Микробранова

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм го немам пробано ова. Ама не ми излага поевтино. Пуканкиве од Кам се 3 паковања за 50 денари, така да ипак не се исплаќа да купуваш од обичните.

И уште нешто заборавив. ве читам на темава, сите правите пицички, кроасани, лебче со кашкавал. Јас еднаш пробав во микробранова да ставам парче леб (само по себе) и на 15 секунди ми се чини, и ич не излезе убаво. Меко едно, абе мислам ќе се растопеше. Има некоја финта или не смее да биде само леб, мора уште нешто?
Па не знам баш дали е исто, види во КАМ колку пари се само пуканките со грамажи спореди и ќе видиш дека нема шанси да испаѓа исто.

Иначе микробрановите имаат и за печење, ако ставиш на загревање тогаш лепчето ќе се направи како вода да, али имаш посебно подесување за печње и кај мене има како решетка плус. Иако и на мене ми е тешко да ги испечам баш, не сум успеал да ги погодам како што треба, така да ретко правам такви работи.
 
Не можам да дишам без мојава микробранова :giggle:дефинитно ја користам секој ден и си правев некој егзибиции затоа и ја расипав :D што ке ми текнеше се ставав во неа и ете цркна.:cuc: Но имам друга и ми дојде малку паметот сега повеке внимавам :cautious::giggle: Инаку најчесто си правам растопен кашкавал на леб, или со макарони и од горе ке изнарендам кашквал и кашкавалот целосно се растопува врз макароните мфф мфф(y) Исто така кога има сув леб си го топлам за да ми биде повкусен.
 
Прочитав горниот пост дека кремвришли може да се пече во микропечка ама проблемот е што има два вида микропечка едниот е класичен,а другиот е и со грил микропечка :D


Испратено од iPad 3 со Tapatalk HD
 
За сите шо сакат лебо да не им се раскашавува додек го топлат у микробранова, ставејте чаша/шоља со вода у неа... Лепчето ќе излезе крцкаво, а не кашаво... :-)
 
Пробај... :)
Ставеш лебо, и ставеш до него чаша/шоља со вода... Нема да излезе тегав/кашав.... :)
Јас дека плавуша,навистина пробав,и резултатот е помек леб не сум јадела:D
Едит..следно да пробам да направам помфрит? :свиркам:
 
Паметна работа ова микробраново чудо.Секакви експерименти да пробаш.Среќа уште е жива.


И не чекајте, пријавете се за кај Вучиќ во емисија за нова микробранова :vozbud:
 
Де кажи како ги праиш овие работи :D
За кремвишлите ги стаам класично од у тањирче без сребрени моменти пошо иначе диско ти се дешава у микрото, ги засекувам пошо иначе експлодираат и прскаат (ради начинот на печење со принцип на микробранови, се загреваат молекулите на вода во нив и експлодираат виршлите XD) и им рендам кашкавал одозгора, некое маслинче сецкано, кечапче, оригано e voila. Само не претерувај со мастрафот пошо нема да ти стигне топлината до вришлите и живи ќе се. Температура 100ка (мојата има од 20 до 100), време - од око.

За сончоглед/семки/бадеми шо и да е зрнесто, со влажни раце ги поминувам сите (у цедалка ги држам), као да месиш тесто поминуваш со рацете низ нив - ги притискаш, ги мешаш малце за да се намократ а да не се упијат вода ептен, ги солам дур се во цедалката и ги мешам да имаат на секаде сол, ги ставам во широк тањир во еден слој да се, да не се покриваат, и после правам дупка во средината на тањирот (таму да нема сончоглед/зрна) дијаметар 5-6 сантима пошто микрото има фокус во центарот и тие увек први горат а рестото ќе ти се живи и ќе ти смрди на запалено по дома. Температура исто 100ка, време - неколку пати по 1-2 минути, шо значи на секоја минута две, го запираш микрото, со лажиче ги мешаш низ тањир за да бидат рамномерно печени (дупката во средина не ја заборавај) и така дур не изгледаат убаво печени. Не се лажете да ги пробувате дали се печени дур се топли пошо ќе ви изгледаат живи и ќе ги изгорете после. Остајте да се оладат - ќе се покрцкави каде каде.
 
Мене ме интересира дали можи да се најде штраф за микробрановата??? Оној што се наоѓа во средината на садот од микробрановата и што го врти садот... Бидејќи при преселување се загина и сега садот не се врти и не ги прави работите како што треба...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom