Толкување на член од Законот

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ми треба Ваше мислење, дали Членот 28, став 3 од Закон(от) за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е Уставен или постои можност да биде оспорен, односно укинат од Уставниот суд на Република Македонија.
Еве го Член(от)28, став(от)3:

Очекувам објективно мислење. Благодарам однапред.

ps: ако има некоја слична тема, или пак не е местото овде, слободно преместете
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Да се распише референдум за укинување на членот 28, па после да се распише рефернедум за прашање за кое собранието одлучува со мнозинство.....
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Да се распише референдум за укинување на членот 28, па после да се распише рефернедум за прашање за кое собранието одлучува со мнозинство.....
Не јас прашувам дали може да падне овој член, со што потоа би можело да се даде на Референдум т.н. Закон за децентрализација, со што Струга, Кичево и некои други повторно би биле со мнозинство етнички Македонци. Но како што реков, идејава ја кочи Членот 28, став 3.
Повторно прашувам, дали со ова се загрозуваат правата на граѓанинот загарантирани со Устав, за да го искаже своето мислење преку Референдумско прашање ?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Ова се прашања кои се регулирани со Амандманите 10 и 12 од Уставот.
Еве како гласат тие Амандмани
А М А Н Д М А Н X
1. Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот
број пратеници. Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници,
а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено
посебно мнозинство.
2. За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието,
личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство
гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од
присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република
Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот за
односи меѓу заедниците.
3. Со овој амандман се заменува членот 69 од Уставот на Република Македонија.
А М А Н Д М А Н XII
1. Собранието основа Комитет за односи меѓу заедниците.
Комитетот го сочинуваат 19 члена од кои по седум члена од редот на пратениците во
Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци,
Власи, Роми, Срби и Бошњаци. Доколку некоја од заедниците нема пратеници,
народниот правобранител, по консултации со релевантните претставници на тие
заедници, ќе ги предложи другите членови на Комитетот.
Собранието ги избира членовите на Комитетот.
Комитетот разгледува прашања од односите меѓу заедниците во Републиката и дава
мислења и предлози за нивно решавање.
Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да
донесе одлука во врска со нив.
Во случај на спор во врска со спроведување на постапката за гласање во Собранието,
утврдена во членот 69 став 2 Комитетот одлучува, со мнозинство гласови од членовите,
за тоа дали ќе се спроведе постапката.
2. Со точката 1 на овој амандман се заменува членот 78 од Уставот на Република
Македонија и се брише алинејата 7 на членот 84 од Уставот на Република Македонија.
 
Член од
16 април 2013
Мислења
19
Поени од реакции
53
Против уставен е!!!

Членот 2 од Уставот на Р.Македонија гласи:

Во Република Македонија „СУВЕРЕНИТЕТОТ“ произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

А дефиницијата за “СУВЕРЕНИТЕТ“ гласи;

СУВЕРЕНИТЕТ пртставува право на врховна власт над одреден географски регион - држава.

Следствено, правејки компаративно анализа на членот 2 од Уставот на РМ и Дефиницијата за Суверенитет, од една страна, и членот 28 ст. 3 од законот за Референдум и други облици на непосредно изјаснување, може да се заклучи дека чл. 28 ст. 3 од законот за Референдум и други облици на непосредно изјаснување, Е ВО ДИРЕКТНА СПРОТИВНОСТ, со дефиницијата за СУВЕРЕНИТЕТ, а со тоа и со членот 2 од уставот на Р.Македонија.

Школски разјаснето:
Дефиницијата за СУВЕРЕНИТЕТ има 2 елементи, и тоа;
- Правото на Врховна Власт, и
- Употребата на таа Власт над одредена област - држава.

Ако правото на Врховна Власт, само по себе подразбира ПРАВО на слободно одлучување за сите прашања во одредената област - државата, а при тоа тоа право му е доделено со СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот (член 2 од Уставот на РМ), тогаш што би го спречило народот да организира РЕФЕРЕНДУМ за било кое прашање во државата?!!!

