Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
21 април 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo momci redovno ve citam i bravo za idejata za timsko trcanje. Sakam da prasam dali nekoj od devojkite na forumov se spremaat za zenskata trka koja se odrzuva na cetirinaeseti april 1000m? Pa mislam deka mozeme i nie da se sobereme i da trcame timski. :)
--- надополнето: 21 април 2013 во 16:06 ---
Zdravo momci redovno ve citam i bravo za idejata za timsko trcanje. Sakam da prasam dali nekoj od devojkite na forumov se spremaat za zenskata trka koja se odrzuva na cetirinaeseti april 1000m? Pa mislam deka mozeme i nie da se sobereme i da trcame timski. :)
 
B

babsyy

Гостин
И секоја вечер сум на патека така што ако си за друштво пиши пп. Патем утре со Anon ќе трчаме на кеј, ќе почнеме од Влае. Ќе биде повеќе како трка , па ако има некој за нека се приклучи. :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
Sto e forava so online plakanje ? I normalno da ne znae nekoj dali moze so kesh da se plati,da ne se zamaram sea so gluposti...
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.798
Поени од реакции
2.366
НА другар ми се пријави тој не му стигна никаков повратен е-маилл..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
aj nekoj poinformiran neka spodeli,da ne gi zamaram moite so kreditni karticki i cuda
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
^ Ако сум во Скопје тој период, сигурно одам на трката. И секоја вечер сум на патека така што ако си за друштво пиши пп. Патем утре со Anon ќе трчаме на кеј, ќе почнеме од Влае. Ќе биде повеќе како трка , па ако има некој за нека се приклучи. :)
Прво, пишете колку планирате да трчате... Дали на 5км, дали на 21км или можеби 42км :)

Планираме да направиме „Кајгана тим“ за полумаратонската трка. Мислам дека тимовите за полумаратонот може да бидат и мешани (ќе прашам денес, па ќе пишам), може да бројат неограничен број на луѓе - меѓутоа како постигнат тимски резултат се смета просечното време на ТРОЈЦАТА НАЈДОБРИ трчачи. Значи, ако мислите дека сте „слаби“ не се обесхрабрувајте. Во никој случај нема да му наштетите на тимот, туку може само да му помогнете ако истрчате подобро :)

Ве молам, ако некој планира да трча во „Кајгана“ тимот да се пријави во темава и да ми испрати ПП со име/презиме.

aj nekoj poinformiran neka spodeli,da ne gi zamaram moite so kreditni karticki i cuda
Се плаќа при подигање на стартниот пакет, во кеш :)

Иначе, вчера мавнав добри 10.20км за 49 минути :)
http://runkeeper.com/activity?userId=15412003&trip=170650041&fb_source=feed_opengraph
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Ова е веќе нешто, без ни еден ден одмор... после ќе пробам ја 10ка да истрчам, доволно ми е под 60мин да бидам... ама не верувам :D
Неверојатно топло беше во неделата кога трчавме заедно, па вчера свежото време ми дојде како олеснување... Затоа и добар беше резултатот :)
 

Peterson15

A TryHard
Член од
20 мај 2012
Мислења
169
Поени од реакции
188
Јас сум пријавен за 5 километарска, така да нишо работа за тим билдинг да ме сметате :)
Ама нека ви е со среќа ;)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
48
Поени од реакции
14
Odlicno vreme ti e toa,jas 10,5 za 62 min .Jesda prv pat sezonava radi problemi so kolena..ali ima vreme do skopski :D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Имате фора до 30.04.2013 да се пријавите на полу(маратонот). Побрзајте :)

Име на маратонот
Скопски маратон 2013

Датум и време на одржување 12 мај 2013, 09.00 часот
Старт и Цел Стартот за сите трки е на улицата Димитрие Чуповски (во близина на Рекорд). Сите учесници треба да бидат на стартот најдоцна до 8.30 часот на 12 мај 2013. Целта на сите трки е на Плоштадот Македонија.

Покровители Град Скопје, Агенција за млади и спорт, Мисија на Европската Унија

Организатор Сојуз на спортови на Скопје

Ко-организатори Атлетска Федерација на Македонија и АК “Работнички” – Скопје

Помагатели Министерство за внатрешни работи, АРМ и Црвен Крст на Град Скопје.

