Не се разбираме. Земаш една случка од серијава (еве оваа со Бран) и викаш Џејми не е храбар заради ова. Не го правдам заради она што го сторил пошто би било лудо, но земи ја предвид неговата ситуација. Малиот ќе кажеше, а кралот тогаш уште беше жив. Ќе излезеше куршлус, којзнае што ќе се случеше со неговите деца и колку и да звучи одвратно сестра му во која е заљубен. Да го џитнеше онака од чист ќеф, океј, ама има и други работи кои ја поттикнаа одлуката.
Не може врз основа на ова да кажеш не е храбар. Исто и со она за што го викаат „кингслеер“. Убаво кажа еден лик во серијата, некој морал да го направи она што го стори тој.