Црно-бело ризец Храбар дали со оваа теорија и доколку падне Членот 28, став3, би можело да се организира Референдум за враќање на т.н. Законот за децентрализација (односно старите граници на општините) од пред 2004 година ?
Прво треба да се поднесе иницијатива за исоитување на уставноста на членот 28 став 3, и доколку истиот падне, тогаш ќе нема никакви пречки за оргамизирање на референдум.
--- надополнето: 18 април 2013 во 00:43 ---
Не е против уставен. Овие прашања за припадниците на заедниците се уредени со амандманите (од 1-33), така да, лим со тоа мнозинство одлучува Собранието, тогаш не може за тие прашања да има референдум.
Да, точно е дека има одреден парадокс помеѓу чл. 2 и Амандман XVI од Уставот, но јас сепак сум на мислење дека во конкретниов случај ние требе цврсто да се држиме кон меѓународно воспоставениот статус на институтот СУВЕРЕНИТЕТ, во кој што се прави јасна разлика помеѓу:
А) СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен во РЕФЕРЕНДУМСКОТО одлучување, и
Б) СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен преку пратениците во собранието.
Во Меѓународното право и во сите развиени демократски држави СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен во РЕФЕРЕНДУМСКОТО одлучување има поголема правна сила и моќ од СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен преку пратениците во собранието.
Во развиените демократски држави СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен во РЕФЕРЕНДУМСКОТО одлучување, се смета како нај врвен дострел во развојот и примената на современата демократија.
Инаку АМАНДМАН XVI, гласи:
1. Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со дво третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Законите за локално финансирање, локални избори, општинските границии, за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.