Други учесници во организација Во организација на Скопскиот Маратон како и секоја година учествуваат и: Факултет за Физичка Култура, ДСУ М.М. Брицо, Јавните претпријатија на ГрадСкопје, Градски Планинарски Сојуз, Сојуз на спортски Федерации на Македонија, други Спортски здруженија, над 400 волонтери.

Адреса на организаторот
Сојуз на спортови на Скопје
ул. Ј.Х.Џинот бр.12 а
1000 Скопје, Македонија

Трки - 42.195 км - маратон / старт 09.00
Право на учество имаат лица постари од 18 години. Нема да биде дозволен настап на лица под 18 години на денот на трката. Се трчаат два круга низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 500 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски - 21.097 км - полумаратон / старт 09.00

Право на учество имаат постари од 16 години. Помладите од 18 години треба да имаат писмена согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 500 денари. Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски

- 5 км - хуманитарна трка за рекреативци / старт 09.04
Оваа трка е од масовен карактер наменета за сите граѓани. Се трча еден круг низ улиците на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува 250 денари. Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во упатството за пријавување. Категории:машки и женски

- 500 метри (за основни училишта) / старт 09.06 Скопскиот Мини Маратон е трка од масовен карактер наменета за учениците од 5-то и 6-то одделение од основните училишта од Скопје. Пријавување за оваа трка ќе се врши преку основните училишта и сите учесници треба да имаат писмена согласност од родителите. Категории:машки и женски

Пријавување Пријавувањето за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри ќе се врши со пополнување на он-лине формулар на веб страната на маратонот

Рокови за пријавување Рок за пријавување за учество во маратонот, полумаратонот и трката на 5000 метри:
- за маратонот најдоцна до 30 април 2013
- за полумаратонот најдоцна до 30 април 2013
- за трката на 5000 метри најдоцна до 8 мај 2013

Освежитлни станици Ќе има осум (8) освежителни станици низ целата должина на патеката на маратонот и полумаратонот, со потребните количини на вода и лимун, и една (1) на трката на 5км.

Прва помош Прва помош ќе има на четири места на патеката, а во движење низ целата должина на патеката ќе има и неколку возила со медицински персонал. Исто така докторска екипа ќе има и на целта на патеката.

Стартен пакет Стартен пакет ќе добијат учесниците во маратон, полумаратон и трката на 5000 метри, кој ќе се состои од следните работи: маица со логото на трката, стартен број и програма за трката.
Стартниот пакет ќе се подига во Сојуз на Спортови на Скопје (тел: +389 2 3228624), на 9 и 10 мај од 10.00 до 19.00 часот, и на 11 мај од 10.00 до 17.00 часот. На истото место ќе се наплаќа и котизацијата.

Награден фонд Во трката 5000 метри најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат стокови награди. Во маратонската трка најдобрите 7 во машка и 5 во женска конкуренција ќе добијат парични награди. Парични награди ќе добијат и најдобропласираните домашни натпреварувачи во маратонската трка. Во полумаратонската трка најдобрите 3 во машка и женска конкуренција ќе добијат парични награди.

Времетраење
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите во трката на 5000 метри треба да стигнат до целта е 1 час по почетокот на трката. После рокот на натпреварувачите на 5000 метри нема да им биде дозволено да ја поминат целната капија.

Временскиот интервал за којшто натпреварувачите од маратонската и полумаратонската трка треба да стигнат до целта е 5 часа по почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат отстранети од патеката.

Покровители
Коце Трајановски - Градоначалник на Град Скопје
Аиво Орав - Шеф на Делегацијата на Европската Унија
Лазе Поповски - Директор на Агенција за млади и спорт
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Вчера малце експериментирав, 90% трчање - 10% брзо одење. 14.15км за 01:47, вклучувајќи одмори за вода, и еден 4-5 минутен застој/ Споро е, ама ќе се поправи деновиве.
Чудно што после 11км ми беше многу полесно за трчање, не знам зашто... Првите 3-4км ми се кризни-.-
Можев уште многу да трчам вчера ама немав време. Концидија имам, ама десната нога ме зеза нешто. Планирам чет-пет накај водно нагоре по козјите да се качувам, да се зајакнат нозете малце./

http://sportypal.com/Workouts/Details/3077974

п.с. Што јадете / пиете за енергија ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom