После две години откако беше поднесена иницијативата за преиспитување на уставноста на член 28 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, Уставниот суд се произнесе.
Секако немало основаност за да се прогласи ова противуставно и покрај тоа што некои овде веќе се изнесоа поинаку.
Уставен ја отфрли иницијативата на Ангелов за референдум
Две години по поднесувањетоа Уставниот суд ја отфрли како неоснована иницијативата за референдум која ја поднесе лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов. Иницијативата се однесуваше на четири прашања за кои се бараше спроведување на референдум помеѓу кои и за Законот за амнестија.
Во 2012 Уставниот суд ја отфрли и иницијативата на семејствата за преиспитување на автентичното толкување на законот за амнестија со кој беа затворени хашките случаи.
Од нив најдалеку во судска проведура од хашките предмети стигна Мавровски работници.
Насер Рауфи еден од адвокатите кој што ги застапувал обвинетите во предметот вели дека тогаш обвинението не било целосно комплетирано па сосема оправдано според него е што било повлечено.
И додека семејствата побараа предметите повторно да се отворат откако опозициската СДСМ објави телефонски разговори од наводни договарања за амнестијата на хашките случаи, остатоци од 4 тела пронајдени во 2001 во гробницата во Непроштено се чуваат складирани во Институтот за судска медицина.
За вештаците дилемите се расчистени уште пред неколку години – станува збор за телата од вкупно 12 Македонци кои беа киднапирани во реонот на Тетовско за време на кофликтот. И покрај потврдената идентификација никое од семјствата до сега не дошло да ги подигне останките.
Дел од експертите пак беа децидни дека овие тешки кривични дела никогаш не застаруваат и според сите меѓународни норми, за нив не може да важи амнестија.
Извор:
24 Вести
Секако, јас не се интересирав до толку за останатите референдумски прашања колку тоа за враќањето на територијалната поделба од пред 2004.
За жал, ова е уште еден доказ дека Уставниот суд не е за таа функција за која треба да биде, туку е партиски, како што веќе и заклучивме во една дебата на факултетот (политички студии).