п.с. Уставот е највисок правен акт во државата. Законот за Референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е под него.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Не е против уставен. Овие прашања за припадниците на заедниците се уредени со амандманите (од 1-33), така да, лим со тоа мнозинство одлучува Собранието, тогаш не може за тие прашања да има референдум.
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Црно-бело ризец Храбар дали со оваа теорија и доколку падне Членот 28, став3, би можело да се организира Референдум за враќање на т.н. Законот за децентрализација (односно старите граници на општините) од пред 2004 година ?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
...а суверенитетот е претставен во Собранието, преку избрани претставници.
Не може да се смени, затоа што за такви прашања не е дозволен референдум. Исто како Стојанче кога бараше да се мења Талат. Не може.
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
...а суверенитетот е претставен во Собранието, преку избрани претставници.
Не може да се смени, затоа што за такви прашања не е дозволен референдум. Исто како Стојанче кога бараше да се мења Талат. Не може.
А може ли граѓанин или треба некоја организација треба да испрати предлог Амадмани.
Според мене ако неможе да се организира Референдум или ако не биде успешен, плаинрам да дадам предлог Македонски Брод да се припои со Кичево, а Вевчани и уште една беше со Струга, со што би биле повторно општини со мнозинство МАКЕДОНЦИ! Дали е изводливо ова ?
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
а во времето кога се реализираше референдумот во 2004 овој закон не беше донесен или ...? што е сменето, што е разликата пак да се организира референдум ...
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
а во времето кога се реализираше референдумот во 2004 овој закон не беше донесен или ...? што е сменето, што е разликата пак да се организира референдум ...
Законот за Референдум е донесен (или изменет) во 2005 ако не се лажам. Очигледно е дека е интегриран бадентерот, односно проколнатиот охридски (терористички) договор.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
А може ли граѓанин или треба некоја организација треба да испрати предлог Амадмани.
Според мене ако неможе да се организира Референдум или ако не биде успешен, плаинрам да дадам предлог Македонски Брод да се припои со Кичево, а Вевчани и уште една беше со Струга, со што би биле повторно општини со мнозинство МАКЕДОНЦИ! Дали е изводливо ова ?
Не можеш ти да дадеш предлог за припојување, за тоа постои закон. Ако е така, ајде ја ќе даам предлог Скопје да се припои со Велес и Битола по цела вертикала, нема логика.
Уредени се општините, а за тоа со Струга и Кичево, тоа е политичка одлука, ама тоа е, неправда која одамна е наложена од надвор.
Прво во тој закон кој го споменуваш прочитај за Граѓанска иницијатива, и ќе ти стане јасно.
 
Член од
16 април 2013
Мислења
19
Поени од реакции
53
Црно-бело ризец Храбар дали со оваа теорија и доколку падне Членот 28, став3, би можело да се организира Референдум за враќање на т.н. Законот за децентрализација (односно старите граници на општините) од пред 2004 година ?
Прво треба да се поднесе иницијатива за исоитување на уставноста на членот 28 став 3, и доколку истиот падне, тогаш ќе нема никакви пречки за оргамизирање на референдум.
--- надополнето: 18 април 2013 во 00:43 ---
Не е против уставен. Овие прашања за припадниците на заедниците се уредени со амандманите (од 1-33), така да, лим со тоа мнозинство одлучува Собранието, тогаш не може за тие прашања да има референдум.
Да, точно е дека има одреден парадокс помеѓу чл. 2 и Амандман XVI од Уставот, но јас сепак сум на мислење дека во конкретниов случај ние требе цврсто да се држиме кон меѓународно воспоставениот статус на институтот СУВЕРЕНИТЕТ, во кој што се прави јасна разлика помеѓу:

А) СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен во РЕФЕРЕНДУМСКОТО одлучување, и
Б) СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен преку пратениците во собранието.

Во Меѓународното право и во сите развиени демократски држави СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен во РЕФЕРЕНДУМСКОТО одлучување има поголема правна сила и моќ од СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен преку пратениците во собранието.

Во развиените демократски држави СУВЕРЕНИТЕТОТ на народот олицетворен во РЕФЕРЕНДУМСКОТО одлучување, се смета како нај врвен дострел во развојот и примената на современата демократија.

Инаку АМАНДМАН XVI, гласи:
1. Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со дво третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Законите за локално финансирање, локални избори, општинските границии, за градот Скопје, се донесуваат со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom