Микробранова

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување
Секој ден ја користам ќе сварам вода во него и за 2 мин ми е готов чајот, се подгревам во него..пица,макарони,манџа некоја ако имам мама направено и многу е ефикасно и за брзо време се загрева
 
Вреди... Се користи за брзо загревање на храна :))
Нормално, првите неколку месеци ќе ти биде мерак и се ќе „возиш“ низ неа. Ама со тек на време ќе ја користиш само за пуканки :)

Земи си некоја поефтина, најефтината. Исто ќе ти брка работа :)
Јас мислам дека за 2.400 ја земав мојата преку околу 2-3 години од Техномаркет и уште брка работа.

Важен совет:
Не стават метални работи и фолија во неа, освен ако не сакаш да започнеш пожар :)
Еднаш ставив ѓезве во натре... Бог да ми ја прости старата кујна :place:
 
@Chupacabras ѕирни го линков, има добри и брзи рецепти.
Немам припремано нешто посебно во микробранова, ја користам воглавно за брзо подгревање на млеко и вода за чај/нескафе и за одмрзнување на храна. Моите често и подгреваат храна пред јадење, ама јас избегнувам, некако различен вкус ми има храната кога е подгреана во микробранова и не ми се свиѓа, ама јас сум доста специфична кога се работи за тоа :свиркам: Иначе е ептен корисна направија :) И ко што ти кажа Acid, земи си некоја поефтина, скапите се со повише електроника и полесно се расипуваат, а иста работа вршат.
 
Микробраноав користев едниствено за тие пуканките што функционираат по амерички систем, го ставаш кесичето и за 2/3 мин. добиваш кеса со пуканки, ама после сфатив дека не се нешто најздрави и ги откажав :)
затоа ќе си земеш едни такви пуканки од амерички систем и кога ќе ги испукаш вреќичката чувај ја. после тоа си купуваш обични за 20 ден. мнооооооогу повеќе имаш и многу се поефтини. само ги ставаш во вреќичката, ја затвораш убаво ја виткаш и пак имаш здрави пуканки :D
 
затоа ќе си земеш едни такви пуканки од амерички систем и кога ќе ги испукаш вреќичката чувај ја. после тоа си купуваш обични за 20 ден. мнооооооогу повеќе имаш и многу се поефтини. само ги ставаш во вреќичката, ја затвораш убаво ја виткаш и пак имаш здрави пуканки :D
да, и ќе ја залепиш горе со уфо лепак?!:vozbud:
 
Секој ден се користи кај мене,буреци,соленки се иде у неа само ако ставаш у тањир,претходно купи си бел специјален за микробранова без никакви шари на него бидејќи тие боите пуштаа некоја материја од која се добиваат болести,пример рак..
 
Koristam za zagrevanje hrana, ali znaj deka go menuva vkusot na hranata mikrovalnata. Imash na google po-detalno zasto i kako.

Што е финтава со микровална наместо микробранова?

Сум приметил и други ја нарекуваат така.

Инаку ладни макарони со изрендан/о сирење/кашкавал одозгора и загреани во микробранова се врв! :)
 
Што е финтава со микровална наместо микробранова?

Сум приметил и други ја нарекуваат така.

Инаку ладни макарони со изрендан/о сирење/кашкавал одозгора и загреани во микробранова се врв! :)
Дијалект е микровална. Пример валови (српски) = бранови.
Иначе и ние ја користиме за иста намена (пуканки, подгревање на јадење, чај,...). Убаво ме потсетивте, за утре да си направам макарони со кашкавал :love:
 
А јас пак си направив нафора на некои начин така викаме се приготвува од вчерашен или завчерашен леб дробено врз керамички сад се разбира да е огноотпорно и тураш малку сиренце или урда потоа малце зејтинче и ќе се меша и бапни во микропечка на средна температура на околу 6-8 мин.а понекогаш 10-11мин во зависи колку е тврд лебот и се најадувам со јогуртче :D

патем: да напоменам најубаво се јаде на појадок никако вечера ;)
 
Кој не користи микробранова не знае шо е живот.
Секој ден ја користам.
-Загревање вода за чај/инстант кафе.
-Зовривање било каква течност 200мл/1-2мин.
-Одмрзнување месо.
-Загревање било какво јадење/манџа/суво.
-Леб со рендан кашкавал у микро = инстант стомачен оргазам, твоите влакна за вкус на јазикот ќе свршаваат
-Готвење кремвишли (ме мрзи да ги варам, ги печам у микро)
-Печење кикирики/сончоглед/семки било шо такво.
-Пуканки
итн итн
овие први на памет ми текнаа
 
Може и на рингла
На рингла е сосема друг вкус... и сосема други работи
На пример: Тенко сечен леп се остава да подгори на рингла, па се мачка маргарин и се ренда сирење
Истово може и во микро, но е сосема друг вкус - на рингла има вкус од подгорено
 
бранови=таласи=валови македонски, српски, хрватски
загревање пецива строго на тивко 40% јачина подолго време - нема да се прави камен
микро во комбинација со инфра грејач (традиционален) ги гори лепчињата исто ко у тостер.
рерната и микробрановата печка не се взаемно исклучиви туку се надоплнуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom