не е гаранција дека нема да провалат, а и очигледно ве научиле, па сега како кој точак набавиш, тие го крадат.

Можеби најбезбедна опција е да се чува на балкон, под претпоставка да не си на приземје.
 
Уф, кога го читам ова, мило ми е што немам точак...Сочувство, се надевам дека ќе го најдеш :(

Имате ли подрум? Таму може да се чува точак, иако не е гаранција дека нема да провалат, а и очигледно ве научиле, па сега како кој точак набавиш, тие го крадат.

Можеби најбезбедна опција е да се чува на балкон, под претпоставка да не си на приземје.

Јас го чував во влез, пред врата, заврши украден. Па во подрум, исто тие завршија украдени.

Сега на раце до 4ти секој пат, па на тераса. :)
 
Ми немат крадено точак оти живеам во Штип(мал град одма ќе го најдеме крадецот) и особено го оставам во влезот, али единствен начин да не ви го украдат е да го врзете на две места, на рамката и на предното тркало и на рамката и на задното тркало, како на сликава.

Во Штип Кроте ако не е нема кој друг :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom