Сподели ги идеите

Иначе за книга имам една прочитано-tajne profesionalnih kladionicara-David Weisshaupt.
Што се однесува до стратегии мене искрено ептен ми помогна играта на членот олаф со играњето 1.5-1.6 коефициенти.
Иначе секогаш сингл сум играл и тоа гг3+.
уф колку имам за зборење на ваа тема

Ај на кратко неколку идеи ..
1. Играње на 2-5 коеф со уплати од 200-1000 денари дневно.
Ко шо вика насловот, си правиш коеф со 1-4 утакмици и ставаш сума колку што мислиш дека треба според тоа колку си сигурен во типовите. Највеќе сакам вака да играми вака ми се најчести тикетите. Дневно да земам по 300-500 денари профит , сум задоволен. Вака играм веќе 4 сезони, предходните 3 правев добар профит , ми се фаќаше 10.000 месечно од прилика да вадам , меѓутоа во последно време ме скина малер/црна серија/избрзано играње и секојден паѓам заради една и тоа најчесто на типови со двојна шанса или Т1/Т2 1+ , 2+ цела , 0-3 цела итн.. Или пак кога ќе паднам на некој тенисер/ка со 1.40 коеф ... Важно оваа стратегија ми се допаѓа почнуваш со малце , градеш банка и постепено го зголемуваш влогот и соодветно на тоа и добивката ( ако си добар и со малце среќа

).
2. Играње исклучиво сингл
Потенцијално многу профитабилна стратегија , но се бара поголема банка и поголема уплата. Вака играв пред 4 сезони и тоа најчесто ставав 1000-2000 денари на 1.50-2.00 коеф , многу ретко над 2.20 коеф. Целта ми беше двапати или трипати да бидам добитен дневно пример 1.50 коеф * 1000 денари = 500 денари профит , така двапати да фатиш дневно е солиден профит. Мислам дека тенисот вака дава најдобри резултати , пример денеска за сингл плачеа транвеститот Шиавоне со 1.50 и Шарапчето со 1.80 коеф. По 1000 ден на двете = 1.300 ден профит. Сосема солидно. Можеби повторно треба да си се вратам на оваа стратегија.
3. Анализирање утакмици и лиги
Е тука имав најголем успех. Со точни иформации и малку следење на одредени лиги лесно може да се профитира на овој начин. Вака играм веќе 2 сезони, држев и FB page одреден период
http://www.facebook.com/lovedamoney86 но се откажав поради недостиг на време. Турската лига , Бундеслига и Цвајтами беа најпрофитабилни. Од другите спортови WTA,ATP,NHL и NBA исто така ми беа профитабилни. Недостаток е тоа што анализирањето одзема многу време и често може да се случи да потрошиш и 7-8 саати дневно на анализирање и да падни само на една со гол примен во 96 мин ...
Важно е ментално и парично да бидеш спремен да издржиш дури и неколку месеци црна серија. Дисциплината е од големо значење. Многу често се случува да се игра се што има во понудата и тоа 95% од случаевите резултира со промашок и губиток на пари. Играј само тоа што треба да се одигра. Не биди алчен. Биди стрплив, не играј често public bets и најважно од се , немој да мислеш дека си попаметен од кладилниците ! Они секогаш победуваат,ретко кој излегол ко победник од оваа битка , па дури и тие шо мислете дека се победници , после одреден период го положуваат оружјето..
Значи сума сумарум , играј само тоа што го имаш на ум , следи ги лигите и новостите околу екипите кои сакаш да ги играш, не ставај на фавороти само оти се викаат Интер, Реал , Барса или оти мора да победат итн, не брзај , биди стрплив и уплаќа со пари кои можеш да си ги дозволиш , најубаво е да си имаш банка од која ќе вадиш пати само за коцкање. Се на се , коцкањето е склоп на ментална спремност , точни информации и правилно бирање на утакмиците ( во смисол на неиграње на сомнителни лиги ).
Имам уште некои размислувања, ко на пример играње на некои одредени системи , но не ми се целосно разработени

Ова вака на кратко е опфанато површно тоа што го имам замислено за спортското кладење.
